Спорт
Севилја драматично против Леванте, Кадиз со девет играчи го победи Билбао

Шампионот од Лига Европа, Севилја стигна до втората победа на стартот на сезоната во шпанската Ла лига, откако во 92. минута го совлада Леванте на Енис Барди, додека Кадиз направи сензација на „Сан Мамес“, откако со девет играчи стигна до 1:0 победа над Атлетик Билбао.
Леванте, за кои Барди играше до 62. минута, се покажаа како цврст противник, откако на Севилја им беше поништен еден гол поради офсајд, пред во 92. минута, Мароканецот Јусеф Ен Несири да добие одлична топка од Навас и да стигне до трите поени за андалузискиот клуб.
Кадиз пак, стигна до изненадувачка 1:0 победа во Баскија со автоголот на Унаи Лопез, за Атлетик веќе да има два порази во новата сезона.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Неверојатна сензација! Реал испадна од тим со 25% посед на топка и 41-годишен голман!

Фудбалерите на шпанскиот третолигаш Алкојано славеа кога дознаа дека ги добија Реал Мадрид во 1/16 финалето на Кралскиот куп, и како да сакаа да ги заддржат на својот терен што е можно подолго приморувајќи продолженија по кои стигнаа до историска 2:1 победа и покрај тоа што имаа 25 отсто од поседот на топката во 90-те минути, а победничкиот гол го постигнаа со играч помалку.
Фудбалерите на Алкојано станаа атракција кога славеа по ждрепката за натпреварувањето во купот, бидејќи им се падна големиот Реал Мадрид – малиот клуб од предградието на Валенсија редовно е во третата или четвртата лига, а честа да ги пречека Реал ја доби по елиминацијата на прволигашот Уеска.
Едер Милитао ги донесе „кралевите“ во водство во 45-тата минута, но потоа наместо да додадат уште некој гол, Хозе Солбес успеа да израмни во 80-тата минута, приморувајќи продолженија, во кои Хуанан Казанова во 115. минута го постигна победничкиот гол за најголема победа во историјата на малиот клуб.
Juanan Casanova goal
follow @noob_fcb for more goalspic.twitter.com/wKOhg9LR2C— noobfcb (@noob_fcb) January 20, 2021
Спорт
Роналдо со рекордниот 760. гол го донесе италијанскиот Суперкуп на Јувентус

Како мелем на раните по поразот во дербито од Интер, Јувентус го освои Суперкупот на Италија со 2:0 победа над Наполи, благодарение на 760. гол на Кристијано Роналдо, но и на лошото изведување на пенали на Лоренцо Инсиње.
Андреа Пирло пристигна на „Мапеи“ во Реџо Емилија под притисок по губењето на темпото со лидерите во Серија А, така што мораше да го победи тимот на својот добар пријател Џенаро Гатузо, и за среќа во тимот го има незаменливиот Роналдо, кој во 60-тата минута се најде на вистинското место за да го постигне својот 760. гол во кариерата.
🇵🇹 Official: Cristiano Ronaldo becomes the top scorer in history thanks to this goal in the final !
Congratulations 👏#CR7 #Ronaldo #Cristiano #JuveNapoli #JuventusNapoli
pic.twitter.com/pAHfBFiqx2— Best of Serie A 🇮🇹 (@BestOfSerieA) January 20, 2021
Од тие јубилејни 760 голови во кариерата, Португалецот даде за Спортинг Лисабон (5), за Манчестер јунајтед (118), за Реал Мадрид (450), за Јувентус (85) и за португалската репрезентација (102). Со овој резултат, тој го сруши рекордот на Чехот Јозеф Бицан за најмногу голови во една кариера, иако Пеле и неговиот поранешен клуб Сантос во последно време тврдат дека тој постигнал 1.279 гола, броејќи ги многуте пријателски натпревари.
За Наполи, македонскиот репрезентативец Елиф Елмас доби шанса во 67. минута, а „партенопеи“ имаа совршена шанса да примораат продолженија, но Лоренцо Инсиње во 80-тата минута го утна ударот од белата точка, пред во 96. минута Алваро Мората да стави точка на сите неизвесности за 2:0.
Спорт
Конечно, вистинското од Пол Погба за Манчестер јунајтед

Пол Погба, конечно, го покажа својот талент во дресот на Манчестер јунајтед, носејќи им на „ѓаволите“ тешко извојувана 2:1 победа на гости кај Фулам за враќање на првото место на табелата во Премиер лигата.
Работите не тргнаа како што треба за тимот на Оле Гунар Солскјер, откако Адемола Лукман уште во петтата минута ги донесе домаќините во водство, но Единсон Кавани во 21. минута врати за израмнување. Како што течеше времето во второто полувреме, Јунајтед се обидуваа да дојдат до гол, но не успеваа против цврстата одбрана на Фулам, пред во 65. минута, од тешка позиција и од огромна далечина, Погба да постигне прекрасен гол за три поени за својот клуб.
Овој гол доаѓа, откако тој јавно се извинуваше за неговата промашена шанса во дербито против Ливерпул (0:0), нешто што наиде на лута реакција кај Солскјер, кој сметаше дека нема потреба за ваков гест.
Јунајтед сега се вратија на првото место со 40 поени, два повеќе од градскиот ривал Манчестер сити (кој пак има натпревар помалку) и од Лестер (со ист број на натпревари). Фулам остануваат во зоната за испаѓање на 18. место со 12 поени, четири помалку од Барнли.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот