Контакт

Спорт

Дебакл на Серхио Рамос – два жолти картона за само четири минути

Објавено пред

Лидерот во Франција, ПСЖ, синоќа се спаси од пораз кај претпоследниот на табелата, Лориен. Икарди со гол во самиот финиш успеа да му донесе бод на својот тим.

dobivaj vesti na viber

Французите, по натпреварот, најмногу го коментираат изданието на Серхио Рамос. Легендата на Реал, кој во летниот преоден рок се пресели во Париз, беше исклучен во 85. минута.

Рамос во интервал од само четири минути доби два жолти картона.

Бројките на Рамос во ПСЖ се поразителни. Дојде повреден на „Паркот на принцовите“, минатиот месец целосно се рехабилитира од повредата, поради што од можните 19 натпревари во Лига 1, одиграл 130 минути.

Три натпревари му беа потребни да го добие првиот црвен картон во ПСЖ.

Синоќ,а тој 27. пат во кариерата заврши натпревари поради црвен картон. 20 пати бил исклучен во Ла Лига, по еднаш во Суперкупот на Шпанија и во дресот на ПСЖ и петпати во Лигата на шампионите, каде што го држи неславниот рекорд со уште една легенда – Златан Ибрахимовиќ.

Кликни тука и види како Рамос експресно доби црвен картон.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Емирот од Катар и францускиот претседател во нова мисија да го убедат Мбапе да остане во ПСЖ

Објавено пред

Францускиот претседател Емануел Макрон беше еден од главните „виновници“ што пред две години Килијан Мбапе го прекрши усниот договор со Реал Мадрид и остана во ПСЖ.

dobivaj vesti na viber

Другите двајца актери од таа приказна беа првиот човек на клубот Насер ал-Хелаифи и емирот на Катар Тамим бин Хамад Ал-Тани.

Според пишувањата на француските медиуми, оваа тројка би можела да се сретне со францускиот напаѓач утре на приемот што го приредува претседателот на Републиката за емирот на арапската земја, кој е во прва официјална посета на француската престолнина откако дојде на тронот во 2013 година.

Според француски „Ле Паризиен“, на настанот ќе присуствува и Мбапе, кој е еден од поканетите гости.

Главната причина за посетата на емирот, како што пренесува шпанскиот весник „Марка“, се преговорите што се организираат во француската престолнина за нов прекин на огнот во Газа, бидејќи Катар е земјата која посредува меѓу Палестина и Израел.

Во Елисејската палата, на приемот, покрај Мбапе ќе има и други истакнати спортисти.

Сепак, мислите на Мбапе веќе се свртени кон Реал Мадрид, па прашање е дали гореспоменатите актери кои веќе одиграа важна улога во кариерата на францускиот репрезентативец можат да го натераат повторно да ја смени својата одлука.

Прикажи повеќе...

Спорт

(Видео) Бергвал во стилот на Марадона: Издрибла петмина и постигна гол

Објавено пред

Лукас Бергвал најавува голем потенцијал и во иднина може да биде голема ѕвезда на светскиот фудбал.

dobivaj vesti na viber

Младиот 18-годишен играч од средниот ред игра фантастично за Ѓургарден. Тој успеа да постигне гол во стилот на Марадона или Меси. против Јунајтед Нордик во купот.

Во 11. минута го постигна својот прв гол на натпреварот, а потоа во 67. минута воодушеви со голот за 4:0. Ја прими топката на сопствената половина од теренот, на пат кон голот издрибла пет противнички фудбалери и на крајот ја затресе мрежата.

18 year old Lukas Bergvall with a filthy solo goal for Djurgården
byu/OleoleCholoSimeone insoccer

Бергвал веќе дебитираше за Шведска на натпреварот против Естонија на 12 јануари.

Во зимскиот преоден рок тој беше пред потпис со Барселона, но во последен момент ја смени одлуката и потпиша договор со Тотенхем. Англискиот клуб за Бергвал на Ѓургарден му плати 10.000.000 евра.

Прикажи повеќе...

Спорт

„Црвените ѓаволи“ нема да го откупат договорот на Амрабат

Објавено пред

Манчестер jунајтед нема да го откупи од фиорентина договорот на Софијан Амбрабат. Мароканецот по завршувањето на сезоната ќе се врати во Фиренца.

dobivaj vesti na viber

Амрабат, минатото лето, во последните часови од преодниот рок пристигна на позајмица од Фиорентина.

Јунајтед плати девет милиони евра за едногодишната позајмица, со опција да плати уште 25 милиони евра во јуни 2024 година доколку сака да го задржи Мароканецот на „Олд Трафорд“.

Сепак, со доаѓањето на Џим Ретклиф на „Олд Трафорд“ најавени се промени во клупската политика. Најбогатиот Британец кој го презеде спортскиот сектор најави дека 12 играчи ќе си заминат од клубит, еден од нив е и Амрабат.

Прашање е дали Амрабат ќе остане во Фиренца кога ќе се врати во клубот, бидејќи ги влоши односите со навивачите кога реши по секоја цена да ја напушти Фиорентина.

Сезонава одигра 12 натпревари за Манчестер јунајтед во Премиер лигата, пет во Лигата на шампионите и два во Лига купот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 минути

ДНК собраа 690.000 денари за лекување на Лео со лицитацијата на статуетката од „Златна Бубамара“

Музичарите Панчо и Андреј објавија дека успеале да соберат 690.000 денари за лекувањето на Леонид, откога ја ставија на лицитација...

Македонија14 минути

ДИК потврди: Османи собра над 10 илјади потписи

Според последните податоци објавени на страната на Државната изборна комисија заклучно со вчерашниот ден, кандидатот на Демократската унија за интеграција,...

Македонија21 минута

(Видео) Јас можам да се туркам и на рацете: кочанчанец го продава својот инвалиден скутер, парите ќе ги намени за лекување на Лео

Кочаначанецот Благојчо Ѓоргиев реши да го проддаде неговиот скутер за хендикепирани и покрај здравствениот проблем, а парите како што вели,...

Македонија49 минути

Убиството во Блаце можно е да е поврзано со пожарот во Чаир

Скопското обвинителство изврши увид на лице место во близина на Блаце, каде вчера беше пронајдено безживотно тело на маж со...

Македонија54 минути

Вчерашното убиство е продолжение на крвавата нарко пресметка, силата на криминалните кланови е од Спасовски, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Дали СДС си ги чита срамните соопштенија пред да ги пушти, или ја оставиле партијата на деца кои глумат партија....

Свет1 час

Гутереш: Нуклеарна сенка над човештвото

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш денеска изјави дека нуклеарната сенка повторно се надвила над човештвото, додавајќи дека ризикот...

Македонија2 часа

СДСМ: Убиство и запалено кафуле во еден ден, Тошковски и кадрите на Мицкоски покажуваат голема некадарност во водењето на МВР

Убиство и запалено кафуле во Скопје само за неколку часа, велат од СДСМ. „Министерот и началникот на СВР Скопје, кадри...

Свет2 часа

Бајден: Израел се согласи на прекин на огнот за рамазан, ризикува да ја загуби поддршката од светот

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека Израел се согласил да ги прекине воените активности во Појасот Газа за време на...

Топ14 часа

Уште едно убиство во Македонија: 56-годишен маж застрелан во близина на патот кон Горно Блаце

Убиство се случи попладнево на локалниот пат од Долно кон Горно Блаце. Според првичните информации од полицијата, убиениот бил најден...

Македонија15 часа

(Видео) Османи прв собра 10.000 потписи за претседател: „Веста ме најде во домашен амбиент“

Кандидатот за претседател од редовите на ДУИ и актуелен шеф на МНР, Бујар Османи,  преку видео порака објави дека собрал...

Македонија17 часа

Според грчкиот министер „преспанскиот“ за пасошите мора да се почитува, а меморандумите во Грција ќе бидат ратификувани кога ќе им дојде времето

Грчкиот министер за надворешни работи, Јоргос Герапетритис, се осврна на Преспанскиот договор, одговарајќи на прашање на СИРИЗА за ратификување на трите...

Свет17 часа

Унгарија најпосле и’ дозволи на Шведска да влезе во НАТО

По речиси две години, Унгарија најпосле ја ратификуваше одлуката за влез на Шведска во НАТО. Одлуката денеска ја донесе унгарскиот...

Регион18 часа

Извештај на ЕБОР: На Западен Балкан ќе му бидат потребни помеѓу 40 и 70 години за да го достигне животниот стандард на ЕУ

Стандардот на живеење во Западен Балкан сè уште е значително понизок од оној во Европската унија и би можеле да...

Топ19 часа

Ја малтретирале малолетната ќерка: кривична за двајцата родители од Скопје

На 24.2.2024 во Полициската станица Бит-пазар бил извршен службен разговор со Е. М. (42) и Ф. М. (37), двајцата од...

Македонија19 часа

(Видео) Петковиќ: За извршителите и судиите што не ги бришат застарените долгови чаре се кривични пријави

Кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластувањето против извршителите и судиите што не носат одлуки за бришење на...

Македонија19 часа

Нема вина кај лекарите за случајот на Веапоска според вештачењето побарано од одбраната на обвинетите

Во Основниот суд во Струга продолжи расправата во судскиот процес против тројцата струшки лекари, гинекологот Мухамед Асани, неговиот син, доктор...

Македонија21 час

„Пред неколку години четвртина бурек со јогурт беше 50, сега е 120 денари“, Мицкоски со одговор до СДСМ за просечната плата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска беше на теренска посета на увид на градежни активности во општина Гази Баба, каде...

Економија22 часа

Се намалуваат цените на бензинот и дизелот

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе одлука...

Свет23 часа

(Видео) Хаос во Брисел: земјоделците палат гуми, пробиена полициската блокада

Земјоделците запалија купишта стари гуми во Брисел во знак на протест барајќи акција од ЕУ за прашањата од евтините цени...

Македонија24 часа

Спречен шверц на апарати за игри на среќа на царинската филијала во Гевгелија

Девет апарати за игри на среќа, како и 405 делови за одржување, се запленети кога увозник се обидел да ги...