Спорт
Сон и Кејн со по два гола за убедлива победа на Тотенхем

Хери Кејн и Сон Хеунг-Мин постигнаа по два гола за Тотенхем да стигне од 6:3 победа над комбинираниот тим од корејската К-Лига во трилер со девет гола во Сеул.
Пред 66 илјади гледачи, Ерик Даер го отвори резултатот со одличен гол од далечина, пред домаќините да израмнат во судиското продолжение од првото полувреме. Во редок случај кога се работи за пријателски мечеви, Ким Донг-Мин доби директен црвен картон откако го собори Сон во последните 20 минути од мечот.
За одбележување е и дебито на Бразилецот Ришарлисон по неговиот трансфер од Евертон.
Турнејата низ Јужна Кореј продолжува со меч против Севилја во Сувон в сабота.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Алиоски: Среќен сум поради дебито и победата на Фенербахче

Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски синоќа го имаше своето деби во дресот на турскиот Фенербахче каде пристигна од редовите на Ал-Ахли. Тој беше стартер во тимот на гигантот од Истанбул во триумфот (0:2) во плејофот од Лигата на Европа.
„Среќен сум поради дебито и пред сè поради победата на Фенербахче. Со овој триумф сме многу блиску до остварување на целта, пласман во групната фаза од Лигата на Европа. Фокусирам сум на тимот и добрите игри и верувам дека ќе имаме уште многу радосни моменти заедно оваа сезона“, изјави Езгјан Алиоски по дебито за Фенербахче.
Стрелци на головите за Фенербахче беа Џошуа Кинг и Дорсун.
Спорт
Седлоски: Балкани стигна до победа со два шута кон голот, не можам да им честитам

Тренерот на Шкупи, Гоце Седлоски, по поразот од Балкани (1:2) на дуелот во Скопје изјави дека е задоволен од тоа што го одиграле неговите избраници, но, сепак, не и од резултатот. Тој истакна дека не може да му честита на косовскиот тим, затоа што негово мислење е дека не бил подобар. Потенцираше и дека ништо не е завршено на овој двомеч, а Шкупи ќе се обиде да возврати на реваншот во Приштина.
„Ова беше добар натпревар, но подобриот тим не победи. Видовте и сами, имавме толку неискористени шанси. Одлично го отворивме мечот, а потоа примивме еден лесен гол. Не можам никако да му честитам на противникот, бидејќи победија со два удари кон голот среде Скопје. Поразот е моја одговорност, јас ги бирам играчите, јас одлучувам за играта и не можам за ништо да ги обвинам фудбалерите. Сакам да нагласам дека има уште 90 минути и како што победи Балкани овде, ние ќе се обидеме да победиме таму. Не треба да паничиме, напротив, сега треба да останеме смириме и да одиграме максимално на реваншот во Пришрина“, изјави Гоце Седлоски.
Спорт
Елмас се сели во Премиерлигата? Манчестер Јунајтед и Евертон заинтересирани за македонскиот ас

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас би можел во завршницата на летниот преоден рок да се пресели во Премиерлигата, откако за него се заинтересираа Манчестер Јунајтед и Евертон, објави „Калчомеркато“.
Менаџерот на Евертон, Франк Лампард, силно го посакува Елмас како освежување за средниот ред на неговиот тим, а во игра е и Манчестер Јунајтед.
Ерик тен Хаг бара уште еден квалитетен играч во средниот ред откако пропадна трансферот на Адриен Рабио од Јувентус.
Манчестер Јунајтед покажува голем интерес и за Ирвинг Лозано, крилниот напаѓач на Наполи.
#Calciomercato | #Napoli, su #Elmas e #Lozano c’è l’interesse di #Everton e #ManchesterUnited https://t.co/OGIdcdYbUy
— Gianluca Di Marzio (@DiMarzio) August 18, 2022