Спорт
Стивен Џерард ќе му ја спасува кариерата на Лингард

Англискиот фудбалер Џеси Лингард, по разочарувачката сезона во Нотингем Форест, летово тренираше во со Вест Хем, сега е во Ал-Етифак каде настојува да потпише договор.
Овој судиски клуб од клупата го води легендарниот Стивен Џерард.
Договорот е Лингард да тренира со тимот еден месец, по што клубот, а пред се Џерард ќе одлучат дали ќе му понудат соработка на поранешниот напаѓач на Манчестер јунајтед.
Кариерата на Лингард веќе долго време е во пад, а тоа го потврди и неговиот престој во Форест, каде на 22 натпревари не постигна ниту еден гол, поради што „шумарите“ се разделија со него.
Сега, по еден месец тренинзи во Вест Хем, тој бара начин да се врати на големата сцена, но по заобиколен пат, преку Саудиска Арабија.
Foto/ EPA
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Погачар го освои Тур д’Франс по четврти пат

Словенецот Тадеј Погачар е победник на 112-то издание на најпрестижната велосипедска трка во светот, Тут Д’Франс. Словенецот четврти пат во кариера победи на трката околу Франција.
Победник на последната етапа од овогодинешната Тур Д’Франс е Ваут ван Ерт, кој го престигна Погачар на третата раскрсница од последната етапа и беше првиот што помина низ Триумфалната капија во Париз.
Второто место му припадна на Италијанецот Давиде Балерини, додека Словенецот Матеј Мохориќ ја заврши етапата на третото место.
Победникот, Тадеј Погачар, го освои четвртото место во последната етапа. Претходно Погачар победи на тур Д4Франс во 2020, 2021 и 2024 година.
Поради исклучително лошите временски услови, организаторите мораа да ја скратат и последната етапа, но исходот од последната етапа не можеше да влијае на конечниот исход.
Погачар стана втор возач со четири победи на Тур Д ‘Франс, заедно со Крис Фрум. Жак Анкетил, Еди Меркс, Бернард Хино и Мигел Индуреин победиле пет пати.
💛 Si alguien tenía que robarle la foto para la eternidad a Pogacar de ganar en París vestido de amarillo tenía que ser él.
Qué salvajada de Wout van Aert. En último paso por Montmartre dejó sin respuesta a Tadej.
El ciclismo sonríe por verle a ese nivel pic.twitter.com/SOMYiZPj7x
— Alberto Marcos Gallego (@albermg) July 27, 2025
Спорт
Англичанките ја одбранија европската титула

Женската фудбалска репрезентација на Англија е шампион на Европа. Во големото финале на Европското првенство во Базел, Англија ја победи Шпанија. По 90 минути резултатот беше 1:1. И по 120 минути резултатот беше ист, 1:1, на крајот Англија победи со 3:1 на пенали.
Шпанките ја пропуштија можноста да ја комплетираат „триплетa“, бидејќи ги имаат титулите од Светското првенство и Лигата на нации, додека Англија ѝ се одмазди на Шпанија за поразот во финалето на Светското првенство во Сиднеј од пред две години.
Апсолутен херој на Англија е младата голманка Хана Хемптон, која во одбрани три пенали.
Во историјата влезе и селкторката Сарина Вигман, која е третата во историјата со три последовни титули на Европските првенства. Пред неа, тоа го постигнаа Џеро Бизанц (1989, 1991 и 1995) и Тина Тун (1997, 2001 и 2005) – обете со Германија. Вигман беше европски шампион со Холандија, а сега двапати со Англија.
Фото/ Принскрин
Спорт
Две лица загинаа на рели

Двајца гледачи загинаа, а еден беше тешко повреден во несреќа што се случи за време на релито во Пуи-де-Дом во Франција.
Француската полиција објави дека за време на релито во близина на Амберт во централна Франција, еден од автомобилите излетал од патеката и удрил во гледачите.
Две лица загинале на лице место, а еден гледач бил тешко повреден и префрлен со хеликоптер во локална болница.
„Несреќата се случила околу 10:30 часот наутро во Ле Крос. Автомобилот излетал од патот. Две лица загинале, едно е префрлено со хеликоптер во болница. Другото лице, возачот на автомобилот, претрпел полесни повреди и е префрлен во болницата Амберт. Седум други лица претрпеле шок, но не се повредени“, објавија организаторите.
Фото/ Принскрин