Спорт
Стеф Кари во храмот на кошарката влезе во историјата на НБА-лигата
Во храмот на кошарката „Медисон Сквер Гарден“ најдобриот шутер на сите времиња, Стеф Кари, влезе во историјата на НБА-лигата. Бекот на Голден стејт вориорс стана играч со најмногу постигнати тројки во историјата. Кари го урна рекордот на Реј Ален.
Кари рекордот го урна во првите пет минути од натпреварот со Њујорк никс. Погоди две тројки од три обиди. За да дојде до бројката од 2.974 му беа потребни 789 натпревари.
2974. (via @NBATV) pic.twitter.com/4t8K6q4dIz
— SLAM (@SLAMonline) December 15, 2021
Рекордот Кари го прослави во прегратките на својата мајка, потоа му честиташе и човекот чии рекорд го урна, Реј Ален.
Steph Curry hugs Ray Allen after breaking his three-point record ? pic.twitter.com/XsKci7cmLv
— NBA TV (@NBATV) December 15, 2021
На крајот не можеше да ги контролира емоциите, тој заплака на клупата.
An emotional moment for the greatest 3-point shooter in NBA history. pic.twitter.com/uctYRr5fer
— NBA TV (@NBATV) December 15, 2021
Кари има постигнато најмалку една тројка на 152 натпревари по ред, што е втората најдолга низа во НБА-историјата. И овој рекорд е во негова сопственост, постигнал најмалку една тројка на 157 натпревари по ред.
Дуелот со Њујорк Кари го заврши со 22 поени и пет постигнати тројки. Вориорси славеа против Никс со 105:96.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Дубаи има договор со најдобриот европски шутер
Кошаркарскиот клуб Дубаи сериозно се подготвува за новата сезона. Откако, како што објави „Естандо“, клубот постигна договор со Ели Окобо, договор за следната сезона има и Андреас Обст.
Договорот на германскиот „снајпер“ со Баерн истекува во јуни оваа година и се чини дека тој е подготвен да го нплати својот квалитет.
Обст кој наскоро ќе наполни 30 години, има просек од 15,5 поени по натпревар оваа сезона, а неговиот процент на шут за три поени е импресивни 41 процент.
Foto/ depositphotos
Спорт
Леброн: Не знам дали ќе играм следната година
Леброн Џејмс, еден од најдобрите кошаркари во историјата, ја игра својата 23-та сезона во НБА.
Асот на Лејкерси беше во центарот на вниманието на медиумите за време на Ол-стар натпреварот во Лос Анџелес, а главното прашање беше, секако, дали ќе игра следната сезона.
„Сакам да живеам. Кога ќе знам, ќе знаете и вие. Не знам во моментов. Немам поим“, истакна Џејмс.
Леброн има 41 година. Ова е последната година од неговиот договор со Лејкерси, во кој треба да добие 52,6 милиони долари.
„Целосно сум фокусиран на оваа сезона. Сакам да влеземе во плејофот и да се бориме за титулата. Се надевам само дека ќе останеме здрави, бидејќи тоа е предуслов за секој квалитетен настап“, заклучи Џејмс.
Foto/ depositphotos
Спорт
Капитенот на Њукасл на долга пауза поради повреда
Бруно Гимараеш од Њукасл Јунајтед ќе отсуствува околу два месеци откако заработи повреда на тетивата.
Фудбалерот од средниот ред се повреди за време на натпреварот од 26-то коло од Премиер лигата против Тотенхем. Њукасл славеше, а капитенот се повреди на самиот крај од натпреварот.
Ова беше негов втор натпревар откако се опорави од повреда на глуждот. Скенирањата потврдија дека Бразилецот го очекува подолга пауза, што е голем удар за Њукасл.
Њукасл ја победи Астон Вила во четвртото коло од ФА Купот, а следниот натпревар ќе го игра како гостин на Карабаг во првиот натпревар од плејофот за осминафиналето на Лигата на шампионите.
Тимот на Еди Хау е на 10-то место на табелата во Премиер лигата со 36 бода.
Foto/ depositphotos

