Спорт
Солари: Сакам да работам во Премиер лигата
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2019/11/a30brce8_santiago-solari-_625x300_14_November_18.jpg)
Поранешниот тренер на Реал Мадрид Сантијаго Солари открил дека сака да работи во Премиер лигата.
Аргентинецот неколку месеци, минатата сезона, беше тренер на Реал. Доби отказ по елиминацијата од Ајакс во Лигата на шампионите.
Неодамна тој бил уловен на трибините на „Стенфорд Бриџ“ како го следи натпреварот помеѓу Челси и Кристал Палас, поради што британските медиуми шпекулираат дека тој наскоро ќе работи во Премиер лигата.
„Би сакал да работам во Премиер лигата. Често ги гледам натпреварите. Ова е врвно првенство кое се наоѓа во еден од најдобрите периоди во својата историја. Тука играат врвни играчи и работат некои од најдобрите тренери во светот. Покрај сите тие различни националности и стилови на игра да не заборавиме дека минатата сезона финалистите во Лигата на шампионите и Лига Европа беа од Премиер лигата“, истакнал Солари.
Покрај искуството што го има со првиот тим на Реал, Солари бил тренер и на Б екипата на „кралскиот клуб“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Спорт
Дурент ја мина границата од 30.000 поени – Феникс поразени од Мемфис
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/Untitled-1-26.jpg)
Кевин Дурент ја мина границата од 30.000 поени во поразот на феникс од Мемфис 112.119.
Гостите до победата ги предводеа бековите Џа Морант со 26 поени, седум скока и шест асистенции и Дезмонд Бејн кој запиша 20 поени, осум скока и четири асистенции.
Најефекасен играч во тимот за кој Бредли Бил не можеше да игра поради повреда беше 36-годишниот ветеран Кевин Дурент, кој постигна 34 поени (12/18 од поле, 3/4 за три) и додаде три скока и асистенции.
Поранешниот играч на Оклахома Сити Тандер, Голден Стејт и Бруклин ја мина границата од 30.000 поени во кариерата. Тој им се придружи на Леброн Џејмс, Карим Абдул-Џабар, Карл Мелоун, Коби Брајант, Мајкл Џордан, Дирк Новицки, Вилт Чембрлен и Џулиус Ирвинг.
Постигна 3.324 во дресот на Санс, малку повеќе (3.744) за Бруклин, а 5.374 за Голден Стејт. Тој помина девет сезони со првата франшиза, постигнувајќи 17.566 поени.
Чикаго Булс дожебеаја дебакл од Детроит пред своите навивачи. Пистонс во Чикаго славеа со 132.92.
Кошаркарите на Детроит ги расподелија поените рамномерно во убедливиот триумф. Малик Бисли (24), додека Кејд Канингем додаде 20 – заедно со шест скока и седум асистенции.
Центарот Карл-Ентони Таунс блескаше во победата на Њујорк Никс на гости кај Индијана Пејсерс (128:115) со 40 поени и 12 скока. Џош Харт додаде 30 поени и 10 скока.
Тимот на Торонто извојува тесна победа на гостувањето кај Филаделфија (106:103).
Скоти Барнс го предводеше Торонто со 33 поени (10/16 од поле) и 10 скока, додека камерунско-францускиот центар Џоел Ембиид, репрезентативец на САД, постигна 27 поени.
Спорт
Гвардиола: Ја преземам вината, но виновни сме сите
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/Untitled-1-25.jpg)
Реал Мадрид стигна до голема победа во Манчестер, каде го совлада Сити со 3-2 (0-1) во првиот бараж натпревар за пласман во осминафинален натпревар од Лигата на шампионите.
Менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола ја презеде одговорноста по натпреварот, но истакна дека сите во тимот се одговорни за конечниот исход.
„Ова ни се случи многу пати оваа сезона. Ги знам квалитетите на тимот на Реал Мадрид. Во вториот дел ја контролиравме играта, но сакавме да нападнеме пребрзо. Ова се случи бидејќи Реал е извонреден тим”, изјави Гвардиола и продолжи:
„Лошите одлуки ја направија разликата. Јас ја преземам вината, иако не сум само јас, виновни се сите. Повредите не мачат цела сезона и тоа сите го знаат”, изјави по натпреварот менаџерот на Манчестер Сити.
Реваншот се игра следната среда на стадионот „Сантијаго Бернабеу“.
Спорт
Евролигата најавува промени, ќе се прошири на 20 екипи
Се повеќе се зборува дека Евролигата би можела да брои 20 екипи од следната сезона. Како што пренесува порталот Јурихупс, ваквиот развој на настаните може да доведе до промена на форматот на натпреварувањето.
Новинарот Арис Баркас наведува дека раководството на Евролигата, предводено од Дејан Бодирога и Паулиус Мотејунас, на тимовите со лиценца „А“ им претставило план за проширување на натпреварувањето на 20 екипи. Предлогот е тимовите да бидат поделени во две конференции (се уште не се знае дали според географски критериуми), а во регуларната сезона секој клуб би одиграл по 28 натпревари.
Се претпоставува дека системот на натпреварување би бил следниов: секој тим ќе одигра 18 натпревари од регуларната сезона против тимови од својата конференција (дома-гости). Дополнително, секој тим би одиграл по еден натпревар против ривали од друга конференција, пет дома и пет на гости.
Ваквата промена би била значително полесна за организаторите и учесниците отколку да го остави стариот систем. Доколку форматот на лигата остане ист, тоа би значело дека тимовите од Евролигата ќе одиграат 38 натпревари во текот на регуларниот дел од сезоната, а бројот на таканаречените „двојни недели“ да се зголемат од седум на девет.
Засега не се знае кој систем ќе биде усвоен, но се поизвесно е дека ќе дојде до проширување на 20 клубови.