Спорт
Словенците ја пензионираа „тројката“ на Драгиќ
Кошаркарскиот сојуз на Словенија го повлече дресот со број три, во чест на поранешниот капитен на репрезентацијата, Горан Драгиќ.
Драгиќ го освои Европското првенство во 2017 година со репрезентацијата на Словенија, а тој беше прогласен и за најкорисен играч на ЕП.
Тој беше член на третата најдобра петорка на НБА во 2014 година и беше прогласен за Ол-стар за 2018 година за време на кариерата во НБА која се протега од 2008 до 2023 година.
Со Мајами стигна до финалето на НБА во 2020 година, во кое пропушти четири натпревари поради повреда здобиена во првиот натпревар од финалната серија, кој неговиот тим го загуби од Лос Анџелес Лејкерс со резултат 4:1.
Прошталниот натпревар во чест на Горан Драгиќ ќе се одигра во сабота во салата Стожице од 20 часот.
На прошталниот меч на Драгиќ, гости ќе бидат Никола Јокиќ, Лука Дончиќ, Дирк Новицки, Стив Неш, Дејан Бодирога, Предраг Даниловиќ, Александар Ѓорѓевиќ, Марко Гудуриќ, Мирослав Бериќ и други.
Влезниците за натпреварот биле распродадени за 20 минути.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Вашингтон со 48 поени го затрупа кошот на Крка
Кошаркарите на Партизан, во Љубљана ја победија Крка со 99:92, во АБА лигтата. Натпреварот го обележа Двејн Вашингтон со 48 поени.
Американецот, спречи уште еден кикс на Партизан, постигна половина од поените на својот тим. Партизан е втор во својата група со осум победи и еден пораз.
Вашингтот мечот го заврши со 48 поени, постигна 10 тројки од 14 обиди и го урна рекордот на Дерон Расел, кој во дресот на Морнар, во октомври 2022 година против Задар постигна 47 поени.
Со 10 постигнати тројки, Вашингтон на првото место, на вечната листа се изедначи соТему Ранико и Јосип Сесар.
Foto/ Krka, Drago Perko
Спорт
Дејан Станковиќ официјално се врати на „Маракана“
Дејан Станковиќ се врати на клупата на Црвена звезда, како и во 2019 година, кога за прв пат стана тренер на својот сакан клуб, го наследи Владан Милојевиќ на оваа позиција. На официјалната промоција, Станковиќ открик би променил, која е неговата голема цел, а со одбрани зборови зборуваше за Синиша Михајловиќ, но и за тандемот Александар Катаи-Мирко Иваниќ.
Владан Милојевиќ без изјава замина од Црвена звезда, преку веб-страницата на црвено-белиот тим кратко рече: „Ти благодарам за се Црвена звезда, те сакам“.
Во саботата, по последниот натпревар на клубот оваа година беше познато дека на „Маракана“ се враќа, Дејан Станковиќ, кој според српските медиуми потпишал две ипол годишен договор.
Помеѓу два мандати во Звезда, Дејан Станковиќ работеше во Сампдорија, Ференцварош и Спартак Москва, а се врати во клубот, како што беше наведено, за да ја освои двојната круна и да стигне до Лигата на шампионите преку квалификациите, што претходно не му успеа.
Станковиќ со тоа повторно ќе ја продолжи или поточно ќе ја заврши работата што ја започна Владан Милојевиќ, овој пат со бод заостанување во домашното првенство и голема шанса за пласман во Лигата на Европа.
Foto/ freerangestock
Спорт
Македонија назадуваше на ранг листата на ФИФА
Македонската фудбалска репрезентација назадуваше на последната ранг-листа на ФИФА за 2025 година.
Македонија, календарската година ја заврши на 66-то место, што во однос на претходното рабгирање, преставува пад од едно место.
Македонската репрезентација задавуваше на сметка на Јордан, селекција која направи скок за две места на листата.
Пред Македонија, меѓу другте на листата меѓудруготе се Хондурас, Јордан, Албанија, Буркина Фасо, Јужна Африка, Саудиска Арабија…
На новата ранг листата на ФИФА нема промени во Топ 10. На врвот е Шпанија, пред Аргентина и Франција.
Топ 10: Шпанија, Аргентина, Франција, Англија, Бразил, Португалија, Холандија, Белгија, Германија и Хрватска.
Foto/ depositphotos

