Спорт
Спектакуларен пресврт на Вориорс, Бертанс ги надигра Јокиќ и Мареј, МВП – Сабонис

Спектакуларниот пресврт на Голден стејт против Мајами, поразот на Денвер во Вашингтон, во кој блескаа Никола Јокиќ и Давис Бертранс, брилијантниот Домантас Сабонис и Јута џез ја обележаа ноќта во НБА-лигата.
Вориорс против Мајами имаше негатива од 16 поени, на шест минути до крајот на мечот успеа да избори продолжение и на крајот да победи со 120:112.
Четворица играчи на Вориорс постигнаа 23+ поени. Кент Бејзмор со 26 и Стеф Кари со 25 беа најефикасни. По 23 коша постигнаа Кели Убре и Ендрју Вигинс.
Индијана Пејсерс славеше во дуелот со Минесота 119:114. Домантас Сабонис блескаше со трипл-дабл од 36 поени, 17 скока и 10 асистенции.
Денвер во драматичен финиш беше поразен во Вашингтон со 130:128. Денвер имаше 17 поени предност во првата четвртина, Вашингтон до полувремето се доближи на минус од три поени.
Второто полувреме им припадна на домаќините, а Денвер во последните минути со серија 17:4 се врати во мечот. На крајот, Џон Вол во последната секунда го реши мечот од линијата за слободни фрлања кога Бертанс и Мареј си разменија по една тројка.
Летонецот Бертанс го одигра мечот на кариерата, постигна 35 поени, погоди девет тројки од 11 обиди. Џон Вол постигна 15 поени, а Расел Вестбрук забележа трипл-дабл од 12 поени, 13 скока и 12 асистенции.
На спротивната страна се издвои Џамал Мареј со 35 поени, односно Никола Јокиќ со 33 поени, седум скока, девет асистенции и две украдени топки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Интер испадна од клускиот Мундијал

Фудбалерите на Флуминенсе направија изненадување победувајќи го фаворизираниот Интер со 2:0 и се пласираа во четвртфиналето на Светското клупско првенство.
Интер доживеа шок во четвртата минута кога Херман Кано со глава шутираше ниско во средината на голо и го совлада Јан Зомер.
Победата бразилскиот тим ја потврди во судиското надополнување, во 93.минута, стрелец беше Херкулес.
Спорт
Турците се задоволни од Монтела

Италијанскиот стручњак Винченцо Монтела ќе остане тренер на турските фудбалери до јули 2028 година, објави Фудбалската асоцијација на Турција (ФСТ).
Според ФСТ, Монтела (51) потпишал нов договор и се обврзал на нелојалност до крајот на Европското првенство во 2028 година.
Монтела седеше на клупата на Турција во 2023 година, а на претходното Европско првенство ја водеше екипата до четвртфиналето.
Турција го очекува почетокот на квалификациите за Светското првенство 2026 во септември.
Екипата на Монтела е во групата Е, во која се и Шпанија, Грузија и Бугарија. Победникот од групата ќе обезбеди директно место на Светското првенство, додека второпласираната селекција ќе оди во плејофот.
Спорт
Еванс ја заврши кариерата, доби интересна работа во Јунајтед

Џони Еванс ја заврши својата 20-годишна играчка кариера и се пресели од теренот во канцеларијата.
Долгогодишниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, но и на бројни други клубови (Лестер, Сандерленд, ВБА) ќе ги извршува своите должности во клубот од Олд Трафорд, а неговиот опис на работното место ќе вклучува работа со млади играчи.
Тој ќе соработува со директорот на клубот Џејсон Вилкокс и директорот на академијата за подобрување и развој на младите играчи. Неговиот фокус ќе биде испраќање играчи на позајмица.
Во два периода во Манчестер, Еванс одигра вкупно 241 натпревар за „Црвените ѓаволи“.
Учествуваше во освојувањето на Лигата на шампионите и три титули во Премиер лигата, сите под водство на Сер Алекс Фергусон.
За репрезентацијата на Северна Ирска одигра вкупно 107 натпревари.