Спорт
Бензема не реализира два пенали, но Реал Мадрид пак победи

Реал Мадрид е на чекор до тотула во Ла Лига откако ја победи Осасуна на гости со 1:3. Само теорија има за ривалите кои се далеку зад „кралскиот тим“ бодовно, но набрзо и тоа треба да биде дефинитивно решено.
Реал Мадрид победи иако Карим Бензема вечерва не беше во елемент. Тој не успеа да реализира два пенали, откако домашниот голман Серхио Херера беше поуспешен. Сепак, трите бода отпатуваа за Мадрид.
Давид Алаба донесе предност за гостите во 12.минута, а израмни Анте Будимир една минута подоцна. Но, Марко Асенсио во 45.минута постигна втор погодок за Реал, а триумфот го завери Лукас Васкез во 96.минута.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Ковач се врати во Бундеслигата

Хрватскиот стручњак Нико Ковач ќе се врати во Бундеслигата, овојпат како тренер на Волфсбург.
„Волците“ и официјално потврдија дека од следното лето нивен тренер ќе биде поранешниот тренер на Ајнтрахт, Баерн и Монако.
„Јас сум дете на Бундеслигата, многу сум возбуден и мотивиран за новото поглавје во мојата кариера, за новиот почеток во Волфсбург“, изјави 50-годишниот, роден во Берлин, за клупската веб-страница.
Ковач го освои германскиот куп со Ајнтрахт во 2018 година победувајќи го Баерн, а потоа ја освои и „двојната круна“, како тренер на Баварците.
Сепак, тој не се покажа како најдобро решение во Минхен и доби отказ, а потоа беше тренер на Монако.
Спорт
Перишиќ добил ултиматум од Интер

Интер ја зголеми понудата за новиот договор на Иван Перишиќ. Фудбалерот се уште не се изјаснил да ли ќе ја продолжи соработката. Перишиќ оваа сезона беше еден од клучните играчи во освојувањето на Купот на Италија, второто место во првенството и пласманот во осминафиналето во Лигата на шампионите.
Неговиот договор со Интер истекува на 30. јуни и тој потоа ќе може да го напушти клубот како слободен играч без обесштетување.
Според италијанските медиуми, Интер ја зголемил понудата од 4,5 на пет милиони евра плус одредени бонуси. Перишиќ, во старт побарал фиксна плата од шест милиони по сезона и двегодишен договор.
Состанокот на неговиот менаџер со раководството на Интер траел околу еден час, а по неговото заминување, новинарите го прашаа дали Перишиќ ќе потпише нов договор.
Одговорот на менаџерот бил: „Ќе видиме“.
„Газета дело Спорт“ пренесува дека Интер му дал ултиматум на Перишиќ да ја соопшти одлуката до крајот на неделата. Истиот извор наведува дека 33-годишниот хрватски офанзивец има неколку понуди од други лиги, наводно од Челзи и Њукасл.
На состанокот менаџерот на Перишиќ им кажал на челниците на Интер дека добил понуда од шест милиони евра плус бонуси од клуб од странство и побарал повеќе време да размисли пред Перишиќ да ја донесе конечната одлука.
Спорт
Фетел на скутер бркал крадци низ Барселона

Поранешниот светски шампион во Формула 1, Германецот Себастијан Фетел (34), бил жртва на грабеж во Барселона. Фетел крадците ги бркал на скутер.
Полицијата потврди дека четирикратниот светски шампион во нападот поминал без повреди, но разбојниците му го украле ранецот од автомобилот.
Грабежот се случил во центарот на Барселона пред хотелот во кој престојувал возачот на Астон Мартин за време на трката за ГП Барселона овој викенд.
Шпанските медиуми наведуваат дека Фетел го оставил отворен прозорец на својот автомобил, измамниците го искористиле тоа и му го украле ранецот.
Меѓутоа, Германецот тргнал со електричен скутер да ги лови разбојниците откако успеал да ја одреди локацијата на украдениот ранец со помош на слушалките што биле во него.
Фетел ги нашол слушалките ги нашол фрлени, а крадците успеале да избегаат.
Локалните медиуми објавија дека полицијата отворила истрага откако Фетел го пријавил грабежот.
Германецот во неделата на трката за ГН на Шпанија го освои 11. место, а моментално е на 14. место во генералниот пласман на Светското првенство.