Спорт
Шпигл: Имаме доказ дека Флорентино Перез лаже

Тиражниот германски магазин „Шпигл“, објави документи, со кои тврди дека Флорентино Перез изнел невистини во интервјуто за „Ел Чингирито“.
Првиот претседател на Суперлигата, во интервјуто рекол дека 12.клубови не испратиле покани до Баерн, Борусија Дортмунд и ПСЖ.
„Ние се уште не го поканивме ПСЖ, а со Баерн и Борусија воопшто не сме разговарале. Во моментов има 12 основачи, а ние сакаме да бидат 15. Не е вистина дека Суперлигата ќе биде одложена бидејќи не се приклучиле Баерн и ПСЖ. Тоа се глупости“, рекол Перез.
„Шпигл“, го објави документот за основање на Суперлигата, во кој на трите клуба им се нуди не само да станат членови, туку имаат статус на „дополнителни основачи“.
Perez claiming that #PSG, #Bayern and #BVB were not invited is a straight up lie. Documents obtained by Der Spiegel show that #Bayern and #BVB were invited and have 30 days to join. PSG also invited but they have 14 days to join the Super League. (Via @derspiegel) pic.twitter.com/j20aDE7Y5l
— Dr. Manuel Veth (@ManuelVeth) April 19, 2021
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Вардар, Шкендија, Струга и АП Брера изборија пласман во полуфиналето

Фото/ facebook.com/@FKVardarSkopje
Вардар, Струга, Шкендија и АП Брера изборија пласман вополуфиналето во Купот на Македонија. Првите три тима забележаа минимални победи над опонентите Силекс, Гостивар и Детонит, додека АП Брера по изведувањето пенали го победи Арсими.
Вардар до место меѓу најдобрите четири екипи во Купот дојде со триумфот над Силекс. Голот за победа го постигна Донгмо во 68.минута.
Актуелниот шампион на Македонија Струга го победи Гостивар со голот на Крхинде во 48.минута.
Шала со голот во 23.минута и ја обезбеди победата на Шкендија кај вторлигашот Детонит. Победата на Шкендија можепе да биде изразена со уште еден гол, но Адеми во 26.минута промаши пенал.
Најмногу драма имаше во Струмица. Во регуларниот дел АП брера и Аслани одиграа 1:1, а по изведувањето пенали домашните славеа со 4:3.
Спорт
Федерацијата им ја исплати премијата на ракометарите од три милиони денари

Фото/ facebook.com/rfmofficial
По претходно донесена одлука на Управниот Одбор, денес Ракометната Федерација на Македонија ја исплати наградата во износ од 3.000.000,00 денари на машката сениорска репрезентација за настапот на Светското првенство.
Ракометарите на Мундијалот натпреварите ги одиграа во Вараждин, Хрватска. Успеаја да минат во главната фаза, првенството го завршија со по две победи, нерешени и порази. Во конечниот пласман беа на 15.место.
Машката сениорска ракометна репрезентација го задржа континуитетот на настапи на големите натпреварувања, обезбедувајќи учество на девети последователен ракометен Мундијал.
Спорт
Тибот Плајс потпиша за Панатинаикос

Германскиот кошаркар Тибор Плајс потпиша за актуелниот европски првак Панатинаикос.
Плајс (35) потпишал договор со грчкиот клуб до крајот на сезоната, стои во објавата на Панатинаикос на социјалната мрежа „Х“.
Германскиот центар во досегашниот дел од сезоната настапуваше за италијанскиот тим Трапани, додека претходно мина осум последователни сезони во Евролигата, настапувајќи за Галатасарај, Валенсија и Ефес. Со Ефес двапати ја освои титулата во тоа натпреварување.
Во Евролигата играше и за Бамберг, Басконија и Барселона, од која се пресели во НБА лигата. Сезоната 2015/16 ја мина во Јута Џез.
Панатинаикос неодамна го напушти грчкиот центар Костас Адетокумбо, кој се пресели во Мурсија, а од претходно се повредени Омер Јурцевен и Матијас Лесор.
Панатинаикос во Евролигата, го зазема третото место во поредокот со 16 победи и 10 пораи.