Спорт
Стерлинг станува „топчија“?

Англиските медиуми денеска објави вест дека напаѓачот на Манчестер Сити, Рахим Стерлинг на крајот на сезонава го напушта англискиот шампион.
Иако немаше завидна минутажа, Стерлинг и сезонава одигра квалитетно.
Познато е дека менаџерот Пеп Гвардиола ротира со играчите, па сите добиваат шанса за настап, па поради тоа минутажата на англискиот репрезентативец сезонава е помала од вообичаено.
26-годишниот фудбалер има договор уште две години со „граѓаните“, но информациите се дека летово ќе си оди од „Итихад“.
Се шпекулира дека лондонски Арсенал е подготвен Стерлинг да го види во своите редови.
“Daily Star” објави дека голгетерот ќе е главната мета на „топчиите“ во јунскиот преоден рок, пред се поради тоа што буџетот на клубот е растоварен од високата плата на Месут Озил.
Останува отворено прашањето дали фудбалерот ќе сака да прејде во Лондон во клубот кој не обезбеди излез во фудбалска Европа за идната сезона.
Без денешното финале во ЛШ Стерлинг сезонава одигра 48 меча во сите натпреварувања, постигна 14 гола и имаше 12 асистенции.
Raheem Sterling is at the top of Arsenal's transfer wish list this summer and the Gunners are planning to offer a mouth-watering bid for the England star. (Source: Daily Star) pic.twitter.com/zPhDCXHlkF
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) May 29, 2021
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Ѓоковиќ со мали проблеми успешно стартуваше на Вилблдон

Фото/ EPA/NEIL HALL
Новак Ѓоковиќ успешно го помина првото коло на Вимблдон по 20-ти пат во својата кариера.
На почетокот од турнирот, кој го освои седум пати, шестиот играч во светот го победи Александер Муле со 3-1, во сетови 6:1, 6:7 (7), 6:2, 6:2.
Новак се мачеше во одредени моменти, му подаруваше поени на својот ривал, бараше медицински тајм-аут, но по речиси три часа и 20 минути игра, забележа победа.
Првиот, третиот и четвртиот сет минаа во доминација на Ѓоковиќ. Српскиот тенисер самиот си направи проблеми во вториот сет. Ѓоковиќ пропушти дури 11 брејк топки и шест сет топки за предност од 2:0, а во тај-брејкот испушти предност од 5:2 и буквално му го подари сетото на Муле, 41-ви на АТП листата. .
Ѓоковиќ во второто коло ќе игра против домашниот тенисер, Даниел Еванс.
Спорт
(Видео) Гонзало Гарсија го одведе Реал во четвртфиналето

Фото/ EPA/CRISTOBAL HERRERA-ULASHKEVICH
Фудбалерите на Реал Мадрид се пласираа во четвртфиналето на Светското клупско првенство во САД по минималната победа над Јувентус.
Дерби натпреварот од оваа фаза од натпреварувањето, одигран на стадионот „Хард Рок“ во Мајами, заврши со резултат 1:0 (0:0). Стрелец на единствениот гол беше Гонзало Гарсија во 54-та минута.
Реал Мадрид се пласираше во осминафиналето како победник во Групата Х, додека Јувентус заврши втор во Групата Г зад Манчестер сити.
Во првото полувреме немаше голови, иако играчите на двата тима имаа шанси во неколку ситуации, пред сè Рендал Коло Муани (Јувентус), Џуд Белингам и Феде Валверде (двајцата Реал Мадрид).
Во продолжението, се започна со иницијатива на шпанскиот тим (шанси на Белингам и Хујсен), а во 54-та минута, конечно беше затресена италијанската мрежа: Стрелец беше 21-годишниот напаѓач Гонзало Гарсија Торес, кој сè повеќе му се наметнува на Чаби Алонсо.
Тој скокна високо по центаршутот на Трент Александар Арнолд и го совлада одличниот голман Микеле Ди Грегорио.
Тоа беше неговиот трет гол и сега е најдобар стрелец на Реал на Светското клупско првенство.
Реал имаше повеќе можности во остатокот од натпреварот, но Ди Грегорио повторно се истакна и ги сопре обидите на Валверде, Арда Гулер и Чуамени.
Реал Мадрид ќе игра во четвртфиналето на 5 јули во Њу Џерси против победникот од последниот осминафинален натпревар помеѓу Борусија Дортмунд и Монтереј. Таа средба започнува во три часот по полноќ.
Сите четвртфинални парови
4 јули, Пасадена: Палмеирас (Бразил) – Челзи (Англија)
4 јули, Орландо: Флуминенсе (Бразил) – Ал Хилал (Јужна Арабија)
5 јули, Атланта: ПСЖ (Франција) – Баерн (Германија)
5 јули, Њу Џерси: Реал (Шпанија) – Дортмунд (Германија) / Монтереј (Мексико)
Спорт
Ден полн со големи изненадувања: Зверев и Коко Гоф си одат дома

Foto/ EPA/DANIEL HAMBURY
Вториот ден од Вимблдон донесе голем број интересни натпревари, но и неколку изненадувања. Сензационални елиминации доживеаја третиот носител кај мажите, Александар Зверев и втората носителка во женска конкуренција Коко Гоф.
Во натпревар што траеше два дена, Артур Риндеркнеч го победи третиот играч во светот, Александар Зверев со 7:6 (3), 6:7 (8), 6:3, 6:7 (5), 6:4 по четири часа и 42 минути игра. За неверување е податокот францускиот тенисер не му дозволи на Зверев ниту една брејк топка.
Дарија Јастремска направи големо изненадување елиминирајќи ја втората тенисерка во светот, Коко Гоф. Украинката, која моментално е 42-ра на ВТА листата, против актуелната шампионка на Ролан Гарос славеше со 7:6 (3), 6:1 за прв триумф против Американката, во нивниот четврти меѓусебен дуел.
Негова следна противничка ќе биде Захарова.