Спорт
Сколс: Босниќ е најлошиот фудбалер во историјата на Манчестер јунајтед
Пол Сколс се согласува дека Антони е очаен избор за Манчестер Јунајтед, особено ако е „се гледа и економскиот дел од трансферот“, но останува на ставот дека Марк Босниќ е најлошото нешто што го видел на тренинзите и натпреварите.
„Моравме да најдеме замена за Шмајхел и знаевме дека ќе биде тешко. Босниќ беше добар на голот на Астон Вила, но кога дојде кај нас се однесуваше непрофесионално. Искрено, беше смешен. Шутерскиот тренинг траеше меѓу 15 до 20 минути, тој по три шута не наеше каде се наоѓа“, се присети легендарниот фудбалер на денвите кога беше соиграч со австралискиот голман со хрватско потекло.
„Човекот не знаеше да ја избие топката, тоа во живот го немав видено“, додаде тој, а потоа се сети на конкретниот натпревар.
„Денот беше совршен, без ветер. Игравме на гости кај Евертон. Не успеа да ја исфрли топката до центарот на теренот“, рече тој како гостин во подкастот „The Overlap“ и заклучи:
„Точно е дека Антони е скапо платен, но за мене Босниќ е најлошиот играч кој го носел дресот на Манчестер Јунајтед“.
Сколс освои 25 трофеи со клубот и за кој одигра повеќе од 700 натпревари. Тој ги наведе Вејн Руни и Ерик Кантона како спротивни примери на Босниќ.
Босниќ бранеше на само 38 натпревари за Јунајтед и имаше просек од еден примен гол по натпревар. Сепак, тој ја освои титулата во Премиер лигата во сезоната 1999/00.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ред Бул има најголем спонзорски договор во Формула 1
Ред Бул, потпиша најголем договор за рекламно спонзорство оваа сезона. Уште во 2022 година, Ред Бул се договори со американскиот технолошки гигант Оракл да стане главен спонзор на тимот. Оваа сезона, тимот ќе инкасира 110 милиони долари.
Договорот за спонзорство на Ферари со ХП е исто така многу блиску до ова сума, изнесува нешто над 100 милиони долари по сезона.
Ова се единствените два спонзорски договори во Формула 1 оваа година, вредни повеќе од 100 милиони долари.
Светските шампиони, тимот на Мекларен, се исто така меѓу првите три тима, со договор за спонзорство со Мастеркард, кој им носи 90 милиони долари годишно. Сепак, Мекларен објасни дека финансиската компанија е „спонзор за преименување“, а не само „главен спонзор“.
Другите два големи договори се за Ауди – 75 милиони долари по сезона од Револут, додека Астон Мартин добива иста сума од саудискиот нафтен гигант Арамко.
Според непотврдени информации, Мерцедес добива 80 милиони долари по сезона од својот долгогодишен партнер Петронас.
Foto/ depositphotos
Спорт
Четири нови фудбалски правила на Светското првенство
На Светското првенство во фудбал, кое ќе се одржи во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико во текот на летото, ќе се применат некои нови правила.
Според Би-Би-Си, на најголемата смотра на светскиот фудбал ќе се применат четири нови правила:
1. Заменетиот играч има 10 секунди да го напушти теренот. Доколку излегувањето трае подолго, фудбалерот што влегува ќе мора да почека најмалку една минута пред да влезе.
2. Доколку играчот добие медицинска помош на теренот, тој мора да го напушти теренот и да биде надвор од него една минута.
3. Доколку судијата процени дека тимот одолговлекува за време на аут или гол-аут, ќе почне да одбројува пет секунди. Доколку топката не се врати на време, во тој случај ќе му биде доделен аут или корнер на противничкиот тим.
4. ВАР ќе може да ја промени одлуката за втор жолт картон или корнер, доколку се утврди грешка.
Светското првенство е закажано од 11 јуни до 19 јули.
Foto/ depositphotos
Спорт
Алисон нема да го напушти Ливерпул
Алисон Бекер ќе го брани голот на Ливерпул и следната сезона.
Управата на клубот одлучи автоматски да ја активира клаузулата во договорот со која се продолжува престојот на бразилскиот голман за уште една година.
Ова беше направено на инсистирање на тренерот Арне Слот, кој е презадоволен од игрите на Алисон.
Јувентус беше заинтересиран за услугите на Алисон Бекер, кој дури и започна преговори со овој клуб, но сега е јасно челниците на „старата дама“ ќе мора да бараат друга опција.
Алисон стана член на Ливерпул во 2018 година, кога пристигна од Рома во трансфер вреден 72,5 милиони евра.
Foto/ depositphotos

