Спорт
Скај спорт: Диего Карлос е пред трансфер во Њукасл
Њукасл, вчера, го донесе второто засилување во зимскиот преоден рок,а „Скај спорт“ најавува дека наскоро уште еден играч ќе пристигне на „Сент Џејмс парк“.
По Киран Трипие и Крис Вуд, договор со Њукасл би требало да потпише и Диего Карлос. Бразиелцот е играч ан Севилја, чии договор со клубот истекува во јуни 2024 година. Проценката на „Трансфермарк“ е дека тој вреди 45.000.000 евра.
Првата понуда од 35.000.000 евра била одбиена од Севилја, но како што тврди „Скај спорт“, Њукасл ќе испратат нова, повисока за 5.000.000 евра, што ќе ги задоволи апетитие на клубот од Андалузија.
Диего Карлос кариерата ја започна во Деспортиво, во Бразил играл и за Сао Паоло, Паулиста и Мадуреиро. Од 2014 година игра во Европа, во Есторил, Порто и Нант.
Сезонава има одиграно 27 натпревари за Севилја, постигнал два гола.
Доколку трансферот од 40.000.000 евра биде реализиран, Диего Карлос ќе стане најскапито играч во историјата на Севилја.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Голем пресврт на „Стенфорд Бриџ“ – Челзи го победи Вест Хем
Фудбалерите на Челзи, со пресврт во второто полувреме, го добија градскиот дуел со Вест Хем (3:2).
По оваа победа, Челзи го престигна Манчестер Јунајтед на табелата во Премиер лигата со 40 бода, „црвените ѓаволи“ имаат два бода помалку и натпревар помалку од тимот од Лондон.
По две победи по ред, Вест Хем го забележа својот 14-ти пораз, по што остана на 20 бода и на 18-то место во Премиер лигата.
„Чеканите“ имаа предност по првиот дел од 0:2. Стрелци на головите беа Боувен и Самервил.
Челзи одговори на вистински начин. Израмнување на „сините“ им донесоа играчите кои влегоа од клупата за резерви, Жоао Педро и Кукуреља, а победата ја обезбеди Енцо Фернандез со голот во 92-та минута.
На крајот, натпреварот го зачини тешакчата во финишот, Тодибо за врат го фати Жоао Педро, Мавропанос се обиде да му удри шамар на Палмер. Во целата таа мешаница само Тодибо доби црвен картон.
Спорт
Македонија против Украина или Словачка во баражот за СП
Ракометната репрезентација на Македонија добро помина на ждрепката, која ги одреди двојките за баражот, за пласман на Светското првенство.
Македонија ќе игра против победникот од претквалификацискиот дуел меѓу Украина и Словачка.
Македонија на 13 или 14.мај ќе гостува, а реваншот во Скопје ќе се одигра три дена подоцна.

Foto/ EPA
Спорт
Пол Џорџ падна на допинг тест
Кошаркарот на Филаделфија, Пол Џорџ, е суспендиран поради позитивен допинг тест.
Инсајдерот Шамс Чаранија, објави дека НБА го суспендираше Џорџ на 25 натпревари поради кршење на антидопинг прописите.
Пол Џорџ издаде соопштение во кое се вели:
„Во текот на изминатите неколку години, многу зборував за тоа колку е важно менталното здравје и поради тоа, направив голема грешка со тоа што самиот си земав лекови. Ја преземам одговорноста за моите постапки и им се извинувам на Севентисиксерс, соиграчите, навивачите и сите други за моите лоши одлуки за време на тој процес. Фокусиран сум на тоа да го искористам ова време за да го опоравам мојот ум и тело на најдобар можен начин и да му помогнам на тимот кога ќе се вратам“, рече Џорџ.
Не е наведено зошто Џорџ не го поминал допинг тестот.
Популарниот играч има 35 години и имаше просек од 16 поени и 5 скока во 27 натпревари оваа сезона.

