Спорт
Чави: Ова не смее да се повтори

Барселона не успеа да ја победи Мајорка во седмото коло. Избраниците на Чави, не успеаја да го повторат пресвртот што го направија против Селта. На крајот Каталонците мораа да се задволат со еден бод, мечот заврши 2:2.
„Проблемот е што ни дадоа голови по наши грешки. Тоа не смее да се повтори. Имавме добри шанси, но поради страшни грешки не победивме. Премногу брзавме, ни недостасуваше трпение. Се беше во ред до примениот гол, по што почнавме да брзаме. Да ги искористевме приликите ќе го сменевме текот на натпреварот, тоа е причината поради која загубивме два бода. Минатата сезона заедништвото во одбраната и концентрацијата ни дадоа огромна сила“, изјави разочараниот тренер на Каталонците.
Foto/ EPA
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Де Хеа на пат кон Њукасл

Давид Де Хеа шест месеци е без клуб. Манчестер јунајтен не му го продолжи договорот, а Де Хеа, во летниот преоден рок не прифати ниту една понуда, а ги имаше неколку. Финансиски најдобри беа оние од Саудиска Арабија.
Англиските медиуми тврдат дека 33-годишниот голман би можел да се врати во Премиер лигата, во Њукасл.
„Страчките“, во саботата против Манчестер јунајтед, остнаа без првиот голман Ник Поуп. Претпставките се дека Поуп го очекува подолга пауза.
Екипата на Сент Џејмс Парк во своите редови ги има Мартин Дубравка и Лорис Кариус, но менаџерот Еди Хау верува дека Де Хеа сепак може да донесе многу повеќе во преостанатиот дел од сезоната.
Наводно тој веќе побарал од клупските челници да стаат во контакт со 33. годишниот голман.
Како слободен играч, Де Геа може веднаш да потпише договор и нема потреба да го чека јануарскиот преоден рок.
Де Хеа од 2011 до 2023 година одигра 545 натпревар за Манчестер јунајтед .
Спорт
(Видео) Суарез во солзи се прости од Гремио

Луис Суарез во солзи се прости со навивачите на Гремио. Легендарниот Уругваец го постгна единствениот гол во победата на Греми над Васко де Гама.
Суарез се сели во Интер Мајами, за Гремио одигра 52 натпревари, постигна 27 гола.
„Испиша прекрасно поглавје во нашата историја. Каде и да си, засекогаш ќе бидеш бесмртен“, напиша Гремио.
GRACIAS, @LuisSuarez9 🥹🇪🇪 Um capítulo lindo de nossa história foi escrito por ti. O 4º maior artilheiro em atividade do mundo deixou a sua marca 27 vezes com nosso manto. Onde estiver, serás para sempre IMORTAL! 💙 pic.twitter.com/gtcy7aLshE
— Grêmio FBPA (@Gremio) December 4, 2023
Суарез во Интер ќе игра со својот голем пријател Меси и поранешните соиграчи од Барселона, Бускетс и Алба.
Уругвајската легенда ќе потпише едногодишен договор со Интер со опција за продолжување на договорот за 2025 година.
Mais um abate para o Pistolero. 🔫
💪🏽⚽️🇪🇪 #GRExVAS #Brasileirão2023 pic.twitter.com/hP9Keuf4oo
— Grêmio FBPA (@Gremio) December 4, 2023
Спорт
Незадоволство во Наполи: Чувствуваме дека сме ограбени
„Чувствуваме дека не ограбија, тоа е единственото нешто што може да се каже по вакво судење“, изјави претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис по домашниот пораз од Интер (0:3).
Клубот од Милано со победата во Неапол се врати на првата позиција на табелата со 35 поени, Наполи се петти со 11 поени помалку од лидерот.
„Судијата Давиде Маса немаше своја вечер. Тој направи неколку клучни грешки, сите на наша штета. Тоа влијаеше на резултатот“, изјави првиот човек на Наполи и воедно ги повика челниците на италијанскиот фудбал и судискиот комитет да реагираат на случувањата на стадионот „Диего Марадона“.
Во исто време, Де Лаурентис му забрани на новиот тренер на неговиот тим Валтер Мацари воопшто да се појави пред новинарите бидејќи според него, новиот тренер на клубот од Неапол бил уште полут од него по судењето на дерби натпреварот.