Спорт
Шест натпревари суспензија за Курзава, два за Нејмар
Дисциплинската комисија на француската Лига 1 ги одреди казните за инцидентот што се случи на дербито помеѓу ПСЖ и Олимпик Марсеј (0:1).
Во финишот на натпреварот петмина фудбалери добија црвени картони. Најголема казна поради инцидентот доби левиот бек на ПСЖ, Левен Курзава, кој е суспендиран на шест натпревари.
Неговите соиграчи Леандро Паредес и Нејмар се суспендирани од два натпревара и условно од уште еден натпревар.
Фудбалерите на Олимпик Марсеј, Жордан Амави и Дарио Бенедето, добија суспензија од три, односно еден натпревар,
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Полската репрезентација патува ослабена на Европското првенство: Џереми Сочан го пропушта шампионатот поради повреда

Кошаркарскот репрезентативец на Полска, Џереми Сочан ќе го пропушти овогодинешното Европско првенство поради повреда на листот.
Иако не се смета за сериозна, повредата бара одмор и рехабилитација, што го исклучува Сочан од учеството за полската репрезентација на помалку од три недели до турнирот, објави официјалната веб-страница на Европското првенство.
„Многу ни е жал што летото на Џереми со репрезентацијата завршува толку брзо. Тој е ценет член на нашиот тим и има одличен однос со тимот“, рече селекторот на полската репрезентација Лукаш Кошарек.
Сочан е играч на Сан Антонио, а минатата сезона во Американската професионална кошаркарска лига (НБА) имаше просек од 11,4 поени, 6,5 скока и 2,4 асистенции.
Полска е еден од домаќините на овогодинешното Европско првенство, кое ќе се одржи од 27 август до 14 септември, а во групата Д ќе играат со репрезентациите на Франција, Словенија, Израел, Белгија и Исланд.
фото: принтскрин
Спорт
(Видео) Модриќ дебитираше во дебаклот на Милан

Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ го одигра својот прв натпревар за Милан откако пристигна како слободен агент.
„Росонерите“ дожевеаја дебакл на „Стемфорд Бриџ“, на генералната проба пред почетокот на новата сезона.
„Сините“ ги декласираа со резултат од 4:1, а Модриќ го одигра целото второ полувреме за гостите од Милано.
Во моментот на влегување во играта, Челзи водеше со автогол на Андреј Кубиш во петтата минута, и голот на Жоао Педро во осмата минута. Романскиот дефанзивец дефинитивно беше трагичара, бидејќи заработи директен црвен картон во 18-та минута.
Лиам Делап го зголеми резултатот од пенал во 67-та минута, а Јусуф Фофана го постигна почесниот гол за Милан во 70-та минута.
Делап ги постави конечните 4:1 во 90-та минута и ја запечати победата на Челзи, кој следната недела ќе го пречека Кристал Палас.
Спорт
(Видео) Палас на Ливерпул му го „украде“ првиот трофеј во сезоната

Фудбалерите на Кристал Палас го освоија првиот трофеј во сезоната, откако го победија Ливерпул во популарниот Комјунити Шилд на „Вембли“ по подобро изведување на пенали.
Во регуларниот дел од натпреварот, резултатот беше 2:2. Ливерпул двапати поведе во текот на натпреварот, но двата пати освојувачите на ФА Купот успеаја да се вратат во живот и да победат на пенали.
Нови играчите од Бундеслигата доминираа, Флоријан Вирц му асистираше на Уго Екитике во 4-та минута за првиот гол на натпреварот.
Жан-Филип Матета возврати во 17-та минута од пенал, што најави нов спектакуларен дуел на „Вембли“.
Сепак, само четири минути подоцна, гол постигна уште еден играч кој лртово го засили Ливерпул, Џереми Фримпонг постигна гол за Ливерпул, на асистенција на Доминик Собослај. Во 77-та минута, Ибрахима Сар изедначи на 2:2.
Немаше повеќе голови, па веднаш се шутираа пенали. Во пенал серијата доминираше голманот на Палас, Дин Хендерсон.
Тој ги одбрани ударите на Мекалистер и Елиот, додека Салах промаши, што беше доволно Палас да направат уште едно големо изненадување.
Матета, Сар и Девени погодина за вториот голем трофеј во историјата на Палас, во рок од два и пол месеци еден од друг.
Foto/ EPA/TOLGA AKMEN