Спорт
„Се надевам дека во реваншот ќе имаме подобри судии“

Рома доживеа уште еден пораз од Бодо/Глимт во Конференциската лига. Норвежаните, синоќа, победија со 2:1 во првиот четврт-финален натпревар. Сезонава Бодо/Глимт два пати ја победија Рома, еден натпревар заврши нерешено.
И покрај поразот и фактот дека Рома сè уште нема победа над Бодо/Глимт, тренерот на „волчицата“, Жозе Мурињо смета дека неговиот тим е фаворит за пласман во полу-финалето.
„Јасно е дека Бодо/Глимт е тежок противник, но верувам дека во реваншот ќе имаме подобри судии. Во две акции ни судеа офсајди, кои не постоеја. Еднаш судијата покажа офсајд и покрај тоа што топката беше фрлена од аут. Јасно е на кое ниво беше судењето“, рекол Мурињо. Проблем за Португалецот е повредата на Манчини.
„Ме загрижува неговата повреда. Се повреди поради пластичниот терен, тука ние немаме контрола. УЕФА дозволи да се игра на вакви терени, тука ништо не можеме да направиме“, заклучил Португалецот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Матиќ до навивачите на Јунајтед: Продолжете да навивате и да верувате во тимот

Немања Матиќ, пред заминувањето од „Олд Трафорд“ им прати порака на навивачите на Манчестер јунајтед, велејќи им да продолжат да го поддржуваат тимот уверувајќи дека фудбалерите го даваат својот максимум.
Српскиот фудбалер од средниот ред ќе замине како слободен агент, но се надева дека клубот ќе види подобри денови во иднина, откако оваа сезона ја завршиј без трофеј и без место во ЛШ со најмалку освоени поени во Премиерлигата.
„Знам дека имавме неколку тешки сезони, но сакам навивачите да знаат дека на тренинзите и на натпреварите го даваме нашиот максимум и Јунајтед ќе се врати. Ќе биде потребно време, но Јунајтед сигурно ќе се врати. Продолжете да го поддржувате тимот и останете заедно. Фановите препознаа дека го давам максимумот на теренот, но и надвор од фудбалот сакам да бидм пример. Да се биде фудбалер на Манчестер јунајтед значи многу“, вели 33-годишниот Матиќ.
Спорт
Елмас меѓу гостите на прошталната забава на Лоренцо Инсиње

Лоренцо Инсиње вчера вечерта организирал проштална забава во Неапол, на која беа неговите соиграчи, вклучувајќи го и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, како и неколку легенди на клубот, како Фабио Канаваро.
30-годишниот Инсиње ќе го напушти Наполи на крајот на сезоната, откако веќе потпиша договор со МЛС клубот, Торонто ФЦ. Во неделата тој го играше својот последен меч пред домашна публика, по што имаше голема забава со браќата Канаваро, и дел од неговите соиграчи, вклучувајќи ги Елмас, Дрис Мертенс и Калиду Кулибали.
Спорт
Амнести Интернешнл бара 440 милиони долари од ФИФА за работниците во Катар

Организацијата за човекови права, Амнести Интернешнл (АИ), побара од ФИФА да одвои 440 милиони долари компензација за мигрантите кои ги градеа стадионите за Светското првенство во Катар.
АИ е во кампања против ФИФА по одлуката да се додели организацијата на најелитното светско натпреварување на Катар, поради човековите права во оваа земја, а посебно правата на илјадниците работници-мигранти кои работеа на инфраструктурата. Според нивните проценки, во последните 12 години, „стотина илјадници мигранти“ биле експлоатирани и држени во заложништво.
„Со доделувањето на првенството на Катар без да се обезбедат гаранции за работничките права, ФИФА придонесе за злоупотреба на човековите права. Ова значи дека ФИФА сега мора да обезбеди компензација за сите нарушувања на работничките и човековите права на луѓето кои ги градеа стадионите, улиците и хотелите за турнирот. ФИФА треба да резервира минимум 440 милиони долари од наградниот фонд за турнирот за работниците. Ова е мала сума бидејќи ФИФА ќе заработи 6 милијарди долари од турнирот, а им и финансиски резерви од над 1.6 милијарди долари“, велат од АИ.