Спорт
Србија со драматична победа, Карачиќ донесе прво ЕП за БиХ!
Србија и Босна и Херцеговина се пласираа на Европското првенство во ракомет во 2020 година, по победите во клучното последно коло за континенталниот шампионат, по што се познати сите 24 учесници.
Србија со тесна 32:31 победа над Швајцарија стана една од четирите третопласирани репрезентации кои обезбедија пласман на ЕП. Србите имаа и предност од пет голови (29:24), која им го носеше второто место на табелата, но следуваше голем пад во играта на тимот на Ненад Перуничиќ, и гостите поведоа со 31:30. По ова следуваше драмата, откако Немања Зеленовиќ го постигна победничкиот гол на 21 секунди пред крајот за 32:31 победа.
Босна и Херцеговина пак, првпат во својата историја се пласираше на едно Европско првенство, откако на гости во Острава стигнаа до 23:24 победа над Чешка. Одлучувачкиот гол го постигна Иван Карачиќ, најстариот брат на херојот на РК Вардар, Игор Карачиќ.
ЕП 2020 КВАЛИФИКАЦИИ, ПОСЛЕДНО, 6.КОЛО
ГРУПА 1
Германија – Косово 28:17 (16:5)
Полска – Израел 26:23 (10:11)
Табела: 1.Германија 12, 2.Полска 5, 3.Израел 4, 4.Косово 3
ГРУПА 2
Хрватска – Белгија 28:19 (15:9)
Србија – Швајцарија 32:31 (19:17)
Табела: 1.Хрватска 11, 2.Швајцарија 6, 3.Србија 6, 4.Белгија 1
ГРУПА 3
Македонија – Грција (13:11)
Исланд – Турција (12:9)
Табела: 1.Македонија 9, 2.Исланд 8, 3.Турција 4, 4.Грција 3
ГРУПА 4
Словенија – Естонија 32:28 (19:11)
Холандија – Летонија 25:21 (13:11)
Табела: 1.Словенија 10, 2.Летонија 8, 3.Холандија 6, 4.Естонија 0
ГРУПА 5
Белорусија – Финска 40:15 (20:8)
Чешка – Босна и Херцеговина 23:24 (10:11)
Табела: 1.Чешка 8, 2.Белорусија 8, 3.БиХ 8, 4.Финска 0
ГРУПА 6
Франција – Романија 34:25 (19:14)
Португалија – Литванија 28:28 (16:13)
Табела: 1.Франција 10, 2.Португалија 9, 3.Литванија 3, 4.Романија 2
ГРУПА 7
Унгарија – Италија 32:29 (16:14)
Русија – Словачка 30:20 (17:8)
Табела: 1.Унгарија 11, 2.Русија 9, 3.Италија 4, 4.Словачка 0
ГРУПА 8
Црна Гора – Украина 27:21 (15:7)
Данска – Фарски Острови 31:24 (17:13)
Табела: 1.Данска 10, 2.Црна Гора 7, 3.Украина 6, 3.Фарски Острови 1
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) „Граѓаните“ зачекорија во финалето на Лига купот
Фудбалерите на Манчестер Сити со „една нога“ се во финалето на Лига Купот на Англија, откако во првиот натпревар од полуфиналето го победија Њукасл на гостински терен со 2:0.
Херој на „граѓаните“ на „Сент Џејмс Парк“ беше Антоан Семењо, новодојденец од Борнмут кој го постигна вториот гол во вториот натпревар за Сити.
Се играше 53-та минута кога брзоногиот крилен напаѓач, на асистенција на Бернардо Силва, постигна гол и, веројатно, го реши ова полуфинале. Десет минути подоцна репрезентативецот на Гана постигна уште еден гол, истиот беше поништен од ВАр собата.
„Граѓаните“ ја потврдија победата и си обезбедија мирен реванш на домашен терен, кога Рајан Шерки постигна гол во 99-та минута.
Реваншот ќе се одигра на 4 февруари на стадионот „Итихад“ во Манчестер.
Лондонските ривали Челзи и Арсенал се среќаваат во второто полуфинале, а првиот натпревар е закажан за среда на стадионот „Стемфорд Бриџ“.
Спорт
Роџерс Мато има договор со Хартс
Фудбалерот на Вардар, Роџерс Мато, по завршувањето на сезоната ќе се пресели во челнот на Премиер лигата на Шкотска, Хартс.
Мато, во Хартс ќе се пресели како слободен играч, бидејќи договорот му истекува по завршувањето на сеозната. Трансферот на Мато го потврди шкотскиот клуб на официјалната интернет страница и социјалните мрежи.
Фудбалерот од Уганда со актуелниот лидер во Шкотска потпишал договор до јуни 2029 година.
Спорт
Мајкл Керик го презеде Манчестер Јунајтед
Неколку дена по оставката што му беше врачена на Рубен Аморим, Манчестер Јунајтед го објави неговиот наследник.
Како што беше објавено, клупата ќе ја преземе Мајкл Карик, кој ќе ги предводи „црвените ѓаволи“ во остатокот од сезоната.
„Мајкл Карик се врати. Нашиот поранешен капитен ќе биде наш главен тренер до крајот на сезоната 2025/26“, се вели во официјалното соопштение.
Карик одигра 464 натпревари за Јунајтед, освојувајќи пет титули во Премиер лигата, ФА Купот, два Лига Купа, Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Светското клупско првенство.
Тој се приклучи на првиот тим откако се пензионираше како играч во 2018 година и работеше под водство на Жозе Мурињо и Оле Гунар Солскјер.
По заминувањето на Норвежанецот, Карик го водеше тимот како вршител на должноста менаџер.
Поранешниот англиски репрезентативец последен пат беше вработен во Мидлсбро, кој го водеше две и пол години, од октомври 2022 година.
Foto/ depositphoto

