Спорт
Спортски гест – Мбапе сака да ја подели „златната копачка“ со Бен Једер
Ѕвездата на Пари Сен-Жермен, Килијан Мбапе побара и напаѓачот на Монако, Висам Једер да ја добие „златната копачка“ во француската Лига 1, откако двајцата постигнаа по 18 голови во скратената сезона 2019/20, но Лига реши да му ја додели титулата само нему.
По прекинот на шампионатот, Пари Сен-Жермен беше прогласен за шампион трета година едноподруго, бидејќи имаа 12 поени предност пред Марсеј, по што го именуваше Мбапе како најдобар стрелец и покрај тоа што имаше идентичен број на голови како Бен Једер, со објаснување дека три од головите на фудбалерот на Монако биле постигнати од пенал.
Мбапе преку социјалните мрежи побара да му се даде дел од трофејот на Бен Једер, посочувајќи дека во 2018/19 во англиската Премиер лига наградата ја поделија Садио Мане, Мохамед Салах и Пјер-Емерик Обамејанг.
„Благодарам на пораките и честитките. Мислам дека Висам исто така заслужува трофеј, како што направија во Премиер лигата минатата година“, напиша Мбапе на Твитер.
??
Merci à tous pour vos messages.
Je pense par contre que Wissam aussi mérite un trophée, comme ça s’est fait en Premier League la saison dernière pour récompenser son année ??♂️…
? @WissBenYedder #UnTrophéePourWissam https://t.co/M3TA5Gd4SJ— Kylian Mbappé (@KMbappe) May 8, 2020
Иако двајцата постигнаа по 18 гола, Мбапе со „златната копачка“ пред Бен Једер!
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Дончиќ и Леброн, ја поништија маестралната партија на Марфи
Лос Анџелес Лејкерс ги победија Њу Орлеанс со 111:103, во еден од шестте натпревари одиграни изминатата ноќ во НБА лигата.
Лејкерс ја добија последната четвртина со резултат 32:17, кога го решија прашањето околу кончениот победник, откако Пеликанс во најголемиот дел од натпреварот водеа со 11 поени.
Лука Дончиќ, го реши натпреварот, погоди неверојатна тројка за 105:96 и со тоа ги згасна сите надежи на Њу Орлеанс.
Luka Doncic hits a ridiculous shot to beat the clock while falling out of bounds late in the 4th quarter, LeBron James headbutts him and falls into joy too (with replays)
Lakers and Pelicans commentaries pic.twitter.com/HwPzrxKd4b
— MrBuckBuck (@MrBuckBuckNBA) January 7, 2026
Дончиќ постигна 30 поени и додаде 10 асистенции, го што следеше Леброн Џејмс исто така со 30 поени, а Ејтон имаше 18 поени и 11 скока.
Кај Њу Орлеанс, Треј Марфи се истакна со 42 поени, а Зајон Вилијамсон имаше 15.
Резултати:
Минесота – Мајами 122:94
Индијана – Кливленд 116:120
Вашингтон – Орландо 120:112
Мемфис – Сан Антонио 106:105
Сакраменто – Далас 98:100
Foto/ EPA
Спорт
РФМ и Лазаров ја продолжија соработката до 2029 година
Ракометната федерација на Македонија ја информира јавноста дека со заедничка визија, доверба и јасна стратегија за развој на македонскиот ракомет, ја продолжува соработката со селекторот на машката сениорска репрезентација, Кирил Лазаров.
„Официјално, ќе ја продолжам соработката со тренерот на нашата машка сениорска репрезентација, Кирил Лазаров, со договор до 2029 година“, рече првиот човек на РФМ Александар Стефанов и дополни.
„Веруваме дека континуитетот и стабилноста се клучни за напредокот на репрезентацијата и на македонскиот ракомет во целина. Се надеваме на успешна и плодна соработка во наредниот период, во кој со заеднички труд, посветеност и јасна визија, ќе продолжиме да постигнуваме добри резултати и да го развиваме нашиот спорт.“
„На заедничко задоволство, ќе ја продолжам соработката со Ракометната федерација на Македонија. Водењето на репрезентацијата, особено во мојата земја, е голема чест и одговорност. Благодарен сум за довербата и поддршката што ми е укажана.“
Пред нас е период исполнет со сериозна работа, јасни цели и високи очекувања. Со заеднички труд, дисциплина и целосна посветеност, ќе продолжиме да работиме на напредокот на репрезентацијата и достојно претставување на Македонија, со фокус на стабилност и долгорочни резултати., рече селекторот Лазаров.
Foto/ EPA/Christopher Neundorf
Спорт
Чефениг победи во Бишофсхофен, Домен Превц ја освои Новогодишната турнеја
Словенецот Домен Превц влезе во историјата како трет Словенец, а втор член на семејството Превц, кој триумфираше на Новогодишната турнеја, Четири скокалници. Тој го освои Златниот орел, со освоени 1195,6 поени и беше подобар од Австријците Јан Херл (-42,3) и Стефан Ембахер (-45,0) во генералниот пласман.
Превц го освои второто место на последната скокалница, во Бишофсхофен со скокови од 138 и 138,5 метри кои „вредеа“ 299,8 поени, а минатогодишниот победник на турнејата, Даниел Чофениг, победи на последната станица од Турот. Австриецот застана на 137, а потоа на 140,5 метри, доволно за 303,9 поени.
Иако тоа не е вообичаена практика – Чофениг, како минатогодишен победник и победник во Бишофсхофен, му го врачи трофејот на 26-годишникот од Крањ, а подиумот во вторник вечерта го пополни Јапонецот Рјоју Кобајаши, трикратен победник на Четири скокалници, со 299,8 поени по скокови од 137 и 138 метри.
Ова е 12-ти пат Превац да освои место на подиумот по ред и 13-ти пат во оваа сезона во Светскиот куп.
Само во две изданија (на премиерата во Лилехамер, Норвешка, беше четврти, а три дена подоцна во Фалун, Шведска, беше на 13-то место) не се искачи на подиумот.
foto/ EPA

