Контакт

Спорт

Шекил: Кога првпат добив пари, потрошив милион долари за еден час!

Објавено пред

Двејн Вејд и Шекил О’Нил имаа блескави НБА-кариери во кои заработија многу и сега ги предупредуваат младите НБА-кошаркари да бидат внимателни и да не ги повторуваат нивните грешки.

Во интервју за „Шарк танк“ во чест на денот на црните бизнисмени, двајцата зборуваа за финансиската интелигенција и Шекил признава дека кога почнал не знаел како да ги троши парите.

„Откако го потпишав првиот спонзорски договор, потрошив еден милион долари во еден час на неколку луксузни автомобили, накит и пат во Лас Вегас. Толку трошев, што од банката ми се јавија да разговараат со мене и ми порачаа дека ќе се уништам ако трошам како лудак, бидејќи не ги сметав работите како данок и слични работи“, вели Шекил.

Двејн Вејд имаше слична приказна за некои „сомнителни“ инвестиции.

„Потрошив многу пари. Имав лоши односи со луѓе од компании надвор од кошарката, некои ресторани. Требаше да бидам поедуциран“, објаснува Вејд.

Спорт

ЛШ: Украински кошмар за Реал, сега и со победа немаат сигурно место!

Објавено пред

Освојувачите на рекордни 13 европски титули, Реал Мадрид повторно загубија од Шахтјор Доњецк, за сега ниту со победа во последното коло во групната фаза на Лигата на шампионите да немаат гарантирано место во осминафиналето.

„Кралевите“, кои и дома загубија од украинскиот шампион (2:3), беа поразени со 2:0 на „Олимпискиот стадион“ во Киев, со што паднаа на третото место на табелата во групата Б со 7 поени, колку што имаат и Шахтјор и еден помалку од Борусија Менхенгладбах, кои вечерва ги пречекуваат Интер. Тоа значи дека и со победа над Менхенгладбах во последното коло, доколку Шахтјор го победи Интер на гости, „кралевите“ ќе бидат елиминирани, бидејќи имаат негативен скор со украинскиот клуб.

По слабото прво полувреме, Шахтјор дојде во водство во 57. минута по новата катастрофална грешка на Рафаел Варан преку Дентињо, за во 82. минута, Израелецот Манор Соломон со удар од далечина го матираше Тибо Куртоа, а Варан повторно лошо интервенираше.

И во групата А ситуацијата се искомпликува, откако во Москва, Ред бул Салцбург предводени од двата гола на младиот Мергим Бериша стигнаа до 3:1 победа над Локомотив Москва. Тука Баерн веќе се во осминафиналето и вечерва гостуваат со Б-тим кај Атлетико Мадрид, кои се втори со 5 поени. Салцбург се трети со 4 поени, а Локомотив на последното место со 3 поени.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 5.КОЛО

ГРУПА А

Локомотив Москва – Ред бул Салцбург 1:2

Атлетико Мадрид – Баерн Минхен 21.00 ч.

Табела: 1.Баерн М. 12, 2.Атлетико М. 5, 3.Салцбург 4., 4.Локомотив М. 3

ГРУПА Б

Шахтјор Доњецк – Реал Мадрид 2:0

Борусија Менхенгладбах – Интер 21.00 ч.

Табела: 1.Менхенгладбах 8, 2.Шахтјор 7, 3.Реал М. 7, 4.Интер 2

Прикажи повеќе...

Спорт

Холифилд сака трилогија со Тајсон, но бара 25 милиони долари

Објавено пред

Поранешниот шампион во тешка категорија, Ивандер Холифилд кој имаше две легендарни пресметки со Мајк Тајсон, од кои во втората во 1997 година остана без дел од увото кое Тајсон му го одгриза, признава дека е подготвен „за два дена“ да се подготви за трет меч со стариот ривал.

58-годишниот Холифилд последен пат боксуваше во 2011 година против Данецот Брајан Нилсен, но по камбекот на Тајсон против Рој Џонс Јуниор минатиот викенд (кој заврши со реми), веднаш почнаа шпекулации за неговиот слеедн противник, со Холифилд како прв фаворит.

„Не влегувам во рингот за помалку од 25 милиони долари. Го победив Тајсон двапати и погрешно е јас да го прашувам него за борба“, вели Холифилд.

Меѓутоа, тој вели дека е подготвен за меч.

„Ако ме повикаат да боксуваме за два дена, ќе бидам таму за два дена“, објаснува Холифилд.

Прикажи повеќе...

Спорт

Лапорта сака Барса да му го украде слоганот на Ливерпул – You’ll Never Walk Alone!

Објавено пред

Претседателскиот кандидат на Барселона, Жоан Лапорта, сака каталонскиот клуб да биде инспириран од Ливерпул и да го користи слоганот You’ll Never Walk Alone за славната академија на клубот, „Ла Масија“.

Лапорта, кој беше претседател на Барса од 2003 до 2010, потврди дека ќе се кандидира на изборите во јануари. На неговата веб-страница јасно стои програмата за „Ла Масија“.

„’Ла Масија’ ќе биде постојана придружба на фудбалерите со слоганот You’ll Never Walk Alone. Сакаме да станеме центар за високи перформанси и спортска исклучителност, каде што фудбалерите лично ќе се развиваат“, вели Лапорта.

Останува прашањето зошто академијата, која ги произведе Лионел Меси, Чави, Андрес Иниеста, Карлес Пујол и Ансу Фати, би сакала да преземе слоган од друг клуб.

You’ll Never Walk Alone е песна напишана во 1945 година за мјузиклот „Карузел“, но стана неофицијална химна на Ливерпул кога во 1963 година ливерпулската група „Џери енд д пејсмејкерс“ објави всвоја преработка.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Регистрирани 1.069 новозаразени, 1.242 оздравени и 29 починати лица од коронавирус

Во последните 24 часа се направени 3.012 тестирања, а регистрирани се 1.069 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје-489,...

Македонија3 часа

Починатите од Ковид-19 не мора да бидат погребани во затворен и залемен метален сандак

На денешната седница Владата го прифати заклучокот на Комисијата за заразни болести дека овластените оператори за погребални услуги се должни...

Македонија3 часа

Со посебни протоколи ќе се отворат скијачките центри

Владата го прифати мислењето на Комисијата за заразни болести дека скијачките центри може да работат во согласност со соодветен протокол,...

Македонија3 часа

Владата предлага продолжување на кризната состојба до јуни

Владата ќе достави до Собранието предлог за продолжување на кризната состојба до јуни в година. Владата на денешната седница го...

Топ5 часа

Украден паричник од покојник во ковид-центар во Скопје

Украден е паричник од маж што починал во ковид-центарот на комплексот клиники „Мајка Тереза“. Случајот вчера во полицијата го пријавил...

Македонија6 часа

Бучковски назначен за специјален претставник на Владата за Бугарија

Владо Бучковски е именуван за специјален претставник на македонската Влада за Бугарија. Поранешниот премиер е именуван на оваа позиција на...

Македонија7 часа

ЗНМ, ССНМ и СЕММ на средба со Филипче: Нема забрана за снимање, новинарите да продолжат непречено со својата работа

На барање на министерот за здравство, Венко Филипче, денеска се одржа состанок со претставници на Здружението на новинари на Македонија...

Македонија7 часа

(Видео) Мицкоски: Ова се моменти кога се одлучува за иднината на нашите деца и внуци

„Ова се моменти кога се одлучува за иднината на нашите деца и внуци и затоа навистина овој пат треба да...

Регион7 часа

Србија воведе нови мерки – угостителските објекти и продавниците ќе работат до 17 часот, за викенд ќе бидат затворени

Србија воведе нови мерки кои треба да бидат усвоени од Владата в четврток и да стапат на сила в петок....

Македонија8 часа

УКИМ: Обезвреднувањето на идеалите и на жртвите за посебна македонска држава би значело и поткопување на темелите на државата

Обезвреднувањето на идеалите и на жртвите за посебна македонска држава би значело и поткопување на темелите на државата, сметаат од Универзитетот...

Македонија9 часа

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 846 пациенти, слободни кревети има

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 846 пациенти позитивни и...

Македонија11 час

Волонтерите од Воено-медицинскиот центар и студентите од шеста година се вклучија во работата на ковид-центрите

Лекарите и медицинските сестри од Воено-медицинскиот центар (ВМЦ) и студентите кои се на шеста година студии на Медицинскиот факултет во...

Регион11 час

Катимерини: Спорот меѓу Скопје и Софија ќе се пренесе во НАТО

Инсистирањето на Бугарија да ги блокира разговорите за пристапување во Европската Унија со Северна Македонија ризикува да создаде уште една...

Македонија12 часа

Почина заменик-градоначалникот на Скопје, Енвер Малиќи

Енвер Малиќи, заменик-градоначалникот на Град Скопје, починал денеска во болницата „Систина“, откако беше хоспитализиран поради низа здравствени проблеми, а беше...

Свет12 часа

„Модерна“ бара од САД и ЕУ да ја одобрат нејзината вакцина

Фармацевтската компанија „Модерна“ побара од регулаторите на САД и Европа да ја дозволат употребата на нејзината вакцина против коронавирус. Компанијата...

Свет12 часа

Азар: Првите вакцини против коронавирус во САД ќе стигнат пред Божиќ

Првите две вакцини против новиот коронавирус би можеле да им бидат достапни на Американците пред Божиќ, изјави американскиот министер за...

Свет12 часа

Си-ен-ен: Кина од почетокот криела податоци за коронавирусот, покажувала помали бројки

Си-ен-ен објави ексклузивни документи за кои наведува дека покажуваат значајни пропусти од страна на Кина на почетокот на епидемијата на...

Свет13 часа

Американски експерти: Ким е вакциниран против Ковид-19, вакцината му ја дала Кина

Кина му обезбедила експериментална вакцина против коронавирус на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун и неговото семејство, тврди американскиот аналитичар Хери Казианис,...

Свет13 часа

САД: Осуден на смрт пред 20 години не може да биде погубен бидејќи нема инјекција

Судот во Јужна Каролина донесе одлука да се одложи извршување на смртната казна со вбризгување инјекција на осуденикот Ричард Бернард...

Македонија14 часа

Меркел: Северна Македонија се надеваме годинава да ги почне преговорите, Албанија ќе почека

Северна Македонија сè уште има шанси да ја одржи првата Меѓувладина конференција со ЕУ оваа година, во текот на германското...

Досие