Спорт
Стеф Кари со прв меч од март, Вориорс тесно преку Нагетс

Голден Стејт вориорс и Денвер нагетс го одиграа својот прв меч од НБА пред-сезоната, во кој Вориорс стигнаа до тесна 107:105 победа, а својот прв меч од март го одигра Стеф Кари.
Кари последен пат играше на 5 март, враќајќи се по долгата пауза по скршеницата на дланката во октомври 2019 година, и го утна првиот обид, за на крајот да одигра 21 минута, постигнувајќи 10 поени (3-од-10 од поле), со две асистенции и две украдени топки.
Од другата страна, Никола Јокиќ за 22 минути имаше 26 поени, 10 скока и 5 асистенции. Резултатите од предсезоната секако, не значат многу, бидејќи тимовите уште го немаат фатено ритамот на натпреварувања.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Челси сериозно заинтересиран за голманот на Рома

Челзи е заинтересиран за трансфер на голманот на Рома, Миле Свилар. Во тековната сезона, Роберт Санчез и Филип Јоргенсен ротираат меѓу стативите на „сините“, додека минатата сезона во клубот беше и Ѓорѓе Петровиќ. Шпанскиот стручњак не е воодушевен од споменатите двајца, додека Србинот го испрати на позајмица во Стразбур.
Миле Свилар има 25 години, а на 28 натпревари во Серија А оваа сезона, 11 пати ја сочува мрежата и се наметна како еден од најдобрите голмани во лигата.
Рома му понуди нов договор и тоа се сметаше за завршена работа, но поранешниот играч на Андерлехт и Бенфика побара плата од 4.000.000 евра по сезона.
Челниците“ на Рома сметаат дека ова е нереално барање, па затоа Челзи би можел да ги искористи замрзнатите преговори. Покрај лондонскиот клуб, за услугите на Свилар се заинтересирани и Баерн и Монако, кои внимателно го следат развојот на настаните.
Спорт
Матео Ратеги нема да игра во двомечот против Германија

Фудбалерот на Аталанта, Матео Ратеги, нема да може да и помогне на италијанската репрезентација на претстојниот двомеч за опстанок во елитната дивизија од Лигата на нации против репрезентацијата на Германија.
Фудбалската федерација на земјата објави дека 25-годишниот напаѓач има проблем со повреда на ногата и поради тоа морал да го напушти тренинг-кампот на „азурите“.
„Матео повеќе не е во составот на италијанската репрезентација. Во средата лекарските прегледи покажаа дека има проблем со мускулот. Поради тоа нема да биде во тимот за мечевите против Германија“, соопшти националната федерација.
Отсуството на Ретеги претставува сериозен удар за селекторот Лучано Спалети. Ретеги е во актуелната сезона постигна 22 гола на 27 натпревари и е најдобар стрелец во Серија А.
Репрезентацијата на Италија во среда на 20 март на стадионот „Џузепе Меаца“ во Милано ќе го одигра првиот натпревар против Германија, а реваншот ќе биде в недела на во Дортмунд.
Спорт
Ристовски и Ќамили оптпаднаа поради повреди, Милевски го повика Тошевски
Извор/ ffm.mk
Селекторот на македонската репрезентација, Благоја Милевски после првиот тренинг се соочи со непланирани проблеми поради повреди на двајца фудбалери.
Милан Ристовски и Лирим Ќамили нема да бидат во составот на националниот тим за претстојните натпревари против Лихтенштајн и Велс.
Како замена, селекторот дополнително го повика Давид Тошевски од Австрија Клагенфурт.
Настапот на Стефан Ашковски останува неизвесен поради повреда на зглобот, а неговата состојба ќе биде дополнително проценета од медицинскиот тим.
Македонија на 22.март гостува во Лихтенштајн, а четири дена подоцна ќе го пречека Велс.