Контакт

Спорт

Шефилд јунајтед со импресивна победа над Арсенал (видео)

Објавено пред

Шефилд јунајтед ја забележаа својата трета победа во повратничката сезона во Премиер лигата, откако во понеделникот на својот „Брамал лејн“ со 1:0 го шокираа тимот на Арсенал.

Клучниот момент на мечот се случи во 30. минута од мечот, кога по еден корнер, младиот француски напаѓач Лис Мусе се најде на вистинското место и го совлада Бернд Лено и покрај протестите на „топчиите“, кои сметаа дека постоеше офсајд позиција.

За тимот на Унаи Емери ова е само втор пораз оваа сезона и тие остануваат на 5. место на табелата со 15 поени, додека Шефилд сега се 9. со 12 поени.

Спорт

Втора победа на ШК „Алкалоид“ на Европскиот клупски куп во шах

Објавено пред

Во второто коло на Европскиот клупски куп во шах, „Алкалоид“ извојува нова победа над екипата Raika Rapid Feffernitz од Австрија. Текот на мечот покажа дека нема лесни противници, па, така, по три часа игра, резултатот на мечот беше нерешен, со три реми на првата, втората и на четвртата табла: кај Андреикин, Шанкланд и Криворучко.

Највозбудлива партија беше онаа на Андреикин, каде што велемајсторот од „Алкалоид“ жртвуваше фигура за напад, а противникот успеа да ги најде единствените потези и партијата заврши реми со вечен шах. Потоа, со сигурна игра и победа, Владислав Ковалев донесе водство за „Алкалоид“. Следуваа цели поени за Панчевски и Инаркиев до конечни 4,5:1,5 во мечот.

По одиграни две кола, 16 екипи (од вкупно 66 клуба што учествуваат) имаат максимални 4 бода.

Во третото коло ШК „Алкалоид“ за противник ја има екипата Mednyi Vsadnik од Санкт Петербург, Русија – минатогодишниот шампион. Мечот, секако, ќе биде дерби на колото и еден од најважните мечеви за „Алкалоид“ на целиот турнир.

 

Прикажи повеќе...

Спорт

Стерлинг: Бев преплавен од емоции

Објавено пред

Рахим Стерлинг нема да игра за Англија против Црна Гора. Крлиниот напаѓач е отстранет од репрезентацијата бидејќи се обидел да се пресмета со репрезентативниот колега, инаку играч на Ливерпул, Џо Гомез.

Англиските медиуми објавија детали од она што се случувало на првиот собир на репрезентацијата. Според нив, Стерлинг ги лечел фрустрациите од неделното дерби во кое Ливерпул го порази Манчестер сити со 3:1.

Во финишот на тој меч Стерлинг и Гомез имаа блиска средба, која ја средија нивните соиграчи и судијата Мајкл Оливер.

Стерлинг го нападнал Гомез, кој тргнал да се поздрави. Играчот на Сити го фатил за гуша Гомез. Другите репрезентативци најпрвин мислеле дека се работи за шега, но по неколку секунди, им станало јасно дека Стерлинг е сериозен во намерата да се пресмета со Гомез и спречиле многу посериозен инцидент.

Селекторот на Англија, Герет Саутгејт, веднаш применил воспитна мерка за напаѓачот на Сити и за да ги смири страстите, го отстранил од националниот тим.

„По дербито, емоциите беа толку силни. Такви ситуации знаат да ме совладаат. Џо и јас сме добри пријатели, добро се разбираме. Тоа траеше 5-10 секунди. Сега тоа е зад нас. Нема да ја правиме работата поголема од она што е“, рекол Стерлинг.

Инаку, Стерлинг нема да игра против Црна Гора, а селекторот Саутгејт дополнително ќе се изјасни дали ќе го повика за мечот со Косово (17 ноември).

Стерлинг поради Гомез отстранет од репрезентацијата

Прикажи повеќе...

Спорт

Спалети во Фиорентина?

Објавено пред

Лучано Спалети наскоро ќе го заменел Винченцо Монтела на тренерската функција во Фиорентина, тврдат италијанските медиуми.

Клубот од Фиренца сезонава има промениви резултати оваа Серија А, последниот пораз од Калјари (5:2) само ги засили шпекулациите за смена на тренерот.

Единствен проблем за Фиорентина е како да ја обезбеди платата на Спалети. 60 годишниот тренер откако доби отказ во Интер остана на платниот список на „Џузепе Меаца“.

Лучано Спалети во кариерата водел многу клубови, а последните неколку сезони ги мина во Зенит, Рома и Интер.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Ешерихија коли пронајдена во повеќе бунари, извори и чешми во Скопско

Од ЈЗУ Центар за јавно здравје – Скопје известуваат дека е пронајдена ешерихија коли и други бактерии во повеќе бунари,...

Македонија2 часа

Заев: Пензиите ќе се покачат од 850 до 900 денари

Буџетот за 2020 година превидува зголемување на пензиите како резултат на зголемување на минималната и просечната плата. „Пензионерите ќе добијат...

Топ3 часа

Загина пешак на патот Крива Паланка – Куманово

Шеесет и седумгодишен маж од кривопаланечкото село Градец почина кога вчера во него удри автомобил на магистралниот пат Крива Паланка...

Македонија4 часа

Владата ги повлече најавените измени на Законот за јавните собири

Владата ги повлекува предлог-измените на Законот за јавните собири. Од владината прес-служба информираат дека ги слушнале забелешките на граѓанските организации за...

Македонија4 часа

Таткото на Боки 13 призна дека го тепал попот, пресуда в понеделник

Обвинетиот Миле Јовановски, татко на неформалниот сопственик на „1ТВ“, Бојан Јовановски, утрово во судот призна дека е виновен оти го...

Регион4 часа

Ердоган со нова закана: Ќе ви испратам терористи

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја предупреди ЕУ дека неговата држава би можела да ги ослободи припадниците на Исламска држава...

Македонија5 часа

Собранието ќе избира заменик-министер за здравство

На денешната седница во Собранието треба да биде избран нов заменик-министер за здравство. Владата го предлага Арменд Арслани, кој е...

Свет5 часа

Џими Картер хоспитализиран поради крвавење во мозокот

Поранешниот американски претседател Џими Картер е хоспитализиран во Атланта заради крвавење во мозокот, што го предизвикало и неговото скорешно паѓање....

Регион6 часа

Во Црна Гора се појави ретка болест којашто ја пренесуваат животните

Во Црна Гора се појави ретка болест којашто ја пренесуваат животните. Паразитското заболување лајшманиоза коешто го пренесуваат комарците, се појави...

Македонија16 часа

Макрон го пречека Пендаровски во Париз

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, го пречека македонскиот претседател Стево Пендаровски во Париз. „Вечерва имав чест да присуствувам на вечерата...

Свет17 часа

(Видео) Грета Тунберг има двојничка во Русија која сака да ја исчисти планетата

Говорот на активистката Грета Тунберг (16) за климатските проблеми наиде на силен одѕив во светот. Два месеца по нејзиниот говор...

Македонија22 часа

(Видео) Постигнат е договор за зголемување на платите на здравствените работнии

Постигнат е договор за зголемување на платите на здравствените работници и соработници, почнувајќи од февруари в година. Платите на лекарите...

Економија23 часа

Горивата поскапуваат

Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поскапат за половина и за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика....

Македонија23 часа

Забрана за работење на компанијата што го загадуваше воздухот во Кочани

Државниот инспекторат за животна средина го забрани работењето на компанијата што учествуваше во загадувањето на воздухот во Кочани. Инспекторатот на...

Македонија24 часа

Заев: Жал ми е ако обвинетиот добие казна бидејќи има малолетни деца, но таа вечер други деца можеа да останат без родител

„Му се извинувам и на премиерот и на сите загрозени таа вечер во Собранието на 27 април 2017 година. Бев...

Македонија1 ден

Одговорните и натаму бараат решение за најопасниот отпад што се чува во ОХИС

Винилхлоридот, една од најопасните материи, се чува на специјална температура, под 20 степени, затоа што е лесно запалива. Има физичко...

Македонија1 ден

Тимоние: До крајот на годината Франција ќе го ратификува протоколот за НАТО

Франција до крајот на годината ќе го ратификува протоколот за членството во НАТО, изјави францускиот амбасадор, Кристијан Тимоние. Одговарајќи на...

Македонија1 ден

Анализите покажаa метил акрилат мономер, но не во воздухот, туку во цевките

Во воздухот нема отровни супстанции, покажаа анализите на штипскиот универзитет по истекувањето во фабриката ОХИС. Траги од метил акрилат мономер...

Свет1 ден

(Видео) Хаос во Хонгконг: запален човек, полицијата пука со вистински куршуми

Еден постар маж е запален во Хонгконг, каде што полицијата претходно пукаше на демонстрантите за време на ескалацијата на насилството...

Македонија1 ден

Заев: Во Охрид договоривме мерки за подобар Западен Балкан

Во Охрид договоривме мерки за олеснување на движењето и брз проток на трговијата, услугите и граѓаните во сите земји од...

Досие