Спорт
Совршен гест – статуа за навивачот кој иако беше слеп имаше сезонски билет (видео)
Шпанскиот клуб Валенсија му оддаде совршена почит на својот поранешен навивач, Висенте Апарисио, кој иако беше слеп го обновуваше сезонскиот билет, постасвувајќи негова статуа на „Местелја“.
Апарисио ослепел во своите 50-ти години, но тоа не го спречило да биде на секој домашен мече на „Ел Че“, и го обновуваше сезонскиот билет од 1994 до пред две години кога починал. Валенсија реши да го отстрани неговото старо седиште – бројот 164 во 15-тиот ред на централната трибина, и го пополни местото со негова статуа.
Неговиот син ја посети Месталја и се фотографираше на местото на статуата на неговиот татко.
„Мечот против Карслруе во 1993 година беше последен кој го гледаше на телевизија и потоа тој реши дека ќе оди на сите мечеви на ’Месталја’ за да ја почувствува атмосферата. Уживаше, а јас му кажував што се случува на теренот. 2004 кога Валенсија го освои УЕФА купот и Ла лига беше најсреќната година во неговиот живот“, изјави неговиот син.
What an amazing story of a Valencia fan who was blind since the 1950s and kept his season ticket. The club put a statue of him in his seat to remember him after his passing. pic.twitter.com/EQXXG8tIPG
— Homar Hernandez (@OfficialHomar) June 3, 2019
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Бензема по секоја цена сака да замине од Саудиска Арабија
Карим Бензема како актуелен освојувач на Златната топка, на почетокот на јуни минатата година реши да го напушти Реал Мадрид и да замине во Саудиска Арабија. Потпишал договор до јуни 2025 година, за како што тогаш објави трансфер инсајдерот, Фабрицио Романо, плата од 200 милиони евра по сезона. Во платата се вклучени и бројни комерцијални придобивки.
Шпанските медиуми, повикувајќи се на извори блиски до фудбалерот, тврдат дека тој по само една сезона сака да се врати во Европа. Наводно му недостига фудбалот на повисоко ниво, а му пречи ниското ниво на професионализам и тоа што постојано е критикуван од навивачите.
Според овие извори, нема да му биде лесно да си замине. Според договороте, тој може да го смени клубот, но не и да ја напушти лигата. Саудискиот инвестициски фонд, кој стои зад напливот на скапи фудбалски ѕвезди, не сака да му го дозволи тоа бидејќи ќе го наруши угледот на лигата.
Бензема одигра 29 натпревари за Ал Итихад, постигна 13 гола и забележа осум асистенции.
Спорт
Тони Крос објави крај на кариерата
Тони Крос еден од симболите на Реал Мадрид по завршувањето на Европското првенство ќе стави крај на кариерата.
Договорот на Крос со Реал истекува на крајот од сезона, доби понуда да остане уште една година во Мадрид, но решил да замине во пензија.
Крос крајот на кариерата го објави на социјалните мрежи.
„Беше 17 јули 2014 година – денот на мојата промоција во Реал Мадрид, денот кој ми го промени животот. Мојот живот како фудбалер, но и како личност. Тоа беше почеток на едно поглавје во најголемиот клуб во светот. По десет години, на крајот на оваа сезона, ова поглавје ќе заврши. Никогаш нема да го заборавам овој успешен период. Исто така, оваа одлука значи дека мојата кариера е при крај бидејќи ќе заврши по завршувањето на Европското првенство. Како што кажав и претходно, Реал Мадрид е мојот последен клуб во кариерата“, напиша Крос.
Тони Крос професионалната кароера ја започна во 2007 година во Баерн. Со исклучок на сеозната 2009/201 кога беше на позајмица во Баер Левекузен, во Минхен остана до летото 2014 година кога се пресели во Реал. Со „кралскиот клуб“ ги освои сите трофеи во клупскиот фудбал.
За Реал досега одигра 463 натпревари, постигна 28 голови и забележа 98 асистенции.
Крос со Германија стана светски првак во 2014 година, а четири години претходно го освои третото место.
Спорт
Ракометарот што му ја донесе првата ЛШ на Вардар заминува во пензија
Иван Чупиќ, со чии гол Вардар ја осови првата титула во Лигата на шампиони, на денешната прес-конференција соопшти дека заминува во пензија.
Легендарниот 39-годишен поранешен хрватски репрезентативец во четврток со Загреб ќе го одигра првиот натпревар од финалето на плејофот на хрватското првенство. Загреб воси со 2:0 во серијата до три победи, бидејќи во предвид се земаат и средбите од регуларниот дел од сезоната и Чупиќ верува дека Загреб ќе победи и дека тоа ќе биде крај на неговата кариера.
Чупиќ најави дека ќе остане во стручниот штаб на тренерот на Загреб, Андрија Николиќ и дека има намера во иднина да стане тренер. Чупиќ
Чупиќ дресот на Вардар го носеше од 2016 до 2021 година, период во кои освои 15 трофеи со црвено-црните, меѓу кои два во Лигата на шампионите.
Во сезоната 2016/2017 со неговиот гол во последната секунда, Вардар на завршниот турни го победи ПСЖ со 24:23 и ја освои првата од двете титули во Лигата на шампионите.
Кариерата ја започна во Метковиќ, а потоа играше во Медвешчак, Виго, Горње, Р.Н. Ловен, Киелце, и Загреб. Дресот на Хрвтаска го носел на 164 натпревари, со која има сребро и бронза од Светското првенство, две сребра и бронза од ЕП и олимписка бронза од ОИ игри во Лондон во 2012 година.