Спорт
Серхио Рамос вторпат дебитира за Севилја: Сега можам да умрам
Серхио Рамос пред 18 години замина од Севилја. Во летниот преоден рок одби понуда од Саудиска Арабија и реши да се врати на Рамон Санчез Писхуан“.
Второто деби за Севилја го имаше вчера, во локалното дерби против Кадиз. Севилја лошо влезе во сезоната, ги загуби првите три натпревари, мечот од четвртата рунда против Атлетико беше одложен. Против Кадиз тимот на Хозе Луис Мендилибаер го имаше императивот на победа.
Рамос при резултат 0:0 спаси сигурен гол со акробатски скок. Мечот го заврши со 90 отсто прецизни додавања, доби 80 отсто од воздушните дуели.
По натпреварот тој беше воодушевен од пречекот на навивачите и по неговата одлична игра рече: „Сега можам да умрам“.
▶️ Dmitrovic ➕ Sergio Ramos 🚧#SevillaFCLasPalmas #LaLigaHighlights pic.twitter.com/7cbEPfTEGi
— Sevilla Fútbol Club (@SevillaFC) September 17, 2023
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
ФА го обвини Џејмс дека непримерно му се обратил на судијата

Капитенот на Челзи Рис Џејмс е обвинет од Англиската фудбалска асоцијација (ФА) поради инцидентот во тунелот по поразот во Премиер лигата од Астон Вила (0:1).
Џејмс беше обвинет од ФА за непримерно обраќање кон судијата по завршувањето на натпреварот од шестото коло.
„Џејмс е обвинет дека употребил несоодветен и навредлив јазик кон службеното лице на натпреварот во тунелот по натпреварот“, се вели во соопштението на ФА.
Џејмс има рок до 29 септември да ја изнесе својата одбрана.
Тој не беше во тимот за натпреварот против Астон Вила поради повреда на тетивата.
Спорт
(Видео) По Јувентус, Сасуоло го шокираше и Интер

Фудбалерите на Сасуоло по Јувентус го шокираа и Интер. Сасусло среде Милано, му го нанесе првиот пораз на Интер оваа сезона. На „Џузепе Меаца“, екипата од Реџо Емилија победи со 2:1.
Интер имаше водство од финишот на првиот дел кога Дамфрис постигна гол. Во вториот дел, Бајрами ја искористи кардиналната грешка на голманот Зомер и го изедначи резултатот, а во 64.минута Беради со брилијантен гол ги постави конечните 2:1.
Спорт
(Видео) Барса, Реал, Атлетико – сите гледаат во грбот на Џирона

Фудбалерите на Реал Мадрид го совладаа тимот на Лас Палмас во седмото коло од шпанската Примера, ја скокнаа Барселона на табелата, но не и најголемото изнанедување во Примера, екипата на Џирона.
Џирона, прв пат во клупската историја е лидер во најсилната шпанска конкуренција. Екипата од Каталонија во првите седум кола од можните 21, освои 19 бода. По ремито во првото коло, Џирона направи серија од шест победи, најдолга во клупската историја.
Џирона гостуваше кај Виљареал и со пресврт успеа да ги освои бодовите. Првиот дел заврши без голови. На стартот од второто полувреме, Виљареал доби пенал. Парехо погоди во 49.минута.
Џирона експресно одговори преку Украинецот Довбик во 56. и позајмениот играч на Барселона, Ерик Гарсија во 61.минута.
На „Сантијаго Бернабеу“, Реал со победата над Лас Палмас (2:0), се рехабилитраше од поразот од Атлетико.
Мадриѓаните од првата минута го диктираа темпото и создаваа шанси, имаа дури 18 удари кон голот на гостите во првото полувреме, но голманот Алваро Валес одлично бранеше.
И кога се чинеше дека полувремето ќе заврши без голови во третата минута од судиското надополнување, Лукас Васкез го проигра Брахим Дијаз, кој го најде патот до мрежата на Лас Палмас. Тоа е негов прв гол во вториот мандат во дресот на Реал Мадрид. Познато е дека во претходните три сезони успешно настапуваше во Милан.
На почетокот на вториот дел Хоселу по центаршутот на Родриго го постави конечниот резултат.
Во Билбао домашниот Атлетик двапати водеше, но Хетафе извлече бод – 2:2.
Foto/ EPA