Спорт
Шпански младински клуб се извини за победата од 30:0

Младинскиот фудбалски клуб од Шпанија, Силос ЦФ се извини на своите противници СФ Хукар, откако ги совладаа со 30:0 во неделата во регионален натпревар, велејќи дека тоа не е во духот на ферплејот.
Претседателот на Силос, Хозе Антонио Гутиерез откри дека неговиот тим, составен од момчиња од 14 до 15 години, сакал да го прекине мечот на полувреме, кога било 14:0, но дека тренерот на Хукар сакал да продолжи.
„Прво сакам да се извинам од нашиот клуб до фудбалерите и татковците и мајките од Хукар. Вистина е дека ова можеше да се избегне бидејќи резултатот беше висок и по првото полувреме. Беше 11 на 11, а неколку пати нашиот тренер зборуваше со судијата и со противничкиот тренер да побара стопирање на мечот, но тренерот на Хукар велел дека неговите момци се храбри и дека ќе продолжат. Нашите фудбалери не славеа многу од головите, ниту се гушкаа. Но, од друга страна ако стоеја на теренот ќе се сметаше дека покажуваат непочитување. И ние сме губеле со висок резултат од Леванте, Валенсија или Вилјареал, но тие мечеви не предизвикуваа внимание бидејќи тие се сметани за големи клубови“ , вели Гутиерез.
El DT del equipo Los Silos CF lo estan amenzando y acosando via redes sociales luego de que su equipo, categoria sub-15, goleara al equipo Deportes Júcar por marcador 30-0. El club emitió un comunicado pidiendo disculpas a los jugadores y padres del adversario por el hecho #P0S pic.twitter.com/49aTkz93lU
— PIO DEPORTES (@piodeportes) November 23, 2020
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Минималец на Челси против Фулам

Челси, како гости, славеа минимална победа над градскиот ривал Фулам, во 19.коло во Премиер лигата. „Сините“, ставија крај на лошата серија, тие беа поразени на претходните три натпревари (Арсенал, Астон Вила, Манчестер сити).
Челси беа подобриот тим на теренот, но дури во финишот ја обезбедија победата. Во првиот дел Маунт го погоди дирекот, а Ареола го одбрани ударот на Ридигер. Во последната минута од првиот дел Фулам остана со играч помалку на теренот. Робинсон, поради жесток старт доби црвен картон.
Теренската надмоќ во вториот дел Челси ја реализираше во 78.минута, кога Маунт го постигна единствениот гол.
Спорт
Одбојкарите обезбедија пласман на Европското првенство

Одбојкарската репрезентација на Македонија обезбеди пласман на Европското првенство. Вечерва, во Скопје, Македонија ја совлада Турција со 3:1 (25:19, 21:25, 25:23, 25:18), со што втор пат во својата историја ќе учествува на континенталниот шампионат.
Македонските одбојкари убедливо го добија првиот и четвртиот сет, третиот во кој се водеше голема борба и припадна на Македонија, додека Турците го освоија вториот сет.
Најзаслужни за победата на Македонија беа капитенот Ѓорѓиев и Љафтов кои заедно освоија 47 поени (Ѓеорѓиев 24, Љафтов 23). На спротивната страна се истакнаа Субаши со 17, односно Лагумџија со 14 поени.
Европското првенство ќе се одржи во втората половина од годината, а домаќини ќе бидат Полска, Чешка, Естонија и Финска.
Фото/vfmkd.mk
Спорт
Вајналдум решил да го напушти Ливерпул

Репрезентативецот на Холандија, Жоржињо Вајналдум, решил да не го продолжи договорот со Ливерпул, кој му истекува на крајот од сезоната. Вајналдум, летово ќе бара нов клуб. До до крајот на овој месец може да преговара со сите заинтересирани клубови.
Вајналдум, во Ливерпул пристигна од Њукасл, за „црвените“ има одиграно 211 натпревари на кои постигнал 21 гол.
Холанѓанецот неколку месеци се поврзува со Барселона. Вајналдум со тренерот на Барселона, Роналд Куман, имаше успешна соработка во репрезентацијата на Холандија.
Инаку, Вајналдум во Ливерпул има неделна плата од 75.000 фунти.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија3 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира