Спорт
Солзите на Ѓоковиќ го обиколија светот
Новак Ѓоковиќ не успеа да го комплетира календарскиот гренд слем. Финалето на Ју-ес опен му припадна на подобриот тенисер, Данил Медведев, кој во третото гренд слем финале успеа да го освои првиот трофеј.
Ѓоковиќ во солзи го заврши мечот, емоциите го преплавија на доделувањето на трофеите, а во солзи ја напуштил прес-конференцијата за српските медиуми одржана по мечот.
„Чувствувам олеснување. Притисокот и очекувањата беа огромни пред и за време на овој турнир. Се трудев да останам во моментот, да се концентрирам на наредниот чекор, сепак целиот тој процес е исцрпувачки. Чувствувам тага и разочарување, испуштив голема шанса. Не е лесно да се поднесе ваков пораз. Од друга страна, енергија, љубовта и поддршката што ја добив од публиката е нешто што засекогаш ќе го паметам. Навистина ми го наполнија срцето со емоции. Заплакав пред последниот гем бидејќи емоцијата беше единствена. Никогаш овде во Њујорк не сум доживеал нешто такво. Ми се собра сѐ она што го доживував овде во претходните години, во големите мечеви. Чувствувам дека не заслужив третман каков што често добивав. Крајот не е совршен, но морам да бидам задоволен поради сѐ што направив. Успешна година е ова, три гренд слем титули и едно финале. Секако дека поразот ме боли, човек сум, имам емоции, но секогаш се потсетувам себеси колкава среќа има во животот – Бог и ангелите ме поддржуваа во текот на годините, вечно сум им благодарен“.
Ѓоковиќ порачал дека и во 35. година од животот има простор за напредок во неговата игра и дека е свесен за заканата што доаѓа од младите играчи.
„Мора да се напредува. Без тренинг, на теренот и надвор од него нема резултати. Како времето одминува, нам постарите ни е потешко да останеме на врвот и да бидеме кандидати за освојување на гренд слемови. Свесен сум за ова, но тоа не ме загрижува, тоа е природен циклус. Не чувствувам дека сум стар, дека сум истрошен. Секако, животот е поинаков бидејќи сум сопруг и татко и кога ќе се погледне целата слика, имам други приоритети. Би сакал повеќе време да поминувам со моите деца, тоа си го ветив. Отсуството ме боли. Се извинувам“, по ова Ѓоковиќ се расплакал и ја напуштил прес-салата.
Powerful emotion from a goat, Novak Djokovic, on the changeover before the final game in a nearly perfect calendar Grand Slam thrill ride. Grown men cry, and Djokovic just earned even more fans. #USOpen pic.twitter.com/kIJ9MTrClG
— Dinn Mann (@mooseoutfront) September 12, 2021
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Реал победи во Сан Себастијан, еден триумф го дели од шампионската титула
Фудбалерите на Реал Мадрид го совладаа имењакот од Сан Себастијан на „Реале арена“ со 1:0 (1:0) во премиерниот натпревар од 33.коло.
На овој начин „кралскиот клуб“ со натпревар повеќе стекна 14 бодови предност во однос на Барселона.
Практично само теорија го дели Реал Мадрид од 36. титула во клупската историја.
Карло АНчелоти натпреварот го започна со комбиниран состав, а за прв пат стартер беше младиот Арда Ѓулер.
Токму младиот Турчин со голот во 29. минута му донесе победа на својот тим. Карвахал нафрли во шеснаесетникот, а Гулер шутираше низ нозете на голманот Ремиро.
Три минути подцна Реал Сосиедад преку Такефуши Кубо постигна гол кој беше поништен поради офсајд.
Сосиедад остана на шестата позиција со 51 бод до крајот на сезоната ќе се бори за пласман во Лига Европа или Конференциската лига.
Спорт
(Видео) Евролигата покрена постапка против судијата Болтаузер – Украл парфем од „фри-шоп“
Еден од најпознатите европски судии, Словенецот Матеј Болтхаузер (49) е тема број 1 во европската кошаркарска јавност поради видеото кое излезе во јавноста.
Имено, Болтаузер е снимен на него на аеродромот „Никола тесла“ во Белград на 8 декември минатата година како краде парфем на Том Форд од „фри шоп“.
Станува збор за парфем кој чини 221 евро.
Болтхаузер тогаш се враќаше од натпреварот од Евролигата меѓу Монако и Партизан, која ја судеше во Франција.
Поради видеото кое се појави пет месеци подоцна, Евролигата покрена постапка против Болтаузер.
Тој сигурно ќе се соочи со драстична казна, па дури и играчите си земаа слобода да кажат „збор-два“ за Словенецот.
Најгласен беше Мет Џенинг, кој директно го обвини Болтхаузер дека со години крадел, не само на аеродромот, туку и на терените во Евролигата.
„Човекот краде со години! Евролигата има голем број одлични судии, но ова момче е убедливо најлошиот и не е тешко да се разбере зошто”, напиша Џенинг, поранешен играч на Монтепаски, Ефес, Басконија, како одговор на видеото кое брзо се прошири низ Европа.
Salen a la luz imágenes de Boltauzer, árbitro de la Euroliga, robando un perfume en el aeropuerto de Belgrado
🫣 Los hechos sucedieron tras el partido entre Partizan y Mónacopic.twitter.com/brQUbuRYqa
— Eurohoops España (@EurohoopsES) April 26, 2024
Спорт
Арне Слот ќе биде новиот тренер на Ливерпул
Холандскиот стручњак Арне Слот од следната сезона ќе биде тренер на Ливерпул.
Трансфер инсајдерот, новинарот Фабрицио Романо тврди дека двата клуба се договориле, Ливерпул на Феенорд ќе му исплати одредена отштета за тренерот чии договор истекува во 2026 година.
Допрва ќе биде познато колкава сума ќе плати Ливерпул. Наводно Ливерпул понудил 9.000.000 евра, а Феенорд бара 13.000.000 евра.
Слот од 2021 година е на клупата на клубот од Ротердам на кој му донесе голем успех.
Во првата сезона го водеше тимот до финалето на Конференциската лига, таа година беше прогласен за тренер на сезоната во Ередивизие, а една година подоцна ја освои домашната титула со Феенорд.
Во својата втора сезона во клубот, тој го предводеше тимот до четвртфиналето на Лига Европа.
Пред Феенорд, Слот ги водеше Камбур и АЗ.