Спорт
Стеф подобар од Сет Кари, Леброн броеше до 39, одлични партии на играчите од Балканот
Голден стејт Вориорс и Финикс Санс ги продолжија победничките серии во НБА-лигата. Водечките екипи во лигата славеа во Фладелфија, односно Кливленд. Изминатата ноќ, Лејкерси, предводени од Леброј Џејмс, победија во Индијанаполис.
Вориорс ја победи Филаделфија 116:96 и покрај тоа што во втората четвртина имаше минус од 19 поени (35:54). Мечот мина во знакот на браќата Кари, Стеф за Вориорс забележа 25 поени и 10 асистенции, а Сет ја предвидеше Филаделфија со 24 поени.
Вориорс со скор од 16 победи и два пораза е лидер во лигата, веднаш зад него е Финикс Санс (15-3). Изминатата ноќ, предводени од Девин Букер (35 поени), Санс победи во Кливленд 120:115.
Леброн Џејмс се врати во тимот на Лејкер спо суспензијата за инцидентот во Детроит и го предводеше тимот со 39 поени.
Лејкерси, по едно продолжение, ги победија Индијана Пејсерс со 124:116.
Покрај Џејмс, кај Лејкерси се истакна и Расел Вестбрук со 20 поени, седум скока и пет асистенции.
Најдобар кај Индијана беше Малком Бронгдон со 28 поени.
Добри настапи за своите тимови изминатата ноќ имаа играчите од просторите на поранешна Југославија.
Јусуф Нуркиќ во поразот на Портланд од Сакраменто 121:125 забележа 28 поени и 17 скока.
Бојан Богдановиќ постигна 19 поени во триумфот на Јута Џез над Оклахома сити Тандер 110:104.
Никола Вучевиќ оствари дабл-дабл од 14 поени и 13 скока во поразот на Чикаго од Хјустон 118:113. Хјустон на овој начин ја прекина серијата од 15 порази.
Богдан Богдановиќ со 18 поени беше еден од најзаслужните за победата на Атланта во Сан Антонио 124:106.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Лил ја згасна Звезда
Фудбалерите на Лил триумфално го завршија натпреварот во Белград. Надополнија минус од еден гол, и по продолженијата со 2:0 славеа на „Рајко Митиќ“.
Дека Црвена звезда ќе има тешка вечер, навести ветеранот Оливие Жиру со голот во четвртата минута. Лил ја анулира предноста на противникот и потоа доминираше во првиот дел, но резултатото не се промени.
Второто полуврме донесе подобра игра на домаќинот, неколку шанси, без реализиција, па натпреварот замина во дополнителните 30 минути.
Таму на црвено-белите им пресуди Ендој во 99-та минута.
Лил во осминафиналето ќе игра против Лион или Астон Вила.
Foto/ Starsport
Спорт
Убедлив пораз на Шкендија кај Самсунспор
Фудбалерите на Шкендија го завршија својот настап во Конференциската лига. Вечервва, во рамките на плејофот за место во осминафиналето, Шкендија загуби со 4:0 кај Самсунспор. Турскиот тим со вкупен резултат 5:0 се пласира во следната фаза.
Шкендија успеа да издржи во првиот дел, но во вториот домаќинот ја демонстрираше својот квалитет.
Нтчам од пенал погоди во 53-та минута, а Ендиај го зголеми резултатот во 71-та. Точка на победата стави стрелецот на голот во Скопеј, Мариус во 79-та и 92-та минута.
EPA/GEORGI LICOVSKI
Спорт
Челзи или Баселона – Луис Енрике откри со кого сака да се соочи
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, повеќе би сакал да се соочи со Челзи отколку со Барселона во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Актуелниот првак немаше лесна задача во баражот, но успеа да го елиминира Монако. Утре ќе го дознае противникот во осминафиналето.
„Ќе бидам целосно искрен, нека Барселона не заобиколи овој пат. Веќе реков дека сакам повторно да играм против Челзи. Овој пат не сакам да играм против Барселона. Од емотивна страна, дуелот со Барса е секогаш посебен за мене, бидејќи е убаво да се вратиш дома. Барселона е прекрасна и многу посебна за мене. Затоа би сакал да играм против Челзи, ни должат, рече Луис Енрике.
Шпанецот алудираше на поразот во финалето на Светското клупско првенство во кое Челзи победи со убедлив резултат од 3:0.
Ждрепката за осминафиналето од Лигата на шампионите е закажана за петок во 12:00 часот.
Foto/ depositphotos

