Спорт
Шест пливачки поднеле тужби против УСАС
Шест поранешни американски пливачки поднеле тужби против Пливачкиот сојуз на САД (УСАС) бидејќи ова тело не ги заштитило од сексуалното малтретирање на тројца тренери.
Дебра Гроденски, Сузет Моран и Трејси Палмеро, заедно со уште три жени, кои остануваат анонимни, поднеле три тужби против УС свиминг. Тие тврдат дека УСАС не ги заштитил од сексуалното малтретирање на поранешниот тренер на американската репрезентација, Мич Ивеј, поранешниот директор на репрезентацијата, Еверет Учијама, и поранешниот тренер, Ендрју Кинг.
„Моето сексуално малтретирање 100 отсто можеше да биде спречено“, рекла Гроденски откривајќи дека Кинг ја малтретирал кога била на возраст од 11 до 16 години. Во наведениот период таа била пливачка во Калифорнија. Имала 16 години кога тогаш 37-годишниот Кинг побарал да се венчаат.
Од предлогот била толку многу вознемирена и преплашена поради што решила да го напушти спортот.
Таа сега има 51 година, живее во Њујорк и со години се лекува од депресија.
„Сакам оваа тужба да го разбуди американското пливање“, рекла таа.
Моран изјавила дека Кинг ја тренирал кога имала 12 години и кога Ивеј почнал да ја вознемирува. Со 17 години забременила поради што неколку месеци пред Олимписките игри во 1984 година морала да абортира.
Кинг е уапсен во април 2009 година поради сексуален напад врз малолетен пливач. За вкупно 20 обвинувања за вознемирување деца тој е осуден на 40 години затвор.
Ивеј е отпуштен во 1993 година додека бил тренер на Универзитетот „Флорида“. Тогаш имало обвинувања дека сексуално злоупотребува пливачи. Сепак, и покрај отказот, Ивеј останал активен во спортот. Дури во 2013 година добил доживотна забрана за работа во спортот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Неочекуван епилог на последната трка во бијатлон, Дале-Шјевдал ја растури конкуренцијата
Изненадувачки епилог доби бијатлонската трка на 15 кимолемтри, масовен старт, на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина. Норвешка го освои своето трето злато на Олимписките игри во биатлон, новиот шампион е Јоханес Дале-Шјевдал. Поврфила Французите, лоши беа на стрелиштетот, честа им ја спадси Фијон Маје, додека Перо и Жакелан завршија на 20-то и 21-то место.
Јоханес Дале-Шјевдал , 28-годишникот од Лоренского го постигна најголемиот успех во својата кариера, бидејќи досега имаше две сребра и една бронза од Светските првенства во 2020 и 2021 година, а забележа и три триумфи во Светскиот куп.
Наследникот на големиот имењак Тингнес Бо, кој го освои златото во оваа дисциплина во Пекинг пред четири години, ја заврши „трката во кариерата“ без промашување (20 од 20 во целта), добар беше на скиите и не им даде никаква шанса на своите ривали да го загрозат во последниот круг.
Дале-Шјевдал триумфираше пред сонародникот Стурла Холм Лагрејд, кој со освојувањето на среброто дојде до петтиот медал во пет трки на овие Олимписки игри. Тој Игрите и заврши со три сребра и две бронзи. Лагрејд заостануваше 10,5 секунди, со едно промашување.
Со брилијантен финиш, во кој „прелета“ покрај Германецот Филип Хорн, легендарниот Французин Контан Фијон Маје го освои бронзениот медал, својот трет медал, по две злата. Неговото заостанување беше 25,6 секунди, но со четири промашувања на стрелиштето.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Тежок пад на малдиот Новозеланѓанец во квалификациите во халфпајп
Репрезентативецот на Нов Зеланд, Финли Мелвил Ивс, главен фаворит во дисциплината скијање во слободен стил, беше изнесен од снегот на носилка во петокот по тежок пад за време на неговиот втор настап во квалификациите на ЗОИ во Милано и Кортина.
Младиот, 19-годишен Ивс, светски шампион во 2025 година, веднаш доби лекарска помош, откако го промаши слетувањето, силно удри на земјата и остана без скиите и стаповите.
Натпреварот беше прекинат неколку минути, пред спортистот да биде изнесен од патеката.
Please pray for Finley Melville Ives 🙏 pic.twitter.com/KjctijLYpa
— Denzel Updates Sports (@DenzelEmpire1) February 20, 2026
Претходниот ден, Канаѓанката, Кејси Шарп исто така доби медицинска помош по спектакуларниот пад за време на квалификациите за жени.
Двократната олимписка шампионска сега е во стабилна состојба, објави Канадската скијачка асоцијација.
Foto/ X
Спорт
Воркапиќ го засили Вардар 1961
Вукашин Воркапиќ, репрезентаивец на Србија, потпиша договор на две и пол години со Вардар 1961.
Договорот беше Воркапиќ да се пресели во Скопје на крајот од сезоната, но финансиските тешкотии со кои се соочува Војводина ја забрзаа реализацијата на трансферот.
Тој ќе дебитира во дресот на македонскиот шампион, ви кендов, во дербито против Алкалоид.
Воркапиќ е роден во Белград и има 28 години. Игра на позицијата десно крило и поголемиот дел од кариерата го помина во Војводина, за која играше во Челинџер купот и Лигата на Европа.
Покрај Војводина, го носеше дресот на Металопластика од Шабац и француски Иври.
Foto/ facebook.com/rkvardar

