Спорт
Сонг повеќе не е селектор на Камерун
Ригоберт Сонг повеќе не е селектор на Камерун, објави претседателот на Фудбалскиот сојуз, Самуел Ето.
„Сонг му донесе многу на овој тим, но законите на фудбалот се такви. Не ги постигнавме нашите цели и неговиот договор, кој истече денеска, нема да биде продолжен“, изјави Ето за француски „Лекип“.
Камерун беше елиминиран во осминафиналето на Африканскиот куп на нации од Нигерија, па разделбата со Сонг беше очекувана.
Сонг (47) во својата тренерска кариера ја водеше само репрезентацијата на Камерун, а на клупата седна во 2022 година.
Најголемиот успех што го постигна е победата над Бразил (1:0) на Светското првенство во Катар, но Камерунците не успеаја да ја минат групата во која беа и Швајцарија и Србија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Санчез ги честеше „граѓаните“, Сити го победи Челзи
Манчестер сити, предводен од Ерлинг Халанд, во 23.коло во Премиер лигата, го победи Челзи со 3:1 (1:1). Актуелните шампиони скокнаа на четвртото место на табелата со 41 бод, колку шти има и Њукасл на петтата позиција, додека Члеси со бод помалку се наоѓа на шестото место.
По поразот од ПСЖ во Лигата на шампионите, Сити имаше императив на победа во дербито и успеа да одговори на предизвикот.
Напреварот лошо започна „граѓаните“, бидејќи Мадуеке во третата минута го шокира „Етихад“. Крилниот напаѓач на Челзи ја искористи грешката на засилувањето на Сити, малдиот Узбекистанец Усманов.
До крајот на првиот дел Сити имаше шанси да го изедначи резултаот, но и Челси пропушти можност да ја зголеми преноста.
Во финишот на првиот дел Гвардиол, по акцијата на засилувањето Мамрмуш го постигна првиот гол за Сити.
Резултатот 1:1 беше активен до 68.минута, кога голманот на Челси, Роберт Санчез му подари гол на противникот. Шпанецот, направи лоша проценка, без потреба го напушти голот, се најде на „ничија земја“, а тоа го искористи Халанд кој со перфектен лоб удар ја погоди мрежата.
Конечниот резултат го постави Фоден по додавањето од Халанд во 87.минута.
Спорт
(Видео) Наполи со пресврт го победи Јувентус
Наполи на „Диего Марадона“ го доби Јувентус со 2:1 (0:1) во 22.коло во Серија А. Наполитанците и по ова коло ќе ја задржат лидерската позиција на табелата. Тимот на Антонио Конте има 53 бода, Интер со два натпревари помалку заостанува шест бода. Јувентус во Неапол го доживеа првиот пораз сезонава во Серија А, остана на 37 бода и до крајот на сезоната му претстои борба за пласман во Лигата на шампионите.
Пресметката меѓу лидерот во Серија А и најтрофејниот италијански клуб донесе голема борба на теренот и апсолутна доминација на Наполи во второто полувреме, откако Јувентус за нијанса беше подобар во првото полувреме.
Подобрата игра во првиот дел, Јувентус ја круниса со гол во 43.минута. Деби од сништата за Коло Муани, кој го постигна голот.
Во вториот дел играчите на Јувентус не постоеја на теренот, не упатија ниту еден удар кон голот на Мерет. Беа притиснати пред својот гол. Офанзивата на Наполи вродо со плод во 57.минута. Совршен центаршут испрати Политано, а играчот на натпреварот Ангиса погоди со глава.
Откако изедначија, домашните тргнаа уште пожестокот кон голот на Ди Грегорио. Прашање на време беше само кога ќе постигнат уште еден гол.
Во 68.минута, наивен старт врз Мектоминеј направи Локатели, а пеналот во гол го претвори Лукаку. Оваа беше јубилејниот 200. гол на Лукаку во петте најсилни европски национални првенства.
Спорт
Унгарија го победи Катар, си обезбеди место во четвртфиналето
Унгарија од втората позиција обезбеди пласман во четвртфиналето на Светското првенство во ракомет. Унгарците во последното коло го победија Катар со 29:23 (12:12).
Катарците беа тие кои беа подобри во првиот дел, неколку пати имаа предност од три гола, но Унгарците успеаја да обезбедат нерешен резултат на полувремето. Второто полувреме мина во доминација на Унгарците. Одиграа цврсто во одбраната, беа ефикаси во нападот и овој период го добија со шест гола разлика.
Имре со девет, односно Сита и Бока со по четири гола ја предводеа Унгарија.
Групата 2 уште пред ова коло ја освои Франција, Унгарија е втора, Холандија трета. Македонија доколку вечерва приреди сензација и ја победи Франција ќе заврши на третото место.
Пораз помал од девет гола разлика ќе ја остави Македонија на четвртото место и во конечниот пласман нашата репрезентација ќе биде пласирана од 9 до 12 место, а пораз поголем од девет разлика ќе ги смести „црвено-жолтите“ зад Австрија, односно во конечниот пласман ќе бидат пласирани од 13 до 16 место.