Контакт

Спорт

Шаркоски се врати во Работнички

Објавено пред

Николче Шаркоски е нов фудбалер на Работнички. Тој како слободен агент, по 18 месеци се врати во редовите на „роматичарите“. Во изминатиот период играше за Академија Пандев.

dobivaj vesti na viber

Шаркоски потпиша едногодишен договор. Претходно, Шаркоски играше за Работнички три и пол сезони, од 2018 до 2021 година.

„Среќен сум што се враќам во редовите на Работнички. Ова за мене е добро позната средина, верувам дека брзо ќе се вклопам и дека ќе му помогнам на тимот да ги реализира клупските цели“, вели Шаркоски.

Работнички денеска го игра мечот од 1/16-финалето во Купот на Македонија против БВК Коњари.

Извор/fkrabotnicki.com



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Тиквеш ќе патува на Исланд, Шкендија во Ерменија

Објавено пред

Фото/ ФФМ

dobivaj vesti na viber

Тиквеш и Шкендија, претсаввниците на Македонија во Конференциската лига, ги дознаа противниците во првото квалификациско коло.

Освојувачот на Купот на Македонија, Тиквеш го чека долг пат на Исланд. Противник ќе му биде Брејдаблик. Тиквеш ќе биде домаќин на првиот натпревар.

Вицешампионот на Македонија, Шкендија, во првото коло ќе игра против ерменскиот тим Ноах. Првиот натпревар ќе се игра во Ерменија.

Натпреварите во Конференциската лига на програмата се на 11 и 18 јули.

Прикажи повеќе...

Спорт

Мбапе нема да игра против Холандија

Објавено пред

Францускиот фудбалер Килијан Мбапе нема да биде во конкуренција за натпреварот против Холандија (21.06.) поради повреда на носот.

dobivaj vesti na viber

Како што објави француски „Канал +“, Мбапе нема да се опорави од повредата здобиена на натпреварот против Австрија, а доколку биде во конкуренција за мечот со Полска ќе игра со заштитна маска.

Против Австрија, Мбапе беше најзаслужен за автоголот на Максимилијан Вебер, кој следеше веднаш по неговиот продор и опасниот центаршут од десното крило.

Франција има три бода по првиот дуел во групата, но сега без Килијан Мбапе работите значително се менуваат, а на мечот со Австрија повеќе се потпираа на индивидуалниот квалитет отколку на тимската игра.

Прикажи повеќе...

Спорт

Украинците се степале по поразот од Романија

Објавено пред

Украина доживеа тежок пораз на стартот на Европското првенство. Украинците влегоа како благи фаворити во дуелот со Романија, но теренот го напуштија со наведнати глави. Романците славеа победа 3:0.

dobivaj vesti na viber

Голманот на Реал, кој зад себе има одлична сезона, Андреј Лунин е најголемиот виновник за поразот. По неговата грешка Станчу постигна спектакуларен гол, а лошо реагираше и кога Марин испрати прецизна топка во неговиот гол.

Вдечкиот медиум во Германија „Билд“, откри дека по натпреварот настанал вистински хаос во соблекувалната.

Репрезентативците најпдвин не му дозволиле на селекторот Ребров да влезе во солекувалната, со образложение дека ќе одржат состанок.

Сосоатнокот го свикале Зинченко и Лунин. Токму на Лунин му се нафрлиле соиграчите, па вербалниот конфлит ескалилар во физичка пресметка.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ2 часа

Залутан куршум заврши во грбот на скопјанец додека возел велосипед низ Чаир

Додека 35-годишниот А.Ф. од Скопје се возел со својот велосипед во Чаир, почувствувал болка во грбот. Бил пренесен во болница,...

Македонија3 часа

(Видео) Спасовски: Каде што има големи ветувањата, одете со мала торба, предлогот за влада е без план во економијата и стратешките цели

Од она што денеска беше соопштено во јавноста при поднесувањето на предлогот за работа и состав на новата влада јасно...

Македонија4 часа

(Видео) Мицкоски: До Собранието поднесени програмата и составот на новата влада, очекувам на дневен ред да бидат ставени викендов

„Штотуку во архивата на македонското Собрание ја поднесов предлог-програмата за работа на идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ како мандатар, а...

Македонија5 часа

„Тарифата на нотарите енормно зголемена – партиите на власт со нов удар по џебот на граѓаните“, велат од партијата Левица

„Министерот за правда во заминување, Кренар Лога, неколку дена пред напуштање на функцијата, која ја извршуваше катастрофално и со секојдневни...

Македонија6 часа

Од четврток активно портокалово ниво за опасност од високи температури во Македонија

Од утре до недела нашето подрачје ќе биде под влијание на стабилна и многу топла воздушна маса од југ, која...

Македонија7 часа

Почина Стојан Андов – првиот претседател на Собранието на независна Македонија

Првиот претседател на Собранието на самостојна и суверена Република Македонија, Стојан Андов, почина на 89-годишна возраст. Андов е роден во...

Македонија8 часа

Колку ги чинеше граѓаните театарот за фабриката за електроавтомобили, прашуваат од партијата Левица

„Компанијата за производство на електрични возила од Ахен, Next.E.Go, банкротира и, дефинитивно, оди во стечај. Next.E.Go, или кај нас познати...

Топ9 часа

Познат идентитетот на двете лица што загинаа на Галичица, паднале во бездна длабока 200 метри

Вчера околу 13.00 часот во провалија покрај патот Охрид – Отешево, полициски службеници од Полициската станица Ресен со помош од...

Свет10 часа

Столтенберг: Ако не престане да ја поддржува Русија, Кина треба да ги сноси последиците

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска за Би-Би-Си изјави дека Кина, доколку не го промени своето однесување, треба да...

Македонија10 часа

Мицкоски треба денес да го достави предлогот за состав на влада до Собранието

Мандатарот Христијан Мицкоски, се очекува денеска до Собранието да го достави предлогот за состав на владата и програмата за нејзина...

Свет10 часа

Агент на тајната служба ограбен со пиштол за време на патувањето на Бајден

Агент на американската тајна служба бил ограбен под закана со пиштол за време на патувањето на американскиот претседател Џозеф Бајден...

Свет10 часа

Путин пристигнува во посета на Северна Кореја, првпат по 24 години

Рускиот претседател Владимир Путин денеска во Пјонгјанг ќе се сретне со севернокорејскиот претседател Ким Џонг Ун, за прв пат по...

Свет10 часа

Најмалку 17 лица загинаа во бегалскиот камп Нусејрат во Газа

Најмалку 17 лица загинаа во текот на ноќта во бегалскиот камп Нусејрат во центарот на Газа, од израелското бомбардирање, јавува...

Свет10 часа

Тројца убиени во престрелка во Торонто, полицијата се сомнева дека меѓу нив е и убиецот

Полицијата во Торонто денеска соопшти дека верува дека напаѓачот кој уби маж и жена е убиен во пукање во канцелариски...

Топ22 часа

Возило падна во провалија длабока 200 метри на Галичица, две лица загинаа

Две лица загинаа при пад во провалија со возило на Галичица. Според информациите од ЦУК, несреќата се случила кај местото...

Uncategorized23 часа

Заев и Ципрас му врачија на награда на Нимиц: „Ни порача да го чуваме и целосно да го имплементираме Преспанскиот договор“

Експремиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас му ја врачија Наградата за мир Преспа на поранешниот медијатор Метју Нимиц, најавувајќи дека...

Македонија1 ден

Здравство треба да го санира урнатиот ѕид кај Детската клиника, а Град Скопје и Општина Центар да најдат решение за подземните води

Санацијата на Полуурнатиот ѕид кај Детската клиника е во надлежност на Министерството за здравство, а решението за подземните води треба...

Топ1 ден

Приведени криминалци од Прилеп кои со пиштол и’ се заканувале на продавачка, едниот бил бегалец од затвор

Полицијата приведе двајца криминалци од Прилеп, кои претходно денес со пиштол се заканувале на 35-годишна прилепчанка пред продажниот објект каде што...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: Подавам рака на СДСМ за суштинските прашања од важност за Македонија, но тоа не значи амнестирање од одговорноста за криминалите

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешната свеченост по повод 34 години од формирањето на ВМРО-ДПМНЕ насловена „34 години ВМРО-ДПМНЕ,...

Македонија1 ден

„Уште седум нови барања за апанажа – 750.000 евра го чинат народот поранешните функционери на ДПМНЕ, СДС и ДУИ“, велат од партијата Левица

Пред околу две недели собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата им одобри апанажа, во траење од една година,...