Контакт

Спорт

Северна и Јужна Кореја со заеднички кандидати за Олимпијадата во 2032

Објавено пред

Јужна Кореја и Северна Кореја, двете нации кои уште официјално се во војна, се надеваат на нова ера на полуостровот по најавувањето заедничка кандидатура за Олимписките игри во 2032 година.

Претставниците на двете земји треба да го претстават својот план на состанок во Лозана со Интернационалниот олимписки комитет (ИОЦ) бидејќи Јужнокорејскиот олимписки комитет го избра Сеул како кандидат.

Одлуката и Северна Кореја да биде вклучена во Олимпијадата доаѓа кога минатата година оваа земја прати спортисти, навивачи и официјални лица на Зимските олимписки игри во јужнокорејскиот планински град Пјонгчанг. Двете Кореи исто така неодамна играа со заеднички тим на Светското првенство во ракомет во Германија и Данска.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

КК Будуќност ќе барале поништување на финалната серија

Објавено пред

Челниците на КК Будуќност не можат да се помират со поразот во финалната серија во АБА-лигата. Во вторникот тие ја загубија „мајсторката“ во Белград, вчера останаа без тренер, откако Јасмин Репеша си поднесе оставка, а сега бараат да биде поништена серијата.

Финалната серија, која мина во знакот на инцидентите и во Подгорица и во Белград, на крајот ѝ припадна на Црвена ѕвезда со 3-2. Во текот на серијата двата тима „војуваа“ со соопштение, а последното стигна од Подгорица, во кое се најавува дека Будуќност ќе бараат измени во пропозициите за натпреварување во АБА-лигата и поништување на финалната серија.

„Новите пропозиции треба да ги елиминира ситуациите во кои играчите ќе размислуваат само за она што треба да го направат на теренот, а не да размислуваат за својата безбедност. Бидејќи на петтиот меч ескалираше расистичкото и националистичко навивање на домашните навивачи, ние сме должни за сите детали да ја информираме и Евролигата“, стои во дел од соопштението на КК Будуќност.

Прикажи повеќе...

Спорт

Барса со победа кај Алавес на чекор до шпанската титулата (видео)

Објавено пред

Ернесто Валверде можеше да си дозволи да му даде одмор на Лионел Меси пред полуфиналето на Лигата на шампионите со Ливерпул и да го пушти во игра во финишот на мечот, откако Барселона беше пресилна за Алавес и стигна до 2:0 гостинска победа.

По повеќето пропуштени шанси во првото полувреме, 21-годишниот поранешен член на „Ла масија“, Карлес Алења во 55. минута доби убава топка околу пеналтикот и донесе водство за Каталонците. Само пет минути подоцна беше 0:2, откако по ВАР проверката судијата досуди пенал за Барса, кој рутински го реализираше Луис Суарез.

По ова, кога победата беше осигурана, во игра влезе и Меси, кој имаше две убави шанси за гол, но не се запиша во листата на стрелците. Во одредени моменти од натпреварот гостите имаа и речиси 80 отсто од поседот на топката.

Со триумфот Барселона на врвот на табелата има 80 поени, дури 12 поени повеќе од Атлетико Мадрид, кои утре ја пречекуваат Валенсија. До крајот на сезоната, Барса има уште четири, а Атлетико уште пет натпревари.

Прикажи повеќе...

Спорт

Ериксен за победа на Тотенхем за чекор поблиску до ЛШ (видео)

Објавено пред

Тотенхем ја прекина лошата низа на резултати на англиските клубови кои се борат за пласман во Лигата на шампионите, откако Кристијан Ериксен во финишот на мечот успеа да го „пробие“ Брајтон дома за 1:0 победа.

Откако минатите три дена, Тотенхем, Челси, Манчестер јунајтед и Арсенал не успеаја да победат, Спарси не пропуштија уште една шанса да избегаат на конкуренцијата. Сега тие се трети со 70 поени, пред Челси (67 поени), Арсенал (66 поени) и Јунајтед (64 поени). Арсенал и Јунајтед имаат натпревар помалку – тие имаат уште четири меча, додека Челси и Тотенхем уште три.

Поенот, пак, од друга страна можеше да се покаже како клучен за Брајтон за опстанок во лигата – тие се на 17. место со 34 поени, само три пред 18-пласираниот Кардиф, а двата клуба имаат само уште три натпревари за играње. Фулам и Хадерсфилд веќе се испаднати.

И Саутемптон не успеа да дојде поблиску до сигурен опстанок, откако одиграа 1:1 на гостувањето кај Ватфорд. „Светците“ дојдоа до водство со најбрзиот гол во историјата на Премиер лигата – Шејн Лонг ја уфрли топката во голот на домаќините по само 7.69 секунди игра, но Ватфорд израмнија во 90-тата минута со голот на Енди Греј. Саутемптон сега се 16. со 37 поени.

Падна најбрзиот гол во историјата на Премиер лигата (видео)

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија13 часа

(Видео) ИВЗ: Судот не одлучува кој ќе биде реис, ако е така нека кажат и кој да биде поглавар на МПЦ

Судот не е тој што одлучува кој ќе биде реис, ако е така нека кажат и кој да биде поглавар...

Свет15 часа

В четврток прва средба меѓу Путин и Ким на рускиот Далечен Исток

Севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ун, в четврток ќе се состане со рускиот претседател, Владимир Путин, на рускиот Далечен Исток, објави советникот...

Свет18 часа

(Видео) Камерите снимија терорист кој влегува во црквата непосредно пред масакрот

Медиумите на Шри Ланка објавија снимка од надзорните камери снимена непосредно пред еден од нападите. Како што известува „Гардијан“, се...

Македонија19 часа

Северна Македонија или Македонија? Караџовски и Адеми расправаa како да ја пишува државата на извештајот

Членовите на Судскиот совет го изгласаа годишниот извештај за работата за 2018 година, но претходно претседателот Зоран Караџовски и членот...

Топ20 часа

Мицкоски: Не е до чистката, туку проблемот е до тој што треба да исчисти

По најавите на премиерот Зоран Заев дека власта ја примила пораката од граѓаните и дека ќе следуваат кадровски промени, лидерот...

Топ20 часа

Поднесено обвинение против родителите чии деца загинаа во пожар во Велес

Против мајката и таткото, чии деца во јуни минатата година загинаа во пожар во куќа во Велес, е поднесено обвинение...

Македонија21 час

(Видео) Таткото на Саздовски: Родителите да кажат каде е третиот осомничен, кој е во бегство

Ни една мајка не треба да го закопа својот син, казната е толкава колку што е предвидено во законот. Не...

Македонија21 час

(Видео) По 19 години затвор за убијците на Никола Саздовски

Кривичниот суд во Скопје им одреди по 19 години затвор на Бесим Беља и Скендер Демири, кои на 29 јуни...

Свет22 часа

Евакуирана Сиднејската опера поради истекување гас

Стотици луѓе се евакуирани денес од Сиднејската опера и околината поради истекување гас, а раководството на куќата објави дека настапите...

Регион23 часа

Убиецот на бугарската телевизиска новинарка осуден на 30 години затвор

Бугарскиот суд го осуди Северин Красимиров на 30 години затвор за силување и убиство на телевизиската новинарка Викторија Маринова. Телото...

Свет23 часа

(Видео) Базен на врвот на висококатница се излеа за време на земјотресот во Манила

Филипините вчера ги погоди силен земјотрес со интензитет од 6,3 степени според Рихтер поради што се тресеа многу згради, а...

Свет23 часа

Најмалку 11 жртви и 24 исчезнати во земјотресот во Филипини

Најмалку 11 лица загинаа, 24 исчезнати, а повеќе од 80 се повредени во земјотрес со јачина од 6,1 степен, кој...

Топ1 ден

(Видео) Дац му подари метла на Заев, премиерот возврати – чистка ќе има

Актерот Драган Спасов Дац на вечерашната трибина на СДСМ во Карпош му подари метла на премиерот Зоран Заев, порачувајќи му...

Европа2 дена

Курц ја осуди песната во која мигранти се споредуваат со стаорци

Aвстрискиот канцелар, Себастијан Курц, побара од помалиот партнер во владејачката коалиција, десничарската Партија на слободата на Австрија, да се дистанцира...

Избори 20192 дена

(Видео) Поништено гласањето на избирачко место во Ѓорче Петров, имало вишок гласачки ливчиња во кутијата

Три гласачки ливчиња повеќе во кутијата од бројот на гласачи нотира Државната изборна комисија во едно избирачко место во општина...

Свет2 дена

Кои се жртвите во Шри Ланка: Деца, познати готвачи, келнери, политичари…

Во терористичките напади во Шри Ланка загинаа најмалку 290 луѓе, а повеќе од 500 се повредени. Меѓу нив, повеќето луѓе...

Избори 20192 дена

ОБСЕ: Изборите беа добро спроведени, но потребна е реформа на изборното законодавство

Во првиот круг на претседателските избори гласачите беа во можност да се информираат пред да го направат својот избор помеѓу...

Македонија2 дена

(Видео) Николоски го наклеветил Вице Заев, но нема да му плати 30 илјади денари отштета

Судијката од Основниот суд Скопје 2, Кети Германова, заедно со двајца судии поротници, донесе пресуда со која утврди дека потпретседателот...

Избори 20192 дена

(Видео) Јанушев: Со постигнатите резултати ВМРО-ДПМНЕ би освоила 53 пратенички мандати, а СДСМ – 41

Вчера се потврди дека кај граѓаните има апатија поради криминалот, корупцијата и сиромаштијата, порача генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев,...

Избори 20192 дена

(Видео) Пендаровски: Не сум изненаден од резултатот, ја разбрав пораката на граѓаните

Претседтелскиот кандидат Стево Пендаровски вели дека не е изненаден од резултатите од гласањето и дека ја разбрал пораката на граѓаните....

Досие