Спорт
Шифрин „златна“ во комбинација

Американката Микаела Шифрин го освои златниот медал во комбинација, на Светското првенство во Кортина д’Ампецо. Ова е шесто злато за Американката на светските првенства, прво во комбинација.
На двете трки, во супер-џи и слалом, Шифрн забележа вкупен резултат 2:07.22 минути. 25-годишната Американка бее надмоќна во однос на конкурентките. Петра Влхова на второто место имаше послабо време за 86 стотинки. Три стотнки подалеку од Влхова, а 89 од Шифрин беше Швајцарката Мишел Гисин.
Трката ја обележа исклучително тешката патека и големиот број на откажувања во слалом. Слаломската трка не ја заврши Федерика Брињоне, која беше најбрза во супер-џи, а се откажа и двојната светска првенка во комбинација, Венди Холендер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Химки се распаѓа – клубот на играчите им должи 3,3 милиони евра

Кошаркарскиот клуб Химки се наоѓа во тешка финансиска ситуација. Играчите три месеци не примиле плати, а долгот изнесува 3,3 милиони евра.
Химки има само три победи сезонава во Евролигата, а на тимот не му оди ниту во регионалната ВТБ-лига.
Играчите три месеци не примиле плати поради што Јонас Јеребко, Грег Монро и Даирис Бертранс веќе го напуштија клубот, Стефан Јовиќ и Девин Букер побарале да ги раскинат договорите, а се очекува дека тимот ќе го напуштат и Џордан Мики, Ерик Мекалум и Јанис Тима.
Извесно е дека клубот сезоната ќе ја заврши само со домашни играчи.
Поради неисплатените плати, Евролигата пред еден месец на Химки му забрани трансфери.
Спорт
Пандев дел од елитата што ќе настапи на ЕУРО 2020

Европското првенство во фудбал ќе се одржи ова лето. Дел од најголемата континентална смотра ќе биде и Македонија. Предводена од Горан Пандев, Македонија, ја победи Грузија во баражот и се избори за својот прв настап на големите натпреварувања..
Македонската фудбалска легенда, Горан Пандев, е еден од оние играчи, кои ќе ќе играат на ЕУРО 2020, а за националниот тим одиграл повеќе од 100 натпревари.
Во досегашната кариера, Пандев одиграл 114 натпревари за Македонија.
„Толку долго е прва ѕвезда на својата земја. Се чини дека кариерата на Пандев достигнува крешендо од бајките, додека на 37-годишна возраст се подготвува за својот прв голем турнир“, пишува на страницата на УЕФА, во текстот, во кој Европската куќа на фудбалот ги претстави фудбалерите кои одиграле најмалку 100 натпревари за своите селекции, а ќе бидат учесници на ЕП.
Лидер на таа листа си 178 настапи шпанскиот капитен Серхио Рамос, втор е Кристијано Роналдо со 170 настапи, трет Лука Модриќ со 133.
Во Топ 10 се Жоао Мутињо (129), Марек Хамшик (126), Себастијан Ларсон (125), Јан Вертонген (123), Серхио Бускетс (120), Иго Љорис (120) и Роберт Левендовски (116).
Спорт
Десет играчи од Премиер лигата поканети да играат за Јамајка

Јамајка има намера да стане сила во регионот на Централна и Северна Америка. Во пресрет на почетокот на квалификациите за пласман на Светското првенство во Катар, Фудбалскиот сојуз на Јамајка ќе испрати покани до десет фудбалери, кои играат во Премиер лигата и Чемпионшип-дивизијата.
Јамајка има намера да створи репрезентација што ќе им биде конкурент на САД и Мексико, особено во 2026 година кога Светското првенство ќе се одржи во овој регион.
Покани ќе бидат испратени до напаѓачот на Вест Хем, Микел Антонио, Демараи Греј од Њукасл, Нејтан Редмонд од Саутемптон и Макс Еронс, играч на Норич, кој од наредната сезона, најверојатно, ќе игра за Баерн Минхен.
Исто така, Јамајка во своите редови ги сака Андре Греј, Ајсак Хејден, Мејсон Холгејт, Лијам Мур, Кемар Руфи и Иван Туни.
Мур има пасош на Јамајка, а другите фудбалери, вклучувајќи ги Еронс и Антонио, чекаат дозвола од ФИФА за да може да настапуваат за оваа репрезентација.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер