Спорт
Се помалку пари за лекување на Шумахер – продаваат имот кај Женевско езеро

Легендарниот Формула 1 возач Михаел Шумахер подалеку од очите на јавноста се опоравува од страшната несреќа што го снајде при скијање во 2013 година, а како тече рехабилитацијата знаат само докторите и неговото семејство.
Германските медиуми денеска излегоа со информација дека поради високата цена на лекувањето на Михаел, неговата сопруга Корина одлучила да го продаде луксузниот имот на кој планирале со Ф1 шампионот да живеат по неговото пензионирање.
Во близина на познатото Женевско езеро (Швајцарија) се наоѓа нивниот „дворец од бајките“ кој го купиле додека Михаел ја чекал петтата своја титула.
Информациите се дека по несреќата на Шумахер неговата сопруга речиси и да не доаѓа на ранчот кој се простира на над 20.000 квадрати, а него повремено го користат само членовите на обезбедувањето на семејството Шумахер.
Имотот се продава за 5,87 милиони евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Лука Тони: И јас бев себичен, но не се однесував како Роналдо

Светскиот првак со Италија во 2006 година, Лука Тони, е еден од оние кои најчесто го критикуваат Кристијано Роналдо.
Тони, не го намалува влијанието кое го има Роналдо врз тимот, но смета дека на теренот треба да се однесува со повеќе почит кон соиграчите.
„Постигнува многу голови, водечки е стрелец и тоа многу му значи на тимот, но не сум импресиониран од неговиот став на теренот, од тоа како се однесува кон соиграчите. И јас бев себичен додека играв, но и кога не постигнував голови, останував на теренот да ги прославам победите. Знаев да го потиснам разочарувањето“.
Лука Тони најголемите резултати ги постигна како играч на Баерн Минхен.
Кристијано Роналдо е водечки стрелец во Серија А со 25 гола. Вкупно за Јувентус постигнал 97 гола на 126 натпревари.
Спорт
Пукна тиквата помеѓу Перез и Рамос, капитенот го напушта Реал

Серхио Рамос, по завршувањето на сезоната, по 16 години, ќе го напушти Реал Мадрид, тврди „Ел Чирингито“.
Новинарот на овој медиуми, Џосеп Педрерол, вели дека Рамос ја одбил и последната понуда на Реал. Договорот на капитенот истекува по завршувањето на сезоната.
Откако ја одбил понудата, првиот човек на Реал, Флорентино Перез, му соопштил на Рамос дека клубот нема да смета на него наредната сезона, а фудбалерот му возвратил дека ќе го напушти клубот.
Педрерол тврди дека вака се одвивал разговорот.
„Ќе мораме да ја планираме сезоната без тебе“, рекол Перез, а Рамос му одговорил.
„Во ред, нека биде така“.
🚨 EXCLUSIVA de @jpedrerol 🚨
▶ "Cuando RAMOS rechazó la oferta del R. MADRID…,
🗣️ FLORENTINO le dijo: 'Tendremos que PLANIFICAR la temporada SIN TI…'
💣 Y RAMOS le contestó: 'HACEDLO'". #ChiringuitoRamos pic.twitter.com/97r8bwkhg8
— El Chiringuito TV (@elchiringuitotv) April 14, 2021
Спорт
Почина поранешниот репрезенативен голман Гоце Груевски

Гоце Груевски, поранешен голман на македонската репрезентација, почина во Австралина на 46-годишна возраст. Веста за смртта на Груевски на социјалните мрежи ја објави неговиот клуб Престон Лајонс. Не се познати причините за смртта на поранешниот голман.
Груевски во кариерата настапувал за Победа, Слога југомагнат, Работнички, Беласица и Вардар. Кариерата ја завршил во 2009 година во Престон лајонс.
За Македонија бранел на осум натпревари во 2000 и 2001 година.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника2 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија2 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија2 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш