Спорт
Дортмунд сака да се врати Санчо

Борусија Дортмунд сериозно ја разгледува можноста во зимскиот преоден рок да го врати во тимот играчот на Манчестер јунајтед Џејдон Санчо, пренесуваат германските медиуми.
Во 2021 година, Борусијаим го продаде Санчо на „црвените ѓаволи“ за 90 милиони евра. Пред неколку месеци Санчо се скара со менаџерот, Ерик Тен Хаг, кој изјави дека англискиот фудбалер не не се трудел на тренинзите.
Санчо го навреди Тен Хаг на социјалните мрежи, но по неколку дена ја избриша својата објава. Сепак, англискиот фудбалер одби да му се извини на Тен Хејг, кој му забрани на Санчо да тренира со првиот тим, а пред два дена клубот му забрани да влегува во просториите кои ги користат играчите на рпвиот тим, вклучувајќи ја и мензата.
„Билд“, пренесува дека челниците на Борусија се заинтересирани да го вратат Санчо во Дортмунд. За Борусија одигра 137 натпревари и постигна 50 гола со 64 асистенции.
„Челниците на Борусија се загрижени поради однесувањето на Џејдон, а особено неговото играње видео игри до доцна наутро, поради што тој веќе неколку пати доцнеше на тренингот на Јунајтед“, изјави за „Билд“ извор близок до челниците на клубот.
Манчестер јунајтед наводно бара 60 милиони евра отштета за Санчо, кој за клубот од „Олд Трафорд“, одигра 82 натпревари и постигна 12 голови.
Foto/ EPA
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Интер испадна од клускиот Мундијал

Фудбалерите на Флуминенсе направија изненадување победувајќи го фаворизираниот Интер со 2:0 и се пласираа во четвртфиналето на Светското клупско првенство.
Интер доживеа шок во четвртата минута кога Херман Кано со глава шутираше ниско во средината на голо и го совлада Јан Зомер.
Победата бразилскиот тим ја потврди во судиското надополнување, во 93.минута, стрелец беше Херкулес.
Спорт
Турците се задоволни од Монтела

Италијанскиот стручњак Винченцо Монтела ќе остане тренер на турските фудбалери до јули 2028 година, објави Фудбалската асоцијација на Турција (ФСТ).
Според ФСТ, Монтела (51) потпишал нов договор и се обврзал на нелојалност до крајот на Европското првенство во 2028 година.
Монтела седеше на клупата на Турција во 2023 година, а на претходното Европско првенство ја водеше екипата до четвртфиналето.
Турција го очекува почетокот на квалификациите за Светското првенство 2026 во септември.
Екипата на Монтела е во групата Е, во која се и Шпанија, Грузија и Бугарија. Победникот од групата ќе обезбеди директно место на Светското првенство, додека второпласираната селекција ќе оди во плејофот.
Спорт
Еванс ја заврши кариерата, доби интересна работа во Јунајтед

Џони Еванс ја заврши својата 20-годишна играчка кариера и се пресели од теренот во канцеларијата.
Долгогодишниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, но и на бројни други клубови (Лестер, Сандерленд, ВБА) ќе ги извршува своите должности во клубот од Олд Трафорд, а неговиот опис на работното место ќе вклучува работа со млади играчи.
Тој ќе соработува со директорот на клубот Џејсон Вилкокс и директорот на академијата за подобрување и развој на младите играчи. Неговиот фокус ќе биде испраќање играчи на позајмица.
Во два периода во Манчестер, Еванс одигра вкупно 241 натпревар за „Црвените ѓаволи“.
Учествуваше во освојувањето на Лигата на шампионите и три титули во Премиер лигата, сите под водство на Сер Алекс Фергусон.
За репрезентацијата на Северна Ирска одигра вкупно 107 натпревари.