Спорт
Шеикот преку Твитер го искара Покетино

Врие во ПСЖ по мечот со Лион, откако тренерот Покетино реши да го замени Лионел Меси во 73.минута. Меси одби да се ракува со својот тренер кога го напушти теренот.
И покрај тоа што никој, со исклучок на Покетино, не го коментираше овој „Инцидент“, на Твитер се огласи братот на сопственикот на ПСЖ, Калид бин Хамад бин Калифа Ал-Тани. Пораката што ја испрати може да се протолкува и како заканувачка.
„Лондон е убав град, го знаете тоа…“, напишал шеикот и приложил фотографија на Покетино.
Калид Ал-Тани прв го објави трансферот на Меси во ПСЖ, а потоа го провоцираше Реал откако „кралскиот клуб“ не успеа да го донесе во тимот Килијан Мбапе.
London is a beautiful city..you know that.. pic.twitter.com/u6rluYyuVu
— خلـــيفة بـــن حمـــد آلــ ثانــــــي (@khm_althani) September 19, 2021
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Челси лесно со најлошиот тим во лигата, Палас ја декласира Астон Вила

Фудбалерите на Челзи убедливо го совладаа Саутемптон со 4:0 (3:0), во 27.коло во Премиер лигата.
Без сомнение, Челзи го забележа најлесниот триумф сезонава, против најслабиот тим во лигата.
Серијата на „Стемфорд Бриџ“ ја отвори Кристофер Нкунку во 24. минута, а по 12 минути Нето го удвои водството за сините.
На минута пред паузата Колвил зголеми на 3:0, а во вториот дел Марк Кукуреља стави точка на натпреварот во 78. минута.
Челзи повторно влезе во зоната на Лигата на шампионите и моментално е на четвртото место со 46 бодови.
Саутемптон останува убедливо последен со само девет бода.
Премиер лига, 27 коло:
Брајтон – Борнмут 2:1 (1:0)
/Педро 12, Велбек 75 – Клајверт 61/
Кристал Палас – Астон Вила 4:1 (1:0)
/Сар 29, 71, Матета 59, Нкетија 90+1 – Роџерс 52/
Вулверхемптон – Фулам 1:2 (1:1)
/Гомеш 18 – Сесењон 1, Муниз 47/
Спорт
(Видео) Голшиште на Арнутовиќ, Интер се пласира во полуфиналето на Купот

Интер се пласираше во полуфиналето на Купот на Италија, откако го совлада Лацио со 2-0 (1-0) на „Џузепе Меаца. „Нероаѕурите“ во полуфиналето ќе играат против градскиот ривал Милан.
Клучен момент за победата на Интер беше 39. минута. Тогаш австрискиот напаѓач Марко Арнаутовиќ со прекрасен волеј му донесе водство на својот тим. Точка на мечот стави Хакан Чалханоглу од пенал на 15 минути до крајот на натпреварот. .
Интер игра одлично пред своите навивачи, нема пораз на претходните 16 натпревари, е победија на 13 од нив и три пати ремизираа. Лацио, пак, е елиминиран во четвртфиналето на Купот по петти пат во последните шест сезони
Во другото полуфинале ќе играат Болоња и победникот од дуелот Јувентус-Емполи.
Спорт
(Видео) Лудница на „Монжуик“ – Атлетико водеше 0:2, па Барселона 4:2, на крајот 4:4

Барселона и Атлетико Мадрид го одиграа мечот на сезоната во Шпанија. Во првиот полуфинален меч во Купот на Кралот, резултатот беше 4:4.
На „Монжуик“, Атлетико водеше 0:2, Барселона направи пресврт до крајот на првиот дел, а потоа поведе и со 4:2, а „јорганџиите“ во последните 10 минути постигнаа два гола. И повторно Барселона во судиското надополнување ја шокираше Александер Серлот.
Атлетико го отвори мечот со два гола во првите шест минути. Хулијан Алварез погоди во 47. секунда, а во шестата минута Гризман ја зголеми предноста.
Следуваше блиц-криг на Барселона, во 20. и 21.минута изедначија Педи и Кубарси. Младиот штопер во 62.меч за Барселона го постигна првиот гол во сениорскиот фудбал. До крајот на полувремето Мартинез го комплетираше пресвртот.
Барселона во првиот дел имаше две шанси, преку Феран Торес. Шпанскиот репрезентативец два пати беше сам пред голманот Мусо и не успеа да постигне гол.
Во вториот дел речисии да немаше возбудувања. Барселона го контролираше поседот, но без вистинска закана кон голот на противникот. А потоа нов спектакл во последните 15 минути.
Јамал ја измеша одбраната на Атлетико во 74.минута и му асистираше на Левандовски за 4:2.
Од тој момент гостите почнаа да играат. Во 84.минута Љоренте од 16 метри со мала помош на Гави го намали резултатот, а во 94.минута, Барселона си дозволи контра, Лино за Серлот за конечни 4:4.
Норвешанецот на 21.декември минатата година, во првенството го постигна голот за победа на Атлетико во 96.минута.
Реваншпт на „Метрополитано“ во Мадрид ќе се одигра на 2.април.