Спорт
Сериозен Ол стар натпревар, победи тимот на Леброн, Ленард МВП (Видео)

Тимот на Леброн Џејмс го победи Тимот на Јанис Адетокумбо со 157:155 на Ол стар викендот во Чикаго. На пвој меч, благодарение на промената на правилата, во последната четвртина се играше серизна кошарка. Тимот на Леброн успеа да надополни 17 поени негатива и на крајот да победи со поените на Ентони Дејвис од линијата за слободни фрлања.
По три четвртини кошарка кои започнуваа со резултат 0:0 делуваше дека ќе победи Тимот на Јанис кој во еден момент имаше предност од 17 поени (106:89). Во последната четвртина Тимот на Јанис влезе со предност од девет поени, а бидејќи резултатот беше 133.124 и споменатот правило во чест на Коби Брајант и додавањето на 24 поени, победникот мораше да стигне до 157 поени.
Тогаш започна жестока борба. Сјано се играше во одбраната, публиката виде многу украдени топки, две рампи од Јанис за Леброн. На крајот победи Тимот на Леброн каде најефикасен беше Каваи Ленард со 30 поени (8 тројки), по 23 поени постигнаа Леброн и Крис Пол, а на 20 поени застана Дејвис.
Јанис го предводеше својот тим со 25 поени и 11 скока, 23 поестигна Кемба Вокер, а 21 со 11 скока забележа Џоел Ембид.
МВП наградата која од оваа година го носи името на Коби Брајант му припадна на Каваи Ленард од Лос Анџелес Клиперс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Легендарниот тренер јавно му се поклони на Коди Милер-Мекинтаер

Кошаркарите на Црвена звезда го победија Реал со 90:75 во петтото коло од Евролигата. Црвено-белите одиграа брилиајнтен натпревар против „кралскиот клуб“, а до победата ги предводеше Коди Милер-Мекинтаер со 18 поени и по осум скока и асистенции.
Играчите на Црвена звезда го воодушевија легендарниот Владе Ѓуровиќ. Српскиот тренер кој изненадувачки го водеше Шибеник до титулата во поранешна Југославија во 80-тите, а сензационално и Задар, сега е аналитичар за Арена Спорт.
По големата победа на Звезда над шампионот на Шпанија, Ѓуровиќ стана од масата во студиото и буквално му се поклони на играчот за кого претходно рече дека на тимот му се потребни засилувања на таа позиција.
„Фантастична победа, голема победа, фантастична публика. Борбеноста на Звезда е фантастична, како што ветија. Саша Обрадовиќ како тренер е фантастичен. Сега морам да станам и длабоко да му се поклонам на Коди Милер-Мекинтеар, морам да му се извинам. Ова е можеби неговата најдобра игра во кариерата. Одигра докторски. Но, сепак мислам дека на Звезда му е потребен уште еден плејмејкер, но сега нема да зборуваме на таа тема.“
Милер-Мекинтаер (31) беше најдобар асистент во Евролигата во 2024 година играјќи за Басконија, по што се пресели во Звезда минатото лето. Тој е Американец, но со бугарско државјанство и игра за репрезентацијата на Бугарија.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) „Гери Невил е предавник“

Дуелот помеѓу Салфорд Сити и Олдам Атлетик во Лига 2 беше кратко беше прекинат, поради инвазијата на домашните навивачи на теренот.
Неколку навивачи го „нападнаа“ теренот во текот на првото полувреме. Сите беа облечени во бели дуксери со натпис „Гари Невил е предавник“.
Навивачите носеа и знамиња, а еден од нив дури се обиде да го забоде знамето во центарот на теренот. Најмалку двајца навивачи успеаја да стигнат до самиот терен пред да бидат фатени од редарите.
Нападот на навивачите на теренот беше проследен со извици „Гари Невил е ку.ка“ и „Англија, Англија“.
Flag protests against Salford City owner Gary Neville #oafc pic.twitter.com/kO0Ikai5da
— Suzanne Geldard (@SuzanneNQNW) October 18, 2025
Навивачите се безни поради неодамнешните критики на Невил за честото прикажување на знамињата „Јунион Џек“ и „Св. Ѓорѓи“.
Невил рече дека белците на средна возраст сакаат да ги поделат луѓето во земјата на овој начин. Тој оцени дека тоа е злоупотреба на самите знамиња, но и на чувствата што ги предизвикуваат кај луѓето.
Невил е еден од сопствениците на Салфорд Сити од 2014 година, кога тој, Пол Сколс, Ники Бат, Фил Невил и Рајан Гигс го купија клубот. Сега тој и Дејвид Бекам се мнозински сопственици.
Спорт
(Видео) Педро Нето го реши Нотингем Форест

Челси ја продлабочи кризата на Нотингем Форест со победата на „Сити граунд“ (3:0), во првиот меч од осмото коло во Премиер лигата.
„Шумарите“, минатата сезона беа најпријатното изненадување во Премиер лигата, до самиот крај се бореа за четвртото место, оваа сезона како што стојат работите ќе се борат за опстанок.
Нотингем Форест го доживеа петтиот пораз, остана на само една победа и доколку Барнли и Вест Хем победат во ова коло, ќе бидат претпоследни на табелата.
На сите им беше јасно дека тимот од Нотингем не требаше да го отпушти тренерот Нуно Еспирито Санто, негвиот наследник Ангелос Постекоглу, веројатно ќе доби отказ, по само еден месец. На седум натпревари на клупата на поранешниот европски шампион, тој има пет порази и две нерешени резултати.
Неговиот тим се одржа на овој натпревар во првите 45 минути, а целосно се распдна во второто полувреме.
Во 49-та минута, Ачеампонг го постигна првиот гол во својата кариера за Челзи, а само три минути подоцна, асистентот за водечкиот гол, Португалецот Нето го дуплираше водството со гол од слободен удар.
Рис Џејмс го постави конечниот резултат во 84-та минута.
Следниот предизвик во лигата за Челзи е на 25 октомври кога го пречекуваат Сандерленд, додека Форест ден подоцна ќе гостува кај Борнмут.