Спорт
Синот на Ленс Армстронг обвинет за силување малолетничка

Лук Армстронг, синот на велосипедистот Ленс Армстронг, кому му беа одземени рекордните седум титули од Тур де Франс поради допинг, е уапсен во Тексас поради силување малолетничка, објавуваат американските медиуми.
Според информациите на ТВ-станицата КСКАН, тогаш 18-годишниот Лук Армстронг силувал 16-годишна девојка на забава во Остин во март 2018 година, а девојката го пријавила тоа дури во ноември 2020 година. Жртвата на полицијата ѝ изјавила дека биле во алкохолизирана состојба и дека тој со нејзиниот камион ја однел во куќата на татко му, каде што ја силувал.
Адвокатот на Армстронг ги демантира обвинувањата тврдејќи дека Лук Армстронг и девојката биле во врска неколку месеци пред инцидентот и додава дека семејството собира докази.
Ленс Армстронг беше сметан за најдобриот велосипедист во историјата откако го надмина ракот на тестисите за седум пати да триумфира на Тур де Франс, но потоа и самиот призна дека зел недозволени средства по што титулите му беа одземени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
МЗТ со победа ја завршија сезоната во АБА 2

Кошаркарите на МЗТ со победа ја завршија сезоната во АБА 2 лигата. МЗТ, во вториот четврт-финален натпревар, забележа победа над Младост од Земун со 92:86. Победата не беше доволна за да се анулира предноста од 75:95, која ја стекна Младост по првиот меч.
Надежите на МЗТ, дека ќе можат да направат сензација и да ја надополнат негативата од 20 поени, пропаднаа по првите 10 минути во реваншот, по кои Младост стекна предност од 11 поени (20:31).
МЗТ се вратија во мечот во вториот период со 26:14 и на полувреме имаа водство 47:43.
Во второто полувреме, МЗТ најчесто ја имаше предноста, но таа се движеше од два до пет поени. Младост успешно го контролираа натпреварот, не дозволувајќи им на своите противници да направат некоја посеризна серија.
Гравет и Карачиќ, односно Олуџоби со 17 поени беа најефикасни кај МЗТ. Олуџоби имаше девет, а Карачиќ осум скока.
Кај Младост Гумболт постигна 14 поени, а дури петмина играчи забележаа по 10 поени.
Спорт
Дембеле повторно се повредил

Напаѓачот на Барселона, Усман Дембеле, ќе го пропушти вечерашниот дуле со хетафе во Ла Лига. Францускиот репрезентативец пријавил повреда, поради што тренерот Роналд Куман решил да не ризикува, бидејќи Барселона за три дена ќе гостува кај Виљареал.
Поради разни повреди, од доаѓањето во Барселона, во 2017 година, Дембеле досега пропуштил 85 натпревари. Последната повреда ја имаше кон крајот на 2020 година, кога отсуствуваше од пет натпревари.
Барселона ќе го пречека Хетафе, вечерва од 22 часот.
Спорт
Чеферин: Морав да се напијам дупло виски за да заспијам

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, во интервју за „24ур“, открил низ што се поминал од моментот кога 12 клубови објавија дека формирале европска Суперлига, до вторникот, кога од лигата се повлекоа англиските клубови.
„Луѓето велат дека УЕФА е корумпирана и дека само парите не интересираат. Да, тоа беше така во време на поранешните претседатели. Јас се кандидирав за да се случат промените. Вудворд (Манчестер јунајтед), во четвртокот ми се јави и ми кажа дека новиот проект на Лигата на шампионите е добар и дека ќе гласа за него. Ањели (Јувентус), во петокот, претседаваше со ЕЦА и сите 247 клубови гласаа за новиот формат, вклучувајќи ги и алчните 12“, рекол Чеферин.
Ден пред формирањето на Суперлигата, тој добил порака.
„Интересни работи се случуваа во саботата. Некој, чие име нема да го откријам, ми се јави и ми кажа дека клубовите во недела ќе објават дека формирале Суперлига. Истиот ден, пет клуба ми се јавија, за да се извинат за она што го направиле. Ањели ми кажа дека тоа се лаги и измислици. Побарав да напишеме соопштение за медиумите. Ми кажа да го напишам и дека тој ќе го провери и ќе ми го врати назад. Тогаш се слушнавме последен пат, Ањели го исклучи телефонот“.
Најтежко му било кога клубовите, во неделата, објавија дека ја формирале европската Суперлига.
„Во неделата морав да земам дупла доза виски за да можам да заспијам. Во вторникот добив 3.800 пораки, на кои не стигнав да одговорам. На клубовите кои беа загрижени од формирањето на Суперлигата им кажав: „За 24 часа се ќе средам“. Јас свртев неколку телефони, но сепак најважното го завршија навивачите. Тие го кренаа бунтот“.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Регион6 дена
„Фајзер“, „спутник В“ или „Синофарм“ – истражување во Србија покажа која вакцина штити најбргу
- Економија3 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Црна хроника3 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?