Контакт

Спорт

Шевченко ја составил листата на засилувања

Објавено пред

Џенова до крајот на сезоната ќе води жестока борба за опстанок во Серија А. Тимот од „Луиџи Ферарис“ освои само 11 поени во првите 18 натпревари, што е доволно за 18 место на табелата.

dobivaj vesti na viber

Смената на тренерот и доаѓањето на Андриј Шевченко не донесе никакви промени кога се во прашање резултатите на „грифоните“.

Шевченко смета дека тимот мора да се засили за да избори опстанок.

Доставил и конкретна листа на засилувања. Украинскиот тренер побарал тројца играчи, кои во Џенова би дошле на заем и еден кого ќе се обиде да го донесе по завршувањето на сезоната.

Првиот пик на Шевченко е Миралем Пјаниќ. 31-годишниот фудбалер е опција за Џенова по завршувањето на сезоната кога ќе му заврши заемот во Бешикташ. Јасно е дека тој нема да се врати во Барселона. Проблем за клубот претставува платата на Пјаниќ, која изнесува 6.000.000 евра.

Кога станува збор за зимскиот преоден рок, Шевченко ќе преговара за заем на Андриј Јармоленко, Матијас Весино и на Саму Кастиљехо.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Нагелсман се враќа во Минхен

Објавено пред

Баерн Минхен интензивно работи на враќањето на Јулијан Нагелсман во клубот. Нагелсман, во март минатата година, буквално беше избркан од клубот. На неговото место дојде Томас Тухел, кој не ги исполни очекувањата.

dobivaj vesti na viber

Баерн Минхен, откако ги одби Чаби Алонсо (ќе остане во Баер Леверкузен) има само едно име на спискот за нов тренер. Тоа е актуелниот селектор на Германија, Јулијан Нагелсман.

Наводно спортскиот директор Макс Еберл ќе му се извини на млафиот стручњак во името на клубот, а потоа ќе му понууди нов договор.

Минатата година, во финишот на сезоната, тогашните функционери на Баерн, Хасан Салихамиџиќ и Оливер Кан му го врачија отказот на Кан.

Шест месеци подоцна (октомври 2023), почесниот претседател на Баерн, Ули Хенес, кој се уште има големо влијание во клубот, јавно кажа дека клубот направил голема грешка кога го отпуштил Нагелсман.

„Клубот донесе одлука, сака Нагелсман да биде нов тренер. Макс Еберл и Кристоф Фројнд веќе имаа прелиминарни разговори со менаџерот на младиот стручњак. Разговорото поминал добро“, тврди новинарот „Скај Спортс Германија“, Флоријан Плетенберг.

„Баерн има подготвено договор за три или четири години. Јулијан самиот треба да реши колку ќе трае неговиот договор. Тој се уште не го кажал конечното „да“, бидејќи ДФБ (Германскиот фудбалски сојуз) го убедува да ја продолжи соработката што истекува по Европското првенство, но Нагелсман во моментов е поблиску до одлуката да се врати во Минхен“, заклучува Плетенберг.

Прикажи повеќе...

Спорт

Ндика ја напушти болницата

Објавено пред

Фудбалерот на Рома, Еван Ндика ја напушти болницата во Удине, откако колабираше на теренот за време на натпреварот помеѓу двата клуба, соопшти Рома.

dobivaj vesti na viber

Ндика падна на теренот во 72.минута од натпреварот Удинезе-Рома. По укажаната лекарска помош на теренот бил пренесен во болница.

„Првото и второто ниво на кардиолошки прегледи не открија срцева патологија. Нови прегледи ќе бидат извршени во Рим“, се вели во соопштението на Рома.

По дискусија меѓу тренерите на двата тима и судиите, беше одлучено натпреварот да се прекине, бидејќи играчите на Рома не можеа да го продолжат натпреварот.

Натпреварот беше прекинат на 1:1, а таа одлука беше дочекана со аплауз од навивачите на стадионот.

Италијанската лига до крајот на неделата ќе го објави дали натпреварот ќе продолжи од 72.минута или ќе се игра нов.

Ндика пристигна во Рома минатото лето, по пет сезони поминати во Ајнтрахт Франкфурт.

Прикажи повеќе...

Спорт

Фелипе Андерсон го напушта Лацио, се враќа во Бразил

Објавено пред

Фелипе Андерсон по завршувањето на сезоната како слободен играч ќе го напушти Лацио. Изнендување претставува неговата следна дестинација, бидејќи италијанските медиуми тврдеа дека тој ќе се пресели во Јувентус. Сепак, Андресон реши да се врати во Бразил.

dobivaj vesti na viber

Андерсон, во светлосиниот дрес одигра 319 натпревари, постигна 58 голови и забележа 63 асистенции.

Играчот од средниот ред во два мандати настапуваше за Лацио, од 2013 до 2018 година и од 2021 до 2024 година. Помеѓу овие два мандати, без многу успех играше за Вест Хем и Порто.

Андерсон, кариерата ќе ја продолжи во Палмеирас. Потпиша договор со клубот од Сао Паоло до 31 декември 2027 година.

Италијанските медиуми наведуваат дека причините за враќање во татковината се од приватен карактер.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет10 минути

Иран: Следниот напад ќе биде во рок од неколку секунди

Се’ повеќе високи ирански претставници ги предупредуваат и Израел и Западот за последиците од можната израелска одмазда. Така, иранскиот воен...

Македонија48 минути

ВМРО-ДПМНЕ: Во ЕУ не се оди со политичари како Пендаровски

Во ЕУ не се оди со политичари како Пендаровски. Во ЕУ се почитуваат основните човекови права и се унапредуваат, а...

Македонија59 минути

Стојаноска во Тетово: угостителите сезонски се селат во други држави, незадоволни се од актуелната власт

Вчерашниот ден Дафина Стојаноска – членка на ИК на ВМРО-ДПМНЕ го искористи и за средба со Здружението на угостители од...

Регион2 часа

Го искористи правото да не сведочи: заврши сослушувањето на мајката на осомничениот за убиството на Данка Илиќ

Светлана Драгијевиќ, мајката на Дејан Драгијевиќ, кој е осомничен за убиството на двегодишната Данка Илиќ го искористи законското право да...

Свет2 часа

Полицијата нападот во црквата во Сиднеј го окарактеризира како терористички чин, напаѓачот е уапсен

Австралиската полиција го прогласи прободувањето со нож во црква во Сиднеј за верски мотивиран „терористички чин“. Момче (15) е уапсено...

Свет2 часа

Иран зад себе има незамислива сила која е закана за целиот свет: група од најбруталните терористи подготвени да интервенираат

Иранскиот напад врз Израел го отвори патот за нова ескалација на Блискиот Исток. Директен конфликт меѓу овие две земји ќе...

Регион3 часа

Земјотрес ја погоди Грција

Земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Грција. Епицентарот на земјотресот бил на Крит на...

Македонија12 часа

Силјановска -Давкова: Ќе се залагам АРМ секогаш да ги исполнува НАТО стандардите и да вклучва повеќе жени

„Претседателот е врховен командант на вооружените сили. А вооружените сили се бранителот на територијалната независност и интегритет на Македонија. Во...

Македонија13 часа

(Видео) „Ако го интересира Мицкоски кој од неговите најблиски соработници биле кај мене, ќе му кажам“, рече Пендаровски

Вечерва претседателскиот кандидат Стево Пендаровски беше меѓу жителите на Гази Баба и одговараше на нивните прашања. Граѓаните побараа одговор дали...

Македонија20 часа

Протестите на специјализантите имаат политичка заднина, колкав притисок и да прават, решение е можно по изборите, вели Демири

Министерот за здравство ги поддржува барањата за поголеми плати и платени придонеси на приватните специјализанти, но нема мерки што би...

Македонија20 часа

Демири: Ќе предложам невакцинирани да не може да се вработат во јавното здравство

Министерот за здравство во техничката Влада, Илир Демири, ќе побара законски измени со кои ќе биде забрането во јавното здравство...

Македонија21 час

Деветвалентната ХПВ-вакцина, која спречува 80 отсто од аналниот карцином и 70 отсто од карциномот на грлото на матката, достапна кај нас од следниот месец

За еден месец сите вакцинални пунктови ќе ја добијат деветвалентната ХПВ-вакцина, која од оваа година, покрај девојчињата на возраст од...

Македонија22 часа

Припадници на затворската полиција се сомничат дека му овозможиле на осуденикот да побегне од Идризово – може да добијат и до 10 години затвор

Седумнаесет полицајци се приведени по повеќемесечна предистражна постапка за бегството на затвореникот од Идризово, кое се случи во октомври минатата година....

Македонија22 часа

Османи со порака до Израел: Воздржете се од возвраќање, спиралата на конфликти може да се влоши

Министерот за надворешни работи Бујар Османи порача до Израел да не возраќа на нападот на Иран бидејќи состојбата може да...

Uncategorized22 часа

Укината социјалната помош на 1.134 лица оти имале возило и за 18 месеци ја оштетиле државата за над 2,5 милиона евра

Министерството за труд изготвило 1.134 решенија за прекин на гарантирана минимална помош и социјална пензија на лица што 18 месеци...

Топ23 часа

На автопатот Скопје – Велес мотоциклист излетал од патот и починал од повредите

Вчера, во 12 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје – Велес, во близина на тунелот „Бадар“,...

Македонија24 часа

Си плаќаме приватно за да се лекуваме оти не сме здравствено осигурени, велат приватните специјализанти, кои излегоа на штрајк

Над 400 приватни специјализанти утрово излегоа на генерален штрајк барајќи покачување на платите и здравствено осигурање. Тие истакнаа дека надоместокот...

Свет1 ден

Израел: Иран почна војна, сите опции се на маса

Иран покрена војна против Израел кога лансираше беспилотни летала и проектили, мораме да ги одвратиме, изјави за „Скај њуз“ портпаролката...

Свет1 ден

Израелската армија објави фотографии од штетите од иранските напади

Околу 99 отсто од ракетите, беспилотните летала и крстаречките ракети лансирани за време на одмаздничката операција на Иран биле соборени...

Свет1 ден

Иран: Ако Израел возврати, следниот напад ќе биде одлучувачки

Амбасадорот на Иран во ОН, Амир Саид Иравани, даде изјава за „Скај њуз“ по состанокот на Советот за безбедност на...