Спорт
Селта го освои „Сан Мамес“

Селта Виго дојде до изненадувачка 2:0 победа на гостувањето кај Атлетик Билбао, влошувајќи ја кризата во баскискиот гигант, кој има само две победи во последните шест натпревари.
Мечот беше одлучен во второто полувреме, кога прво Хуго Малјо во 61. минута ги донесе гостите во водство, пред ветеранот Јаго Аспас во 78. минута да стави печат на победата.
Билбао останува на деветтото место со 13 поени, додека во неверојатно израмнетата средина на табелата и Селта има 13 поени на 14-тото место.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Лазаров: На СП го допревме дното, со добра стратегија сега треба да почнеме да напредуваме

Ракометната легенда, еден од најдобрите десни бекови во историјата на овој спорт, Кирил Лазаров, во опширно интервју за подкастот на ракометниот сојуз на Хрватска, говори на многу теми.
Лазаров со Македонија се наоѓа во Египет на СП. Десниот бек седми пат во кариерата е учесник на еден Мундијал. На 27.Светско првенство, Македонија потфрли со играта и резултатите. Во досегашниот тек од првенството Лазаров и екипата забележаа победа само над Чиле, а доживеа порази од Шведска, Егпипет, Словенија и Русија.
„Знам дека цела Македонија тагува од нашите убедливи порази. Верувајте ниту мене не ми е лесно. Кај нас е смена на генерациите, но и покрај тоа мораме да се бориме до крај. Можеби ова СП е добро за нас, го допревме дното и имаме шанса со добра стратегија да почнеме да напредуваме“.
Спорт
Клоп тред тешка одлука, една голема ѕвезда ќе замине од Ливерпул

Фудбалскиот клуб Ливерпул, во летниот преоден рок, ќе остане без една голема ѕвезда. Англиските медуми, повикувајќи се на „Еуроспорт“, тврдат дека Јирген Клоп ќе мора да избера помеѓу Вирџил Ван Дајк и Мохамед Салах.
Командантот на одбраата и најдобриот стрелец се ближат кон моментот кога ќе треба да ги продолжат договорите. „Еуроспорт“, објави дека Ливерпул има одредени финансиски проблеми и дека на само еден од нив ќе може да му понуди богат договор.
Каљко сега стојат работите во клубот, многу веројатно е дека Салах ќе го напушти клубот.
Спорт
Варан сака да го напушти Реал Мадрид

Рафаел Варан еден од столбовите на одбраната на Реал Мадрид побарал трансфер. Договорот на францускиот репрезентативец со „кралскиот клуб“ истекува за 18 месеци.
Шпанците тврдат дека Варан не бил задоволен од се она што се случува во клубот и дека бил подготвен за нова авантура.
Летниот преоден рок е последна шанса кога Реал ќе може да заработи добра сума од трансферот на Варан.
Рафаел Варан е играч на Реал од 2011 година. Со клубот ги освоил сите можни трофеи.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот