Спорт
Шаќири е негативен на вториот тест за Ковид-19

Фудбалскиот сојуз на Швајцарија во вторникот објави дека репрезентативецот Џердан Шаќири е позитивен на коронавирусот. Денешниот втор тест покажа дека е негативен.
„Во вторникот наутро ги добивме резултатите од тестовите на коронавирус на членовите на А-селекцијата. Во средата повторно ги тестиравме сите играчи и членовите на стручниот штаб. Позитивен тест доби само Мануел Акањи, сите други, вклучувајќи го и Шаќири, се негативни“, соопштија од швајцарскиот фудбалски сојуз.
Шаќири два дена помина во самоизолација, а здравствениот комитет на УЕФА треба да даде зелено светло дали тој може да патува во Шпанија, каде што в сабота Швајцарија ќе ги одмери силите со „фуријата“ во рамките на Лигата на нациите.
На 13 овој месец Швајцарците ќе гостуваат и во Германија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Ѓоковиќ: Бев на вечера со Рафа, но не сме пријатели

Во интервју за „Кориере дела Сера“, Новак Ѓоковиќ уште еднаш раскажа каков однос имал со своите најголеми ривали, Рафаел Надал и Роџер Федерер.
„Никогаш не бевме пријатели. Рафа е само една година постар, двајцата сме близнаци во хороскоп, двапати бевме на вечера заедно, но пријателството со него е невозможно. Секогаш имав многу почит и восхит кон него. Невозможно е пријателство меѓу ривали, но никогаш не сме биле непријатели. Благодарение на него и Федерер станав ваков.
Ѓоковиќ вели дека нивното големо соперништво е незаборавно.
„Тоа ќе нè обедини засекогаш. Надал е дел од мојот живот во последните 15 години. Го гледав повеќе од мајка ми“.
Потоа откри и што најмногу почитува кај Шпанецот:
„Има многу работи што ме инспирираат во неговата кариера. Пред сè, упорност, посветеност, борбен дух. Неговиот менталитет на шампион кој никогаш не се откажува и секогаш, колку и да е тешко, наоѓа начин да победи, начин да се врати. Тој негов менталитет е навистина многу инспиративен“.
Слична е ситуацијата и со Федерер.
„Секогаш чувствував голема почит кон него, тој е еден од најголемите на сите времиња. Имаше неверојатно влијание, но никогаш не бевме блиски“.
Спорт
Уште една репрезентација се квалификуваше за Светското првенство

Фудбалската репрезентација на Гана ќе игра на петтото од последните шест Светски првенства.
Избраниците на тренерот Ота Адо ги победија Коморските острови со 1:0 со што го обезбедија првото место во Група И. Гана во пресрет на последното коло има шест бода повеќе од Мадагаскар.
Стрелец на победничкиот гол за „Црните ѕвезди“ на натпреварот одигран во Акра беше Мохамед Кудус од Тотенхем на почетокот на второто полувреме.
Гана со тоа стана петтата африканска репрезентација што се квалификуваше за следното Светско првенство, по Мароко, Тунис, Алжир и Египет.
Гана го постигна својот најголем успех на Светското првенство во Јужна Африка кога играше во четвртфиналето.
Ганците го имаа своето деби на Светското првенство во 2006 година и оттогаш оваа селекција го пропушти само завршниот турнир организиран од Русија во 2018 година.
Пред Гана пласман на Светското првенство покрај организаторите САД, Мексико и Канада обезбедија : Јапонија, Нов Зеланд, Иран, Аргентина, Узбекистан, Јужна Кореја, Јордан, Австралија, Бразил, Еквадор, Уругвај, Колумбија, Парагвај, Мароко, Тунис, Египет, Алжир.
Спорт
Вирц е талент што се раѓа еднаш во еден век

Поранешниот менаџер на Ливерпул, Јирген Клоп, испрати порака до навивачите на „Црвените“ и застана во одбрана на 22-годишниот Флоријан Вирц, по лошиот почеток на сезоната на германскиот играч од средниот ред на „Енфилд“.
Вирц, кој пристигна ова лето од Баер Леверкузен за 116 милиони фунти (133 милиони евра), сè уште чека на својот прв гол или асистенција во Премиер лигата и Лигата на шампионите.
Ливерпул го сруши британскиот рекорд за трансфери во летниот преоден рок за да го доведе Вирц, кој брилијантно играше во Баер Леверкузен во текот на пет и пол години во Бундеслигата.
Затоа очекувањата од германскиот репрезентативец беа исклучително високи. Сепак, 22-годишникот досега не ги исполни, што предизвика критики од јавноста во Англија.
Притисокот го зголемува и лошата форма на клубот, кој доживеа три порази по ред, што покрена прашања за способностите на Вирц.
И покрај критиките, легендарниот Клоп решително застана зад младиот играч. Во разговор за „Sport.de“, тој им порача на навивачите да бидат трпеливи.
„Неговиот квалитет е извонреден. Дискусиите се малку претерани. Ливерпул загуби три натпревари по ред, што е невообичаено. Но, тоа е и нормално во животот. Вирц е талент што се појавува еднаш во еден век и во еден момент ќе го покаже тоа повторно на секој натпревар, исто како што го правеше во Леверкузен“, рече Клоп.