Спорт
Синер отпушти двајца блиски соработници
Јаник Синер, светскиот тенисер број еден, ја прекина соработката со фитнес тренерот Умберто Ферара и физиотарапевтот, Џакомо Налди. Синер реагираше на ваков начин, откако пред три дена беше отриекни дека во март, два пати бил позитивен за забранетата супстанца клостебол.
„Ферара и Налди не беа со Синер изминатите недели, но сега се знае дека тоа е трајна, а не привремена одлука“, пренесува „Кориере дело спорт“.
Токму овие двајца, според тврдењата на Синер се виновни за ситуацијата во која се најде. Бивното невнимание предизвикало два пати да падне на допинг тестот.
Ферера беше човекот кој не се грижеше само за мускулите на Јаник, тој се грижеше за сите аспекти на неговата подготовка и многу повеќе.
Налди е со Јаник веќе неколку години, поточно откако се откажа од работата во кошаркарскиот клуб Виртус од Болоња.
После се што се случи некој мораше да го плати цехот, а Синер реши тоа да бидат Ферара и Налди.
Синер од 26 август ќе биде првиот носител на последниот Грен слем во сезоната, Ју-ес опен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Гвардиола по големиот јубилеј: Најважен е периодот кога бев во Барселона Б
Пеп Гвардиола со убедлива победа над Ливерпул (3:0) го обележа големиот јубилеј.
„Многу добро прво полувреме. Тие притискааа малку повеќе во второто. Малку како да заборавивме да играме, во првите пет или десет минути. Имаа една или две шанси. Генерално, одлична игра, вистинско темпо со топката, дефанзивно исполнети задачи“, рече Гвардиола по натпреварот.
„Дефанзивно се поставивме многу добро, бевме добри со топката, мислам особено во првото полувреме. Поврзани со средниот ред, бевме навистина добри.
Би сакал да им се заблагодарам на играчите, на сите во тренерскиот штаб и на клубот за подарокот. Горд сум што работам тука и што Манчестер е мој град. А сега – да се одмориме и да ја вратиме нашата енергија“, вели Гвардиола.
Клубот од 1.000 не е мала работа, а Пеп знае што било важно:
„Мислам дека периодот кога бев во Барселона Б е основа на многу работи. Тогаш се запознав себеси и сфатив дека можам многу да научам. Никогаш нема да ги заборавам момците од таа прва сезона. За мене е посебно што стигнав до 1.000 натпревари пред моето семејство, а особено што тоа беше натпревар против Ливерпул. Тоа е клуб кон кој имам огромно почитување.“
Спорт
Рома се искачи на првото место во Серија А
Рома го искористи вчерашниот кис на Милан и денешниот на Наполи и со победата над Удинезе (2:0) се искачи на челната позиција во Серија А.
Тимот на Џан Пјеро Гасперини веќе беше на врвот на табелата во Серија А оваа сезона, во единаесеттото „волчицата“ беше на врвот, но веќе во следното ја препушти челната позиција.
Рома се врати на врвот на табелата откако рутински го скршија отпорот на Удинезе со головите на Лоренцо Пелегрини од пенал и Зеки Челик. Проблем за Рома претставува повредата на Артем Довбик.
Дуелот го одбележа, Николо Заниоло. Човекот замина од „Олимпик“ беше соодветно пречекан од домашните фанови, а притисокот поради постојаните свирежи на домашната публика вроди со плод во второто полувреме кога Заниоло од лутина го удри Коне со топката во лицето.
За малку ќе избувнеше тепачка, но судијата Колу реши со разговоро, а не со делење картони да ги смири страстите.
Рома гостува кај Кремонезе по паузата за квалификациите за пласман на СП.
Спорт
Норис победи во Бразил, Ферстапен блескаше на патеката, Ферари доживеа дебакл
Возачот на Мекларен, Ландо Норис, е победник на Големата награда на Бразил, 21-та трка од шампионатот во Формула 1.
Норис доминираше на патеката Интерлагос, прво победи во спринтот, а потоа се искачи на врвот на подиумот на главната трка.
Второто место го освои Андреа Кими Антонели од Мерцедес, а трет заврши Макс Ферстапен иако имаше многу лоша почетна позиција (стартуваше од пит-лејнот), како и лоша среќа бидејќи на стартот му се дупна гумата.
Четвртото место му припадна на Џорџ Расел во друг Мерцедес, веднаш пред Оскар Пјастре на Мекларен.
Оли Берман од Хас ја освои шестата позиција, 29 секунди зад Норис, додека Лиам Лосон, Исак Хаџар, Нико Хулкенберг и Пјер Гасли исто така освоија поени.
Беше возбудливо од самиот почеток, Бортолето ја заврши трката во првиот круг по судир, потоа и Шарл Леклерк ја заврши трката во седмиот круг по судир со Кими Антонели, кој го предизвика Оскар Пјастри. За инцидентот Пјастри заработи казна од 10 секунди.
Потоа, Луис Хамилтон исто така се откажа од трката во 42-от круг и се повлече во боксот, со што го комплетира ужасниот викенд на Ферари.
До крајот сите гледаа во Ферстапен, кој напредуваше во поредокот, успеа да го мине Расел за третото место, но не и младиот Антолени, кој успеа да се одбрани во последните кругови.
Нè очекува возбудливо финале на шампионатот, Норис е лидер во генералниот пласман со 390 поени, тој има 24 поени повеќе од второпласираниот Пјастри. На третата позиција е Верстапен, кој има 341 поен.
Борбата за титулата продолжува со Големата награда на Лас Вегас, која е закажана за 20-22 ноември.

