Спорт
Шерика Џексон истрча трето најдобро време во историјата на 200 метри

Спринтерката од Јамајка, Шерика Џексон, го постигна третиот најдобар резултат на сите времиња на првенството во атлетика на Јамајка во Кингстон. Таа истрча време од 21,55 секунди во трката на 200 метри. Џексон победи и на 100 метри во петокот и не го криеше изненадувањето кога го виде своето време на семафорот, потврдено со отсуство на ветер.
„Искрено, шокирана сум, не очекував да одам толку брза. Знаев дека го имам во нозете, но да трчам толку брзо… Можам да кажам дека сум многу благодарна“, изјави Џексон.
Побрзи од неа во историјата на трката на 200 метри се само покојната Флоренс Грифит-Џојнер, чиј светски рекорд од 21,34 стои од 1988 година, и Елејн Томпсон-Хера, која истрча 21,53 секунди на Олимписките игри во Токио минатата година.
28-годишната спринтерка од Јамајка го подобри својот личен најдобар резултат од 26,10 секунди, како и најдобриот резултат сезонава на 200 метри од 21,77 секунди, што неколку часа претходно го постигна Американката Аби Стајнер во Јуџин (Орегон) на националното првенство на САД.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Левандовски: Барселона оваа сезона ќе освои неколку трофеи

Новиот напаѓач на Барселона, Роберт Левандовски, уште еднаш изрази уверување дека тимот ќе освои трофеи оваа сезона, и покрај неуспешниот старт во Ла Лига против Рајо Ваљекано (0:0).
„Мислам дека беше доволно време Барса да не освои трофеј. Сигурен сум дека ќе освоиме неколку пехари оваа сезона“, изјави полскиот напаѓач.
Тој уште еднаш потенцираше дека го направил вистинскиот потег со трансферот на „Камп Ноу“.
„Кога првпат дознав дека Барселона е заинтересирана да ме донесе во тимот, веднаш помислив дека ова е совршен момент и за мене и за клубот“, истакна Левандовски.
Спорт
Роналдо набргу ќе ја каже вистината за Манчестер јунајтед
Кристијано Роналдо удри по англиските медиуми велејќи дека тие постојано објавувааат лаги за него и вети дека наскоро ќе ја каже вистината за неговата ситуација во Манчестер јунајтед.
„Ќе ја дознаат вистината во интервју за неколку недели. Медиумите кажуваат лаги. Имам бележник и во последните неколку месеци од 100 вести за мене, само 5 беа вистинити. Таква е ситуацијата“, коментираше Роналдо на Инстаграм.
Во последните месеци вестите велеа дека Португалецот сака да замине од „Олд Трафорд“ во летниот преоден рок, наводно незадоволен од засилувањата на тимот и од тоа што „ѓаволите“ не играат во Лигата на шампионите, но исто така се тврдеше дека повеќе клубови (Атлетико Мадрид, Интер, Милан, Пари Сен-Жермен, Челси, Баерн Минхен…) одбиле можност да го добијат.
Спорт
Дани Себалјос одлучи да остане на „Бернабеу“

Шпанскиот репрезентативец Дани Себалјос ќе остане во Реал Мадрид и оваа сезона. Иако е свесен дека повторно ќе има периферна улога во мадридскиот тим, играчот од средниот ред избра да остане во клубот.
Анчелоти, пак, сметаше дека нема подобар играч на трансфер пазарот да го замени стартерот Лука Модриќ. Тој на 26-годишниот Шпанец му вети и поголема минутажа оваа сезона.
Дополнително, раководството ја разгледува можноста фудбалерот кој има 11 натпревари за репрезентацијата да добие понуда за продолжување на договорот кој истекува следното лето.
Откако помина две години на позајмица во Арсенал, Дани Себалјос остана во Реал Мадрид минатата сезона, но доби само 338 минути на 18 натпревари во сите натпреварувања. Во новата сезона, тој се појави на двата натпревари на тимот досега о повторно како резерва, со скромна минутажа.