Спорт
Шкендија го освои Кратово, реми со четири гола меѓу „вечните“ Вардар и Пелистер

Шкендија го започна пролетниот дел од натпреварувањето во Првата лига во Македонија со камбек 2:1 победа кај Силекс за да ја заддржи предноста од 6 поени пред Шкупи на табелата, додека во големото дерби, Пелистер двапати се враќаше во Скопје за 2:2 реми кај Вардар.
Ивановски донесе водство на Силекс по 20 минути игра, но Драшковиќ со автогол во 41. минута придонесе на полувреме да се отиде со 1:1, по што Љупче Дориев во 58. минута го донесе 12-тиот триумф во 19 кола за првите фаворити за титулата
На „Тоше Проески“ пак, Филип Петковски ги донесе „црвено-црните“ во водство веќе во третата минута, но битолчани израмнија во 22. минута преку Иван Пејаковиќ. Само што почна второто полувреме, во 47. минута, Мартин Мирчевски пак носи водство за домаќините, пред Борче Маневски во 79. минута повторно да израмни.
ПРВА ЛИГА, 19.КОЛО
Вардар – Пелистер 2:2
Борец – Шкупи 0:1
Ренова – Беласица 2:4
Силекс – Шкендија 1:2
Струга Трим & Љум – Македонија ЃП 1:1
Табела: 1.Шкендија 42, 2.Шкупи 36, 3.Македонија ЃП 34, 4.Струга 28, 5.Работнички 27, 6.Вардар 26, 7.Борец 26, 8.Силекс 22, 9.Ренова 19, 10.Пелистер 19, 11.Академија Пандев 17, 12.Беласица 12
Фото: ФК Шкендија
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Дуплантис повторно го урна светскиот рекорд

Швеѓанецот Арман Мондо Дуплантис го собори сопствениот светски рекорд во скок со стап со скок од 6,29 метри на атлетскиот собир во Будимпешта.
На 25-годишна возраст, Дуплантис го собори светскиот рекорд по 13-ти пат, трет пат во 2025 година по Клермон-Феран (6,27 м) во февруари и Стокхолм (6,28 м) во неговата татковина на 15 јуни.
Од настапот во Стокхолм, тој на три последовни натпревари скокна преку шест местри и повеќе (6,13 м во Острава, Чешка, 6,00 м во Јуџин, Орегон и 6,05 м во Монако).
Дуплантис ја забележа својата 33-та натпреварувачка победа и е непоразен од Монако на 21 јули 2021 година.
Foto/ EPA/Tamas Vasvari
Спорт
Дебакл на Шкендија во Баку

Актуениот македонски шампион Шкендија доживеа елиминација од квалификациите за пласман во Лигата на шампионите. Шкендија ја очекува плеј-офот за место во Лига Европа, доколку и тука загуби ќе игра во фазата по групи во Конференциската лига.
Шкендија по поразот во првиот меч на домашен терен (0:1) од Карабаг, вечерва доживеа дебакл во реваншот во Баку. Карабаг победи со 5:1.
Почетокот на натпреварот ветуваше бидејќи Тамба во 10.минута и донесе водство на Шкендија и во тој момент ја анулира предноста на Азербејџанците.
Потоа играчите на Шкендија влегоа во „црна дупка“, од која не успеаја да излезат 19 минути. Во периодот од 16. до 35.минута Карабаг постигна четири гола. Цаке си постогна авто-гол, а потоа погодија Кади, Акундзаде и Јанковиќ од пенал Точка на натпреварот стави Леандро Андраде во 59.минута.
Шкендија во плеј-офот за пласман во Лига Европа ќе игра со поразениот од пресметката меѓу Лудогорец и Ференцварош.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Балотели: Жалам што не се трудев повеќе во кариерата

Марио Балотели (34), поранешен италијански репрезентативец, ја напушти Џенова откако му истече едногодишниот договор. Контроверзниот напаѓач одигра само шест натпревари во текот на минатата сезона. Денес е слободен играч кој бара нов клуб.
„Мојот сон беше да играм за Реал Мадрид. Денес само барам клуб кој ќе верува во мене. Сакам да играм уште две или три години. Потоа ќе одам кај мојот брат Енок. Тој сега игра за Вадо. Тоа е аматерски тим. Му ветив дека ќе ја завршам кариерата играјќи со него“, рече тој во интервју за „Газета дело Спорт“.
Тој зборуваше и за италијанската репрезентација, вели дека му е жал што не играл повеќе за Италија.
„По сè низ што поминав, мислам дека можев да се потрудам повеќе. Жал ми е што повеќе не играв во репрезентацијата. Некои луѓе дури и не ме сакаа во репрезентацијата, но тоа е минато. Сега селектор е Џенаро Гатузо. Му посакувам се најдобро. Тој е личност која дефинитивно ќе го даде својот максимум“, рече Балотели ден пред неговиот 35-ти роденден.
Балотели сега ќе го бара 12-от клуб во својата професионална кариера. Досега играл за Интер, Манчестер сити, Милан, Ливерпул, Ница, Марсеј, Бреша, Монца, Адана Демирспор, Сион и Џенова.
Foto/ EPA/JEAN-CHRISTOPHE BOTT