Спорт
Сити загуби 2 бода со автогол, „Топчиите“ одиграа 11-та нула сезонава (видео)
Нов чекор назад за Манчестер Сити во одбраната на титулата во Премиерлигата. „Граѓаните“ на својот стадион одиграа само 2-2 против Кристал Палас со свтогол во последните моменти од мечот.
Играчот на Палас Тосун во 40 минута го стиша „Итихад“, погоди за гостински 0-1.
Сити се мачеше речиси цело второ полувреме да ја наметне својата препознатлива игра и да го сврти резултатот.
Тоа му успеа на голгетерот Кун Агуеро. Тој постигна два гола набрзина за целосен пресврт. Првиот во 82, а вториот во 87 минута.
Кога сите на стадионот го очекуваа последниот судиски свиреж, во 90. минута Фернандињо постигна автогол за конечни 2-2.
Екипата на Арсенал повторно одигра само реми, дури 11-то сезонава. На домашен терен бод на „топчиите“ им зеде екипата на Шефилд јунајтед, мечот заврши со резултат 1-1.
Мартинели со гол во првото полувреме донесе предност за Арсенал.
Тој резултат беше активен се до 83 минута кога Флик погоди за конечни 1-1.
На останатите попладневни мечеви во ПЛ беа постигнати следните резултати:
Брајтон-Астон Вила 1-1
Норич-Борнмут 1-0
Саутемптон-Вулверхемптон 2-3
Вест Хем-Евертон 1-1
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Свитолина за 59 минути ја победи Гоф
Украинската тенисерка Елина Свитолина ја декласира Коко Гоф и се пласира во првото полуфинале на Австралија Опен во својата кариера.
Свитолина неочекувано лесно ја победи Гоф со 6:1, 6:2, за само 59 минути игра.
Искусната Украинка леташе по теренот, „пукаше“ винери од сите оружја, додека Гоф одеше од грешка во грешка и во ниту еден момент не изгледаше како трета тенисерка во светот.
Во првиот сет, Американката ги загуби сите четири сервис гејма, а на крајот од мечот имаше неверојатно лоша статистика.
Направи три винери и 26 неизнудени грешки.
Ова беше десетта победа по ред на Свитолина во 2026 година, а од почетокот на сезоната изгуби само еден сет.
Нејзината противничка во полуфиналето исто така има резултат од 10-0, но таа не изгубила ниту еден сет. Тоа е Арина Сабаленка, и тоа ќе биде нивниот седми дуел – Белорусинката моментално води со 5-1. Овој дуел на програмата е во четврток од 9.30 часот по македонско време.
Foto/ depositphotos
Спорт
ПСЖ го официјализира трансферот на Дро Фернандез
Барселона остана без еден од своите најголеми таленти, Дро Фернандез, кој потпиша за ПСЖ. Парижаните ќе платат 8,2 милиони евра за неговите услуги.
Неговото целосно име е Педро Фернандез Сармиенто, а неговата мајка е од Филипините. Роден во Галиција, недалеку од португалската граница. Дро Фернандез се приклучи на Барселона од ЕД Вал Мињор Нигран и брзо напредуваше во младинските категории. За само три години, тој премина од тимот до 15 години во првиот тим.
Пред оваа сезона, Фернандез требаше да игра за Барса Атлетик, вториот тим на клубот што се натпреварува во четвртата дивизија.
Сепак, тој ги надмина сите очекувања за време на предсезоната, а тренерот Ханси Флик редовно го вклучуваше во првиот тим секогаш кога беше во форма. Иако одигра само неколку натпревари, Флик немаше дилеми да му даде шанса на 17-годишникот дури и во важни натпревари.
Оваа сезона, тој го имаше своето деби во стартниот состав против Реал Сосиедад, а еден месец подоцна го имаше и својот прв настап во Лигата на шампионите.
Bienvenue Dro Fernández ! ✍️❤️💙 pic.twitter.com/3GWe8Ufswr
— Paris Saint-Germain (@PSG_inside) January 26, 2026
И покрај ова, неговата иднина не е на „Камп Ноу“, бидејќи ПСЖ го договори неговиот трансфер. Моменталната пазарна вредност на Фернандез се проценува на 10 милиони евра.
Спорт
Берокал нов селектор на кошаркарската репрезентација
Кошаркарската федерација на Македонија донесе одлука за именување на Жозеп Мариа Берокал за селектор на машката репрезентација.
Берокал е искусен шпански тренер со импозантно портфолио зад себе, со повеќе од 35 години тренерско искуство, од кои 21 година во професионална кошарка, како и 14 години искуство во Евролигата, најелитното европско клупско натпреварување.
Во својата богата кариера како главен и помошен тренер, Берокал има освоено вкупно 21 трофеј, меѓу кои и две титули во Евролигата, а работел во 13 различни национални лиги и девет држави, што го вбројува меѓу најискусните интернационални тренери во европската кошарка.
Неговиот професионален ангажман вклучува работа во врвни европски клубови како Барселона, Панатинаикос, Басконија, Макаби од Тел Авив, Баерн Минхен, како и во повеќе национални првенства на највисоко ниво (AЦБ – Шпанија, Евролигата, израелската лига, Лигата на Турција, украинската лига и други).
Берокал соработувал со некои од најголемите имиња во светската кошарка, меѓу кои: Светислав Пешиќ Чави Пасквал, Душко Ивановиќ, Јоргос Барцокас, Велимир Перасовиќ, Одед Каташ и Гордон Херберт, што дополнително го потврдува неговиот стручeн и професионален кредибилитет.
Покрај работата со сениорски екипи, Берокал има и значајно искуство во развој на млади играчи, со 15 години работа во младински категории, вклучително и освојување на две шампионски титули во Шпанија со У18 селекции.
Неговата работа е препознаена како системска, дисциплинирана и насочена кон долгорочен развој на играчи и тимови.
Ангажманот на Жозеп Мариа Берокал претставува дел од стратешката определба на кошаркарската федерација на Македонија за подигнување на стручните стандарди, воспоставување на јасен систем на работа и градење конкурентна сениорска репрезентација, во тесна поврзаност со младинските селекции.
Федерацијата изразува уверување дека искуството, знаењето и меѓународниот авторитет на новиот селектор ќе придонесат за стабилност, напредок и јасна визија во натамошниот развој на македонската кошарка.
Izvor/ Foto: mkd.basketball

