Спорт
Шкупи триумфираше против Струга Трим Лум

Лидерот на табелата во македонскиот фудбалски шампионат, тимот на Шкупи, продолжува во победнички стил. Составот на Гоце Седлоски славеше со 1:3 на гости против Струга Трим Лум и се зацврсти уште повеќе на првата позиција со 58 освоени бода.
Струга Трим Лум дојде во водство со убавиот гол на Немања Босанчиќ во 45.минута, но Сандеј Адетунџи израмни веднаш, непосредно пред одморот.
Во вториот дел, Марјан Радески донесе комплетен пресврт во 70.минута, а Омар Имери го потврди триумфот во 87.минута од мечот.
(function (el) { window.addEventListener(“message”, (event) => { if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) { if (el.id === event.data.id) { el.style.height = event.data.height + “px”; } } }); })(document.getElementById(“sofa-standings-embed-1950-37708”));
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Вардар, Силекс и Работнички ги дознаа противниците во Конференциската лига

Фото/ ффм.мк
Македонските тимови Вардар, Силекс и Работнички ги дознаа имињата на противниците со кои ќе се соочат во првото квалификациско коло во Конференциската лига.
Вардар од можните четири притивници го доби најпосакуваниот, фудбалскиот клуб ла Фиорита од Сан Марино.
Силекс во првата квалификациска рунда ќе се соочи со црногорскиот претставник Дечиќ, додека Работнички доби противник од Белорусија, фудбалскиот клуб Торпедо.
Бидејќи не беа носители, македонските тимови, првите натпревари ќе ги играат на домашен терен.
Првите натпревари ќе се одиграат на 10, а реваншите на 17 јули.
Спорт
Велшки предизвик за Шкендија во првото квалификациско коло

Шампионот на Македонија, Шкендија, во првото квалификациско коло, во Лигата на шампионите ќе се соочи со првакот на Велс, ТНС:
Првиот натпревар ќе се одигра на 8 или 9 јули во Македонија, а реваншот е на програмата една недела подоцна во Велс.
Шкендија и ТНС играа во 2018 година, исто така во првото квалификациско коло. Шкендија победи дома со 5:0 (четири гола постигна Ибраими), а ТНС во реваншот беше на чекор до сензација, победи со 4:0
Спорт
Каде „погреши“? Гризман стана татко четврти пат

Францускиот фудбалер Антоан Гризман и неговата сопруга станаа родители по четврти пат на 15 јуни. Се роди нивната трета ќерка…
Голгетерот на Атлетико Мадрид и неговата сопруга Ерика Чоперена ја објавија оваа прекрасна вест, но медиумите и навивачите веднаш забележаа дека нешто „не е во ред“.
Набрзо следеа шеги за францускиот фудбалер.
Каде „погреши“ овој пат?
Имено, ќерката Шај се роди на 15 јуни, и тоа е прв пат во нивното семејство бебе да не се роди на 8 април.
Претходно ќерката Миа (родена 2016 година), синот Амаро (2019 година) и втората ќерка Алба (2021 година) се родени на истиот датум 8 април.
Антоан Гризман напиша на своите социјални мрежи:
„На 15 јуни се роди Шај, делчето што недостасува од нашата сложувалка.“
Интересно е што Антоан и неговата сопруга Ерика се венчаа на 15 јуни 2017 година.
Дали францускиот фудбалер овој пат го „таргетираше“ датумот на годишнината од бракот?