Спорт
Серхио Рамос стрелец, победа за ПСЖ

Пари Сен Жермен оствари сигурна победа на гости (0:3) против Анже во првенството на Франција. Дефанзивецот Серхио Рамос постигна гол за „светците“ на овој дуел, а му се придружија и Килијан Мбапе и Маркињос. По ова, ПСЖ е само на еден бод до освојување на титулата.
Олимпик Марсеј со пресврт стигна до победа од 3:2 против Нант, а Клермон оствари важен триумф (0:1) за опстанок против Троја.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Дембеле ја напушта Барселона и се сели во Париз
Фудбалерот на Барселона, Осман Дембеле, одлучил да замине од „Камп Ноу“ и ќе ја прифати понудата на Пари Сен Жермен да се пресели во Париз како слободен агент, открива „АС“.
Францускиот интернационалец кажа „не“ и за најновата понуда за нов договор со Барселона и планира да си замине на истекот од јуни. Речиси сигурно негов следен клуб ќе биде ПСЖ.
Дембеле треба да му се придружи на својот соиграч од француската репрезентација, Килијан Мбапе, а заедно со Лионел Меси да формираат ново напаѓачко трио.
Спорт
Навивачите на Црвена Звезда се откажаа од Пикси: „Никогаш не си бил наш…Сајонара“

Црвена звезда го победи Партизан со 2:1 во финалето на Купот на Србија, а најинтересно беше на трибините на стадионот „Рајко Митиќ“. За време на натпреварот, популарните „Делије“, навивачите на Звезда, му испратија порака на српскиот селектор, легендарниот Драган Стојковиќ Пикси, и се откажаа од него.
„Никогаш не беше твоја, никогаш не беше наш. Секој звездаш се сеќава на деценискиот потоп после тебе. Сајонара“, пишуваше на транспарентот на северната трибина, каде се сместени најверните фанови на Црвена Звезда.
Ова дополнително го продлабочи конфликтот меѓу Црвена Звезда и Пикси.
Стојковиќ првпат дојде на „Маракана“ откако стана прв човек на репрезентацијата во декември 2020 година. Тој дојде во друштво на Стеван Стојановиќ, капитенот на генерацијата на „црвено-белите“ која ја освои титулата европски и светски првак во 1991 година и во која беа и Дарко Панчев и Илија Најдоски.
Во ложата беше и генералниот директор на Црвена Звезда, Звездан Терзиќ, кој често во јавноста зборуваше против Пикси.
Спорт
Црвена Звезда и Хајдук Сплит со куп-трофеи во Србија и во Хрватска

Црвена Звезда освои двојна круна во Србија откако во финалето на Купот на Србија, го совладаа Партизан со 2:1, со головите на Александар Катаи.
Најдобриот играч на Црвена Звезда во 26. минута донесе водство, а израмни Урошевиќ. Катаи постигна втор гол за Црвена Звезда во 72.минута и го одлучи мечот.
Хајдук Сплит е победник на Купот на Хрватска откако ја победи Ријека со 3:1. Ова беше и пресметка со „македонски предзнак“, со оглед дека и во двата тима има македонски репрезентативци. На крајот, се радуваше Јани Атанасов, а тагата остана за Дарко Велковски.
Јосип Дрмиќ во 13.минута донесе водство за Ријека, но израмни Феро. Потоа два гола за Хајдук постигна Дарио Мелњак во 36. и во 56.минута.