Спорт
Шефилд го скрши малерот, сефте-триумф сезонава во ПЛ
Премиерлигашот Шефилд Јунајтед чекаше цели 18 кола за да ја забележи првата победа сезонава. На стадионот „Брамал лејн“, конечно, освоени трите бода, падна Њукасл со 1-0.
„Фенерџијата“ на табелата до триумф стигна со гол од пенал кога во 72. минута од мечот Фернандез играше со рака во шеснаесетникот. ВАР-технологијата потврди дека имало пенал, па Били Шарп шутира прецизно за 1-0.
Шефилд со денешните 3 освои досега само 5 бода сезонава и е убедливо последен со 9 бода од позицијата што носи опстанок во ПЛ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Германија ја победи Хрватска, ќе се бори за златото на ЕП
Германските ракометари се првите финалисти на Европското првенство. Избраниците на Алфред Гисласон го добија полуфиналето против Хрватска со 31:28.
Актуелните вицешампиони на Олимписките игри го надиграа светскиот вицешампион и со тоа го постигнаа најголемиот успех на континенталните натпреварувања од 2016 година, кога го освоија златниот медал.
Германците доживеаа два порази на ова првенство, против Србија и Данска, но клучниот триумф беше постигнат во последното коло од втората фаза над Франција.
Најефикасни кај Германија беа Зербе со шест, односно Ушчинс, Мертенс, Кнор, Фишер и Гола со по четири гола. Волф имаше дури 13 интервенции. За Хрватска се истакна Лучин со шест, односно Мартиновиќ и Кларица со по пет гола.
Хрватите добро се држеа во првото полувреме, кога се играше гол за гол. Во последните 90 секунд Германија успеа да се одвои на два гола разлика.
Добрата игра од финишот на првиот дел, Германците ја пренесоа и на стартот од втриот, кога со серија 5:1 и со тоа го скрши отпорот на своите ривали.
Пред последните неколку минути, Хрватите успеаја да стигнат до негатива од три гола, пред последната минута и до -2, но тоа беше сè од избраниците на Дагур Сигурдсон.
Вториот полуфинален натпревар, помеѓу Данска и Исланд ќе започне во 20:30 часот.
Мечот за бронзениот медал е во недела во 15:15 часот, додека финалето е закажано за 18:00 часот.
foto/ EHF EURO
Спорт
Синер: Боли овој пораз – Ѓоковиќ е најдобриот во историјата
Италијанскиот тенисер Јаник Синер се огласи по поразот во полуфиналето на Австралија Опен.
Новак Ѓоковиќ се пласираше во финалето на Австралија Опен по маратонскиот натпревар и победата од 3:2 над Синер – во сетови беше 3:6, 6:3, 4:6, 6:4, 6:4.
По натпреварот, Синер, кој го освои Мелбурн во изминатите две сезони г кажа впечатоите на прес-конференција:
„Ова многу боли. Ова беше многу важен Гренд слем за мене затоа што знаете што ми се случи. Ова беше одличен меч за двајцата, имав свои шанси, не ги искористив и се случи она што се случи. Ова многу боли“, рече Италијанецот и потенцираше дека не бил изненаден од играта на Новак Ѓоковиќ.
„Знаете, дека тој има освоено 24 Гренд слем титули. Се познаваме многу добро и не би рекол дека сум изненаден, бидејќи верувам дека тој е најголемиот тенисер и дека никој нема да му се приближи уште многу, многу години. Секако, тој игра на помалку турнири поради неговите години, а Гренд слем титулите се важни за него, како и за Карлос и мене и за сите други. Тој е мотивиран и играше одличен тенис. Се надевам дека ќе научам некои лекции за тоа како да се подобрам.“
Foto/ jannik sinner
Спорт
(Видео) Португалија е петта на ЕП, обезбеди пласман на Мундијалот
Ракометната репрезентација на Португалија го освои петтото место на 17-то Европското првенство.
Португалците го постигнаа најдобриот резултат на континенталните натпреварувања во историјата, по рекордното четврто место на последното Светско првенство.
Во борбата за место на следното Светско првенство, Португалија ја победи Шведска со 36:35.
Најдобри кај Португалија беа браќата Кошта. Мартим постигна девет гола, а Франциско седум. Токму Мартим и ја донесе победата на Португалија со гол во последната секунда.
Сандел беше најефикасен против Швеѓаните со осум гола.
Да ве потсетиме дека во полуфиналето се среќаваат Хрватска – Германија и Исланд – Данска.
⏱️🔥 BUZZER. BEATER. HISTORY.
🇵🇹 MARTIM COSTA WITH THE LAST SHOT. Portugal win it at the horn and finish 5TH AT THE EHF EURO.
GLORY. PURE GREATNESS. #ehfeuro2026 #puregreatness pic.twitter.com/78r1L3iA6l
— EHF EURO (@EHFEURO) January 30, 2026
Foto/ EPA

