Спорт
Шпанецот е рекордер – Осми пат настапи на ОИ
Хесус Анхел Гарсија, влезе во историјата како првиот атлетичар кој учествувал на осум Олимпијади. Гарсија се натпреварува во дисциплината 50 километри брзо одење.
Хесус Анхел Гарсија, трката на Олимписките игри во Токио, која се одржа во Сапоро, ја заврши на 35.место.
52-годишникот не беше меѓу фаворитите за медал, фактот дека ја заврши трката прави да се чувствува како победник.
Гарсија првото учество на ОИ го имаше на домашен терен, во 1992 година во Барселона. Најдобар пласман му е четвртото место на ОИ во 2008 година во Пекинг.
Многу повеќе успех имал на светските првенства. Го освои златниот медал во Штутгарт во 1993 година, а бил втор на првенствата во 1997, 2001 и 2009 година.
History made!
✅ Barcelona 1992
✅ Atlanta 1996
✅ Sydney 2000
✅ Athens 2004
✅ Beijing 2008
✅ London 2012
✅ Rio 2016
✅ Tokyo 2020By taking part in the 50km race walk, Jesús Ángel García just participated in his 8th Olympic Games, most-ever for an athlete in #Athletics ? pic.twitter.com/SovrGyngwG
— Olympics (@Olympics) August 6, 2021
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Најдобриот судија во БиХ поради закани одби да им суди на Железничар и Сараево
Шампионатот на Босна и Херцеговина влегува во завршна фаза, а локалниот портал „Спортспорт“, пишува дека најдобриот судија, Ирфан Пељто одбил да им суди на клубовите кои доаѓаат од главниот град Железничар и Сараево) до крајот на сезоната.
Пељто тоа го направил поради наводните закани што ги добивал тој и неговото потесно семејство, кои ги пријавил во полиција. Најдобриот судија од БиХ за својата одлука го известил Судискиот комитет на Фудбалскиот сојуз на Босна и Херцеговина, кој ја прифатил неговата одлука.
Железничар и Сараево ќе одиграат неколку дерби натпревари до крајот на сезоната, но Пељто нема да суди на ниту еден од нив.
Тој требаше да биде главен судија викендов на дербито меѓу Железничар и Вележ, но главен судија на „Грбавица“ ќе биде Елведин Топузовиќ. .
Пељто гради завидна кариера на меѓународен план и често суди натпревари во Лигата на шампионите. Неодамна судеше на пријателскиот натпревар меѓу Словенија и Португалија, а претходно го судеше и натпреварот Лајпциг- Реал Мадрид.
Речиси е сигурно дека ќе суди на ЕП.
Спорт
Интер подготвува нов договор за Инзаги
Интер е апсолутен лидер во Серија А, прашање е само кога и математички ќе ја обезбеди шампионската титула, која ќе биде прва во кариерта на Симоне Инзаги. 47-годишниот тренер досега има освојувано трофеи само во Купот и Суперкупот на Италија.
Она што Инзаги го направи оваа сезона во Серија А, ги натера клупските челници да ја сменат својата стратегија и да му понудат нов договор на тренерот.
Инзаги досега двапати го продолжуваше договорот со Интер, во 2022 и 2023 година, двата пати клубот му понуди едногодишен договор. Овој пат на 47-годишниот тренер ќе му биде понуден двегодишен договор.
Во однос на претходните години, разликата е што на Инзаги ќе му биде понуден нов договор пред да заврши сезоната, а не откако таа ќе заврши.
Интер е на чекор до освојување на шампионската титула во Серија А, откако по 29 кола е прв на табелата со 76 бодови, 14 повеќе од второпласираниот градски ривал Милан.
Спорт
Реал го обнови интересот за Де Хеа
Поранешниот голман на Манчестер јунајтед, Давид Де Хеа повторно е во плановите на Реал Мадрид. Искусниот 33-годишен голман, кој е без тим од минатото лето кога му истече договорот со „црвените ѓаволи“, повторно се поврзува со Реал, кој сака да го донесе во своите редови, пишува „Релево“.
Де Хеа требаше да дојде во Реал минатото лето, по повредата на Тибо Куртоа, но на крајот клубот на општо изненадување реши да го позајми Кепа Аризабалега од Челзи.
Сепак, тој не успеа да ги импресионира клупските челници, по завршувањето на сезоната ќе се врати во Челси, а се очекува да си замине и Андриј Лунин, кој сезонава брани во врвна форма.
Луни бара нов клуб каде што ќе биде прва опција, бидејќи не сака да му биде резерва на Куртоа. Прашање е дали Де Хеа ќе се согласи да биде резервен голман.