Спорт
Слот: Трент мораме да го чуваме
Одлично започна ерата на Арне Слот во Ливерпул, со две победи по 2:0. Вчера Ливерпул го победи Брентфрорд со головите на Луис Дијаз и Мохамед Салах. Сепак, англиските медиуми наместо со победата се занимаваат со деталот кој се случи во 72.минута кога тренерот реши да го замени Александер-Арнолс.
Како и против Ипсвич во првото коло и против Брентфорд, Слот реши да го повлече од теренот англискиот репрезентативец. Но за разлика од мечот со Ипсвич, десниот бек вчера не го криеше незадоволството од одлуката на тренерот. Имаше и мала конверзација меѓу тренерот и фудбалерот во моменти кога натпреварот се уште траеше.
„Трент е незадоволен? Верувам дека сите сакаат да играат, оние на клупата сигурно се понезадоволни. Но, Трент имаше напорно лето, играше и за националниот тим и имаше само неколку недели одмор. Тој не ние потребен само првите два-три натпревари, туку ни треба за цела сезона. И затоа го чуваме. И исто така е добро што имам квалитетна замена во Конор (Бредли)“, изјави Слот.
Ваквите работи добиваат уште поголемо значење кога се знае дека договорот на Александар-Арнолд истекува за неполна година, двете страни, како што шпекулираат медиумите поради интересот на Реал Мадрид, се уште се далеку од продолжување на соработката.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Јанакопулос побара играчите и тренерот Атаман да поднесат оставки
Претседателот на Панатинаикос, Димитрис Јанакопулос, „лут како рис“ им испрати порака на своите играчи и тренери по поразот на „зелените“ од Арис во грчкото првенство.
Тимот на Ергин Атаман загуби во Солун со 102:95 по едно продолжение.
Во исто време, турскиот стратег беше исклучен поради бурни протести кон судиите, со што се комплетираше лошиот ден на неговиот тим.
Лут од конечниот резултта, Јанакопулос со критики се огласи на социјалните мрежи.
Им порача на играчите и тренерите да го напуштат клубот.
„Главниот тренер, помошниците тренери, сите вие! Сите. Немате поим каде играте, нели? Ова е Панатинаикос. Се надевам дека кога ќе се вратите во Атина, ако имате храброст да се вратите во Атина, сите ќе поднесете оставка“, рече Јанакопулос и додаде:
Срам да ви е! Проклети да сте! И не сакам ништо да чујам, ниту за Пицилкас, ниту за криминални организации, за ништо. Не можете да изгубите од Арис со буџет од 40 милиони. Срамно! Почнете да играте кошарка. Сфатете каде сте!“, порача ексцентричниот Јанакопулос.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Сити водеше 2:0 и не победи во Лондон
Фудбалерите на Тотенхем и Манчестер Сити ремизираа 2:2 во Лондон во 24-то коло од Премиер лигата.
Сити, доминираше, стекна предност од два гола, но не успеа да победи.
Гостите влегоа одлично во натпреварот, поведоа во 11-та минута со голот на Рајан Шерки.
Шерки можеше да постигне уште еден гол во 24-та минута, но Гуљелмо Викарио го одбрани неговиот удар.
Немаше промена во резултатот се до финишот на првото полувреме, во 44-та минута, Антоан Семењо го дуплираше водството на Сити.
Второто полувреме тргна во поинаква насока, прво во 53-таа минута, Марк Гуехи си постигна автогол и Тотенхем ја намали разликата, а во 70-та минута, Доминик Соланке ја затресе мрежата на Сити по асистенција на Конор Галагер за 2:2.
Сити остана на второто место во Премиер лигата со 47 бода, шест помалку од Арсенал кој е прв на табелата.
Од друга страна, Тотенхем е на 14-та позиција со 29 бода.
Во продолжението од сезоната, Тотенхем го очекува дуел со Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“, додека Сити гостува кај Ливерпул.
Foto/ EPA
Спорт
Германија немаше шанси – Данска е Европски првак
Ракометартите на Данска, на домашен терен го освоија златниот медал на 17-то Европско првенство. За Данска ова е втора титула на континеталните натпреварувања, прва по 2014 година. Данците, исто така, потврдија дека се најмоќната ракометна нација, во овој момент тие се актуелни европски, светски олимписки шампиони.
Данска, во финалето на ЕП, во Хрнинг, ја победија Германија со 34:27.
Во текот на првото полувреме, како што се очекуваше, се водеше немилосрдна борба, се играше гол за гол, а потоа Данска се одлепи на 12:9, на што Германците ексрепсно возвратија, благодарени на брилијантниот голман Волф. Првио дел заврши со предност на Данска од два гола.
Во продолжението од натпреварот, голманите Волф и Мелер, блескаа ги оставија играчите пет минути без постигнат гола.
Данска прва се разбуди и на нешто повеќе од десет минути пред крајот избега на 26:22. Германија се обиде, но по 53-та минута целосно паднаа во играта.
Најефикасни во тимот на Данска беа Симон Питлик со осум, Јохан Хансен со седум, Матијас Гидсел со шест, Томас Арнолдесн со четири гола. Кевин Мелер имаше 11 одбрани. За Германија, Андреа Волф имаше 14 одбрани, а Марко Гргиќ, Јури Кнор и Јоханес Гола постигнаа по пет гола.
Во борбата за бронзениот медал, Хрватска ги контролираше настаните на паркетот против Исланд, на самиот крај се коцкаше, му дозволи на Исланд да стигне од 23:29 до 32:33, но на крајот стигна до заслужената победа.
Foto/ EPA

