Спорт
Сити го договориле трансферот на Ерлинг Халанд
Ерлинг Халанд, поточно неговите застапници, таткото Алф-Инге Халанд и менаџерот Мино Рајола, го договориле трансферот на напаѓачот од Борусија Дортмунд во Манчестер сити.
Оваа информација како ексклузивна ја објави уредникот на „Дејли мејл“, Мајк Киган. Големо влијание врз одлуката на напаѓачот да ја прифати понудата на Манчестер сити имал таткото Алф-Инге, кој три години го носеше дресот на „граѓаните“.
Борусија од трансферот ќе добие 75.000.000 евра. „Милионерите“ направија добра зделка бидејќи за Халанд на Слацбург, пред две и пол години, им платија 20.000.000 евра.
Сити. од друга страна ќе издвои богатство за да ја комплетира целата операција. Покрај оштетата, клубот ќе издвои 600.000 евра неделно за платата на Халанд во наредните пет години. Значи годишно фудбалерот ќе заработува 31.000.000 евра, што значи дека ќе ја има најголемата плата во Премиер лигата. Зад него ќе останат Кевин Де Брујне, Кристијано Роналдо, Давид Де Хеа…
Голема сума Манчестер сити ќе им плати и на таткото и менаџерот. Алф-Инге Халанд и Мино Рајола, како провизија на трансферот ќе поделат 70.000.000 евра.
EXCLUSIVE
– Manchester City agree terms with Erling Haaland's representatives
– Clause set to be triggered following significant step forward
– Move likely go through in next week or so.
Story: https://t.co/xNDAuD4IKT#mcfc— Mike Keegan (@MikeKeegan_DM) April 18, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Сити за полувреме го реши Брајтон
Фудбалерите на Манчестер Сити убедливo славеа на гостувањето кај Брајтон со 4:0 (3:0) во натпревар од 29. коло на англиската Премиер лига.
Актуелните шампиони сите дилеми околу победникот ги решија во првото полувреме и тоа во интервал од 17 минути кога постигнаа три гола.
Кевин де Брујне го постигна првиот гол во кариерата со глава во 17. минута, по центаршутот на Кајл Вокер.
Потоа два гола постигна Фил Фоден во 26. и 34. минута, првиот од слободен удар со малку среќа, а вториот по груба грешка на одбраната на домаќините.
Хулијан Алварез во 62. минута ги постави конечните 4:0.
Избраниците на Пеп Гвардиола се втори на табелата, го прескокнаа Ливерпул, а имаа бод и натпревар помалку од лидерот Арсенал.
Спорт
(Видео) Димитријевиќ МВП на ВТБ лигата
Кошаркарот на Уникс, Ненад Димитријевиќ е прогласен за најкорисен играч на регуларниот дел сезоната на руската ВТБ лига.
Уникс прв заврши во лигата, првпат во историјата, а Македонецот беше еден од најзаслужните за ваков успех.
Сезонава Димитријевиќ имаше просек од 19 поени по натпревар со 6,6 асистенции, 3,6 скока и 1,3 украдени топки.
Во минатогодишното финале на ВТБ лигата неговиот тим ја совлада Локомотива (4:1), а Димитиријевиќ беше прогласен за МВП на финалната серија.
Сезонава во решавачкиот меч за првото место во регуларниот дел против ЦСКА Москва забележа рекордни 40 поени со девет асистенции.
„За мене е голема чест да ја добијам наградата МВП за регуларниот дел од сезоната на ВТБ лигата 2023/24“, изјави Димитријевиќ и додаде:
„Оваа година победивме во многу возбудливи натпревари и славевме во регуларниот дел од сезоната. Мислам дека ова е резултат на напорната работа на целиот тим. Би сакал да им се заблагодарам на ВТБ лигата, на мојот тим Уникс, на стручниот штаб на чело од Велимир Перасовиќ, медицинскиот штаб и нашите верни навивачи. Најголема благодарност до моите соиграчи, кои ми помогнаа да станам подобар играч.“
Спорт
Адријан Њуи ќе го напушти Ред Бул
Главниот директор за дизајн на Ред Бул, Адријан Њуи, треба да го напушти тимот по контроверзата, која вклучува обвинувања против шефот на тимот Кристијан Хорнер.
Њуи, кој важи за најдобар дизајнер во историјата на Формула 1, одлуката да го напушти тимот им ја сооптшил челниците на Ред Бул, објави денеска Би-би-си.
Адријан Њуи е вознемирен од ситуацијата во Ред Бул, откако Хорнер беше обвинет за сексуално вознемирување и насилно однесување кон колешка. Хорнер ги негираше обвинувањата, а тимот по спроведена интерна истрага ги отфрли обвинувањата против Хорнер и жената ја суспендираше од работа.
Тој има договор со Ред Бул до крајот на следната сезона, а претходно беше поврзуван со преселба во Ферари.