Спорт
Синер против Ѓоковиќ за најголемата награда во историјата на тенисот
Јаник Синер и Новак Ѓоковиќ вечерва ќе се бора за титулата на Завршниот мастерс во сезоната. Во полуфиналето Синер го победи Даниил Медведева со 6:3, 6:7(4), 6:1, додека Ѓоковиќ беше подобар од Карлос Алкараз со 6:3, 6:2.
Српскиот тенисер денеска ќе има шанса да го освои овој турнир по седми пат, со што би станал рекордер. Во моментов тој и Швајцарецот Роџер Федерер имаат по шест титули на завршниот турнир на најдобрите, додека пет пати најдобри беа Пит Сампрас и Иван Лендл.
Ѓоковиќ немаше ни да биде во финалето ако Синер не го победеш Холгер Руне во последното коло од групната фаза.
Финалето ќе биде нов тест за 22-годишниот Италијанец и 14 години постариот Србин на турнирот во Торино. Претходно во групата, Синер во маратонски меч го победи Ѓоковиќ со 7:5, 6:7(5), 7:6(2).
Освен славата која би го чекала со освојување на завршниот турнир, Синер има шанса да ја освои и најголемата парична награда во историјата на тенисот. Тој може да ја освои титулата без пораз, во групата ги победи Ѓоковиќ, Стефанос Циципас и Руне, а потоа и Медведев во полуфиналето. Евентуалната победа во финалето ќе му донесе парична награда од 4.800.000 милиони долари.
Синер доби 325.500 долари само за учество на турнирот и натпреварите по групи. Победата во секоја од нив му ги зголеми приходите за 390.000, а победата во полуфиналето му донесе 1.150.000 долари. Наградата за победникот во финалето е 2.200.000 долари.
Доколку пак победи Ѓоковиќ, тој би заработил 390.000 долари помалку, бидејќи доживеа еден пораз.
Финалниот меч во Торнио, меѓу Јаник Синер и Новак Ѓоковиќ ќе започне во 18 часот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Јуриќ во една година три пати добил отказ
Иван Јуриќ очекувано доби отказ во Аталанта. Човекот кој забележа многу добри резултати на клупите на Верона и Торино помеѓу 2019 и 2024 година е во низа што ретко се гледа во врвниот спорт.
Хрватот беше отпуштен од Аталанта денес, точно на годишнината од неговото отпуштање од Рома (10 ноември 2024 година), а во меѓувреме беше назначен за тренер и отпуштен од Саутемптон.
Јуриќ ја водеше Рома 12 пати, Саутемптон 16 и Аталанта 15 пати пред шефовите да му се заблагодарат за соработката. За споредба, тој има 122 натпревари на клупата во Торино и 79 пред тоа во Верона.
Јуриќ го напушта клубот со резултат 4-8-3 и просек од 1,33 поени по натпревар. Ако на Ла Деа и се избришат резултатите од Лигата на шампионите, резултатот е уште подраматичен.
Аталанта ја остави на 13-то место на табелата во Серија А со резултат од 2-7-2.
Спорт
Се повреди Тибо Куртоа
Еден од најдобрите во Реал Мадрид, голманот Тибо Куртоа, претрпе повреда која ќе ги пропушти квалификациите за Светското првенство со Белгија.
Станува збор за повреда на примачот, и сè уште не е познато колку е сериозна или колку долго Куртоа ќе отсуствува.
Дефинитивно е јасно дека тој нема да биде достапен за селекцијата на Белгија во квалификациските натпревари за Светското првенство против Казахстан и Лихтенштајн.
Куртоа е еден од најдобрите голмани во светот со години. Во последно време, тој е еден од најважните играчи за Реал Мадрид, особено во овој период на мини-криза кога загубија од Ливерпул во Лигата на шампионите и одиграа само 0:0 против Рајо Ваљекано.
Оваа сезона, Куртоа не пропушти ниту една минута во дресот на Реал и белгиската репрезентација.
Спорт
Дешан негира дека добил понуди од Јувентус и Бразил
Селекторот на Франција, Дидие Дешан, потврди дека ги напушта „Триколорите“ по Светското првенство во 2026 година, но сè уште не знае каде ќе ја продолжи кариерата потоа.
Дешан потврди дека разговарал со претставници на саудиски клуб за можна соработка откако ќе му истече договорот со француската репрезентација. Сепак, тој ги негираше гласините за можно враќање во Јувентус или преземање на бразилската репрезентација.
„Можеби имав некои контакти, не конкретно со нив (Бразил). Нема да зборувам за имиња, но тие ја знаат мојата ситуација“, рече Дешан.
Селекторот на Франција, исто така, нагласи дека неговата одлука да го напушти кормилото на „Триколорите“ на крајот од Светското првенство во 2026 година е конечна, без оглед на тоа каков резултат ќе постигнат Французите на Мундијалот.
Овој 57-годишен тренер ги предводи Французите од 2012 година. Под негово водство, „Триколорите“ станаа светски шампиони во 2018 година во Русија. Пред Франција, тој тренираше само три други клуба: Монако, Јувентус и Олимпик Марсеј и освои трофеи со секој од нив.
Како фудбалер, Дешан играше за Нант, Бордо, Олимпик Марсеј, Јувентус, Челзи и Валенсија. Тој освои 15 трофеи, вклучувајќи две Лиги на шампиони со Марсеј (1993) и Јувентус (1996).

